Спорт
Тина Мазе победи во последниот слалом

Словенката Тина Мазе триумфираше на последната слаломска трка за жени од светскиот куп оваа сезона во Лензерхајде. Во двете возења таа имаше вкупно време од 1:29,33 минута.
Словенката Тина Мазе триумфираше на последната слаломска трка за жени од светскиот куп оваа сезона во Лензерхајде. Во двете возења таа имаше вкупно време од 1:29,33 минута.Втора беше Марлиз Шилд од Австрија со само 5 стотинки заостанување, а трета Вероника Зузулова од Словачка (+0,64 сек.). Марија Риш со пласман на 4 место ја помина во генералниот пласман Линдзи Вон која беше 13-та во слаломот за 3 бодови, а до крајот останува само уште една велеслаломска трка.По оваа трка Марлиз Шилд го освои малиот кристален глобус во слалом.Резултати:1.Тина Мазе 1:29,332.Марлиз Шилд (+ 0,05)3.Вероника Зузулова (+0,64)4.Марија Риш (+0,64)5.Марија Пјетра Холмер (+0,67)Конечен пласман слалом:1.Марлиз Шилд 680 бодови2.Тања Путаинен 5113.Марија Риш 470Генерален пласман:1.Марија Риш 1.728 бодови2.Линдси Вон 1.7253.Тина Мазе 1.139крај/макфакс/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ал Наср доцна ги доставилe документите, пропадна трансферот на Лапорт во Атлетик Билбао

Ајмерик Лапорт, по осум години, сње врати во Атлетик Билбао, но ситуацијата со трансферот се искомплицира.
Дефанзивецот потпиша тригодишен договор со баскискиот клуб, но Ал Наср задоцни со документацијата, па трансферот не помина навреме низ TМС.
ФИФА и ФФ на Шпанија сега ја разгледуваат документацијата и ги бараат причините за доцнењето на клубот од Саудиска Арабија.
Трансферот на францускиот фудбалер со шпански пасош сега официјално пропадна, но тој се надева дека ФИФА ќе пронајде грешка и последователно ќе ја прифати неговата регистрација.
Не е јасно зошто Ал Наср доцнеле со документацијата, јасно е само дека клубот од Саудиска Арабија направил огромна грешка.
Слична ситуација се случи и со Давид Де Хеа, чиј трансфер од Манчестер јунајтед во Реал Мадрид пропадна во 2015 година поради доцнење со документацијата.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Ѓоковиќ посилен од Фриц и публиката во Њујорк

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Отвореното првенство на САД со победа од 3:1 над Тејлор Фриц (6:3, 7:5, 3:6, 6:4).
Ова беше 11-та средба меѓу овие двајца ривали и 11-та победа за Ѓоковиќ.
Во мечот што траеше три часа и 27 минути, Србинот беше подобар, не само против четвртиот играч на планетата, туку и против домашната публика, која повторно одигра улога во обидот да му го одвлече вниманието.
Entertainment factor 📈
Djokovic saves break point and comes out on top of a 25-shot rally. pic.twitter.com/qW14CN0nus
— US Open Tennis (@usopen) September 3, 2025
Голема борба се одвиваше во третиот сет, кој Новак подоцна го загуби, но во четвртиот успеа да ја заврши работата и да се пласира во четвртото полуфинале на Гренд слем во 2025 година.
Таму ќе го чека Карлос Алкараз, кој претходно беше убедлив против Јиржи Лехечка (6:4, 6:2, 6:4), а потоа изјави дека сака да му се одмазди на Ѓоковиќ.
this umpire needs to kick rocks pic.twitter.com/ZSCMJm8vuQ
— kim🤍 (@kimdfwu_) September 3, 2025
Мечот го обележаа 10 неискористени брејк топки на фриц во првиот сет и „војната“ на домашната публика со Ѓоковиќ, која немаше друг избор освен да ги провоцира, па дури и да ги поздрави промашените први сервиси на Новак во третиот сет, кој подоцна Фриц го доби.
Впечатливо е што Ѓоковиќ никогаш во својата кариера не загубил четвртфинале на Отвореното првенство на САД.
Novak Djokovic has never lost a US Open quarterfinal! pic.twitter.com/jtEOiXukr1
— US Open Tennis (@usopen) September 3, 2025
По мечот со посебна кореографија и го честиаше роденденот на ќерката Сара, која го прослави осмиот роденден.
Foto/ EPA
Спорт
Галатасарај го купи голманот на Трабзон за 33 милиони евра

Сензационална вест од Турција. Шампионот Галатасарај го доведе репрезентативниот голман Угурџан Чакир од Трабзонспор за 33 милиони евра.
Галатасарај го сакаше светскиот шампион Аргентинецот Емилијано Мартинез од Астон Вила и не успеаја да го добијат. Го сакаа и Бразилецот Едерсон од Манчестер сити, него пред нос им го „украде“ градскиот ривал Фенербахче.
Кога извисија за Мартинес и Едерсон, челниците на Галатасарај се налутија и го отворија кесето за моментално најдобриот турски голман и репрезентативец, Угурџан Чакир. Тие му платија на Трабзонспор неверојатни 33 милиони евра за неговиот трансфер!
Галатасарај ја потврди оваа бројка на официјалната веб-страница, вкупно 27 милиони евра плус остатокот во бонуси.
Фото/ Принтскрин