Свет
Поништени споменичните својства на "Кермес"
Кермес е урнат, нема споменик и затоа нема што да
се заштитува, велат од Управата
УПРАВАТА ЗА ЗАШТИТА НА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО СМЕТА ДЕКА НЕМА ШТО ДА ШТИТИ ВО
ГРАДСКИ ПАРК
Кермес е урнат, нема споменик и затоа нема што да
се заштитува, велат од Управата
Управата за заштита на културно наследство подготвува решение со кое ќе се
поништат својствата на споменик на културата на "Кермес" во Градски
парк. Според директорот на Управата за заштита на културно наследство Паско
Кузман, во Градски парк нема што да се штити.
"Управата еднаш даде писмена изјава во која се вели дека таму нема
споменик на културата. Во постапка е подготвувањето на решението за поништување
на споменичните својства на ‘Кермес’, бидејќи таму нема споменик, урнат е и
нема што да се штити. Друг е моментот што таму се дадени поголеми габарити и
дозвола за хотел. За таа работа не може да одговара Управата", вели Кузман.
Токму заштитата на "Кермес" како споменик на културата беше основата
на која Министерството за транспорт и врски лани и наложи на Општина Центар да
ја повтори постапката за издавање градежна дозвола за новиот објект во Градски
парк и да ја запре неговата изградба. Годинава во март Министерството, поради
правни пропусти, и наложи на Општина Центар уште еднаш да ја повтори
постапката, но набрзо потоа и ги одзеде ингеренциите од областа на
градежништвото и урбанизмот.
Од Министерството за транспорт и врски не добивме одговор што направиле за овие
три месеци додека ингеренциите беа кај нив, туку упатуваат дека за
"Кермес" треба да одговори Општина Центар бидејќи и се вратени
ингеренциите.
Швајцарската фирма ГОФИ, која е инвеститор на "Кермес", подготвува
тужба со која ќе бара од надлежните надомест за штетата која им е нанесена од
неколкумесечниот прекин на градењето. Емил Ханџиски, управител на фирмата
"Кермес", која е застапник на швајцарската ГОФИ, вели дека ако
инвестицијата во Градски парк е околу 3 милиони евра, за овие седум месеци,
колку што е запрена градбата, штетата секој ден е се поблиску до оваа бројка. (Е.А.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Украина ги повлекува тенковите Абрамс од борба: Пет од нив веќе се уништени во руските напади
Украина ги повлече од борбата тенковите Абрамс М1А1 испратени до неа од САД, делумно затоа што нападите со руски беспилотни летала ја попречија работата на тие тенкови и затоа што тие се цел на напади, изјавија за АП двајца американски воени претставници.
Засега, тенковите се преместени од првите линии на фронтот, а САД ќе соработуваат со Украинците за да најдат нова тактика за користење на тие тенкови, изјавија заменик-претседателот на Здружениот генералштаб, адмирал Кристофер Грејди и неименуван претставник на одбраната.
САД одобрија испраќање 31 тенк Абрамс во Украина во јануари 2023 година, откако украинските власти побараа нивна испорака, тврдејќи дека тенковите, кои чинат по околу 10 милиони долари, се од витално значење за пробивање на руските борбени линии.
Оттогаш фронтот значително се промени, особено поради употребата на руски извидувачки беспилотни летала, што им отежна на украинските сили да ги заштитат тенковите Абрамс од руски напади, бидејќи беспилотните летала брзо ги откриваат, наведува АП.
Агенцијата додава дека пет од 31 тенк Абрамс веќе се уништени во руските напади.
Свет
Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека сојузниците ќе мора повеќе да се ангажираат за Киев да ја добие поддршката што ја вети Алијансата.
Во четвртокот, на состанокот на непрофитната организација „Атлантски мост“ во Берлин, Столтенберг рече дека членките на НАТО сега треба да го претворат она што и го ветија и обврзаа на Украина во итна испорака на оружје и муниција, објави Киев Индипендент.
„Во последните месеци, членките на НАТО не ја дадоа поддршката што ја ветија“, рече Столтенберг.
Свет
Во Аргентина откриен нов вид диносаурус
Аргентинските палеонтолози објавија дека откриле нов вид диносаурус, наречен Chakisaurus nekul, кој живеел пред околу 90 милиони години во областа на денешна Патагонија.
Chakisaurus nekula е тревојаден диносаурус со средна големина, а фосилот е пронајден во природниот резерват Пуебло Бланко, во јужната провинција Рио Негро, каде што претходно биле пронајдени бројни остатоци од други диносауруси, цицачи и риби.
Се смета дека најголемиот чакисаурус достигнал големина од три метри во должина и 70 сантиметри во висина, а новите студии покажуваат дека овој тип на диносаурус трчал брзо и имал невообичаено закривена опашка, наведува Ројтерс.