Свет
Полномошникот на Димов ја обвинува УЈП дека не е испочитувана процедурата
Управата за јавни приходи не ја испочитувала процедурата при изготвувањето
на решението за поранешниот министер за здравство, Владо Димов, кој се товари
за затајување данок во вкупна вредност од околу 780 илјади евра
Управата за јавни приходи не ја испочитувала процедурата при изготвувањето
на решението за поранешниот министер за здравство, Владо Димов, кој се товари
за затајување данок во вкупна вредност од околу 780 илјади евра. Правниот
полномошник на Димов, познатиот адвокат Јово Трпеноски, кој во минатиот состав
на Антикорупциската комисија беше нејзин член, а своевремено и јавен обвинител,
вели дека УЈП не им го врачила решението за плаќање данок, како и дека поканата
за распит сопругата на Димов ја примила со еден ден задоцнување од закажаниот
термин. Од УЈП нагласуваат дека на нивните решенија, Димов, како и секоја друга
странка, има право на жалба, а доколку не се задоволни од одлуките на
даночниците, можат да се жалат и до Второстепената комисија при Министерството
за финансии. Иако не е јасно како ќе може да се упати жалба на решение што не е
примено.
Трпеноски вели дека на Димов му се заканува одземање на имотот без да се
испочитуваат правните процедури, како и дека има докази за изворите на приходи
на неговиот штитеник. Тој објаснува дека Димов, како и секој функционер, треба
да пополни анкетен лист за неговата имотна состојба и за неговото потесно
семејство и, доколку има измена, таа треба да се пријави во рок од 30 дена. Во
случајот со Димов немало промени во двата анкетни листа што се поднесуваат на
почетокот и по завршување на функцијата. „Овие податоци ги испитува
Антикорупциската комисија, која доколку констатира неправилности, пред да го
пријави случајот во УЈП, треба да го повика подносителот на пријавата на
распит. Тоа не е сторено“, вели Трпеноски, додавајќи дека, наместо покана за
распит, веднаш се носи решение со казнени мерки. Според Трпеноски, поканата за
распит била испратена по пошта, а сопругата на Димов ја примила на 5 јуни,
додека распитот бил закажан еден ден претходно, односно на 4 јуни. На поканата
било посочено дека во случај на отсуство или доколку повиканиот не може да
дојде, треба да се пријави тоа на одреден телефон. Полномошникот Трпеновски се
јавувал три дена едноподруго на посочениот телефон за да ги извести надлежните
дека Димов има платено отсуство од една година, што тече од септември 2006
година, за што од Клиниката за дигестивна хирургија има решение. Меѓутоа, на
телефонот никој не одговарал, па Трпеноски на 7 јуни лично го доставил
известувањето до УЈП со укажување ако треба комуникација со Димов, таа ќе се
одвива преку него како полномошник. Не им била дадена никаква можност да се
презентираат документите, туку веднаш било изготвено решение, за кое во
јавноста се шири дека е доставено, што, според Трпеноски, не е точно. Затоа,
смета Трпеноски, ова е атака врз личноста на Димов.
Од УЈП појаснуваат дека износот за кој се товари Димов, даночниците го
пресметале врз основа на проверката на поднесената годишна даночна пријава за
персонален данок на доход. Според постојната практика, откако ќе се испрати
решението, се оставаат три дена рок за негово примање, а потоа течат 15 дена за
одговор. УЈП првично отвори шеесетина постапки за неплатен данок, но, како што
појаснуваат од оваа институција, секој од овие предмети отворил нови три или
четири случаи кои биле поврзани со постојните. Данок од 140 илјади евра плати
кардиологот Борче Петровски. УЈП побарува данок и од судијката Снежана
Попчевска и од градоначалничката Виолета Аларова, кои поднеле жалби, но тие не
биле прифатени.
Имотната состојба на Димов уште пред две недели беше јавно објавена во
Собранието, кога пратеникот Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ ја процени на два
милиона евра. Ѓорчев праша дали е точно тоа дека Димов има депозит од околу 400
илјади евра во Ситибанк во Грција, 33 илјади долари во банка во Виена и 18
илјади евра во Комерцијална банка. Од пратеничкото прашање произлегува дека
Димов располага со имот од 6.790 квадратни метри во Нерези, проценет на 135
илјади евра, четири стана во Скопје,.удел во фирмата „Бусамак“ ДОО од 168
илјади евра, како и побарувања од едно физичко и едно правно лице од вкупно 190
илјади евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Американски специјалци упаднаа во уште еден танкер, објавена е снимка
Американските сили ја презедоа контролата врз танкер за нафта во Карипското Море, соопшти војската.
Моторниот брод „Сагита“ ја прекрши блокадата што ја воведе претседателот Трамп врз санкционираните танкери, објави Јужната команда на САД (SOUTHCOM) на платформата X.
Through #OpSouthernSpear, the @DeptofWar is unwavering in its mission to crush illicit activity in the Western Hemisphere in partnership with @USCG, @DHSgov and @TheJusticeDept.
This morning, U.S. military forces, in support of the Department of Homeland Security, apprehended… pic.twitter.com/UPADtiw681
— U.S. Southern Command (@Southcom) January 20, 2026
САД се решени да „обезбедат единствената нафта што ја напушта Венецуела да биде онаа што е координирана на соодветен и законски начин“, соопшти САУТКОМ, додавајќи дека операцијата е спроведена „без инциденти“.
Свет
(Видео) Трамп го прашаа колку далеку е спремен да оди за Гренланд: „Ќе дознаете“
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера одби да прецизира колку далеку е спремен да оди во својот обид САД да го добијат Гренланд, откако новинарите го прашаа за тоа на брифингот во Белата куќа по повод неговата прва година на функцијата.
REPORTER: "How far are you willing to go to acquire Greenland?"
TRUMP: "You'll find out." pic.twitter.com/pWN8YC8GFS
— Fox News (@FoxNews) January 20, 2026
„Ќе дознаете“, одговори Трамп отсечно кога го прашаа колку далеку е спремен да оди Вашингтон во процесот.
Неговите коментари доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу САД и Европа, бидејќи Трамп повторно го засили притисокот околу Гренланд, наведувајќи безбедносни проблеми и се закани дека ќе воведе нови царини за европските земји.
Претседателот на САД најави царина од 10 проценти за стоки од осум европски земји додека не се постигне договор за она што тој го нарече „целосно купување на Гренланд“.
Европа
(Видео) Нова железничка несреќа во Шпанија: машиновозачот загина, 37 повредени
Машиновозачот загина, а најмалку 37 лица се повредени во железничка несреќа во близина на Барселона.
Според локалните власти, возот Родалиес удрил во потпорен ѕид што се урна на пругата помеѓу Гелида и Сант Садурни. Се верува дека четири лица се во критична состојба, изјави портпаролот на регионалната противпожарна служба, Клауди Гаљардо, за новинарите.
Единаесет амбулантни возила се испратени на местото на несреќата во Гелида, околу 35 километри западно од Барселона, потврдија службите за итни случаи. Локалната противпожарна служба соопшти дека 35 противпожарни екипи се испратени на местото на несреќата.
Повредените се однесени во блиските болници. Лошото време го стави поголемиот дел од брегот во источна и северозападна Шпанија под висока тревога. Снежни бури беа пријавени и во шпанските Пиринеи, а силни бури беа пријавени покрај брегот на Менорка, каде што брановите достигнаа висина од неколку метри.
Несреќата во Каталонија се случи само два дена по сериозниот судир помеѓу два брзи воза во Адамуз, Андалузија. Најмалку 42 лица загинаа во таа несреќа кога вагоните на воз што се движеше кон Мадрид излетаа од шините, преминаа на спротивната пруга и се судрија со брз воз што доаѓаше од спротивната насока.

