Македонија
Станојковски: Отворање 1.350 нови работни места
Досега од Европската инвестициска банка одобрени се 35 милиони евра за финансирање на малите и среди претпријатија, изјави за Макфакс Александар Станојковски, директор за кредитирање и гаранции при Македонската банка за поддршка и развој
Разговарала: Маја Трајковска
На колку фирми досега им се одобрени кредити и во колкава вредност ?- Македонската Банка за поддршка и развој (МБПР) преку реализација на 12 кредитни програми во моментот има кредитни пласмани во износ од 92 милиони евра при што како крајни корисници се јавуваат повеќе од 1.200 микро, мали и средни компании и извозни компании со седиште во Р.Македонија.Во кои сектори најчесто се одобрени кредити?- По гранки одобрени кредити се во прехранбената индустрија 8,1 отсто, текстилна индустрија 8 отсто, потоа графичка индустрија и градежништво, производство на мебел и производи од дрво , земјоделство и сточарство, а има и во производство на хемиски производи како и во медицина и во образование. Поддржани проекти за компании со седиште во Скопје се 40 отсто од вкупниот број на проекти додека останатите 60 отсто од вкупниот број на поддржани проекти се на компании со седиште надвор од Скопје.Кој ги контролира одобрените средства и дали се контролира како се трошат парите?- Договорите за кредит крајните корисници ги склучуваат со деловните банки учеснички кои ја вршат и првичната контрола на наменското користење на средствата т.е. дали средствата се искористени за намената за која биле побарани. На пример, ако се работи за инвестиција за набавка на опрема, банката средствата преку своите инструменти (СВИФТ плаќање) во име на инвеститорот и согласно договорите за купопродажба и фактурата го врши плаќањето. Со тоа банката е сигурна дека средствата се уплатени наменски за набавка на специфицираната опрема согласно утврдените договори, фактури и програма.Колку досега транши се одобрени и во колкава вредност?- Досега беа одобрени 35 милиони евра од ЕИБ и повлечени во четири транши. МБПР прави припрема за повлекување на петта транша. Веќе располага со одобрени барања во износ од 12 милиони евра, а минималниот износ за повлекување од ЕИБ е 3 милиони.Колку досега работни места се отворени со кредитите?- Согласно доставената проектна документација за веќе одобрените 159 проекти се очекува да се отворат 1.350 нови работни места. Со оглед дека најголем дел од инвестициите се во фаза на реализација, изградба на објекти, набавка и инсталирање на опрема, пробно производство, отворањето на новите работни места во моментот се одвива со соодветна временска динамика.До каде е процесот за вашата банка директно да го кредитира стопанството, зошто сеуште ја немате таа можност?- Со законот за МБПР кој што стапи во сила во септември 2009 година е предвидено МБПР своите активности да ги врши преку други банки или небанкарски институции или директно. Со тоа на МБПР и се даде можност директно да презема кредитен ризик. Па така, МБПР во изминатиот период ја прошири својата активност во делот на директно преземање на кредитен ризик по основ на трговско кредитно осигурување кај компании кои имаат домашни или побарувања од странство.Дали сте задоволен од интересот на компаниите?- Мислам дека ова прашање пред се треба да се одговори од банките учеснички кои имаат директен контакт со крајните корисници, но сепак би сакале да нагласиме дека сите кредитни барања доставени до деловните банки се одобрени од ЕИБ. Исто така би сакале да напоменеме дека условите под кои се одобруваат кредитите од ЕИБ кредитната линија, се едни од најповолните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДУИ за една изборна единица со праг од 5 проценти, за укинувањето на техничката влада предложи консултација со ЕУ и САД
Претседателот на Демократска унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, по лидерската средба изјави дека партијата се залага за една изборна единица со изборен праг од пет проценти и со отворени листи.
Во однос на иницијативата на премиерот Христијан Мицкоски за укинување на техничката, односно Пржинската влада, Ахмети рече дека е потребна дополнителна консултација со Европска унија и Соединети Американски Држави, како коавтори на моделот.
Во врска со измените на Изборниот законик, Ахмети посочи дека ДУИ ги презентирала своите предлози и дека прашањето останува отворено за понатамошни дискусии.
Околу изборот на Народен правобранител, Ахмети изјави дека побарал дополнителни консултации, нагласувајќи дека не бил обезбеден потребниот консензус. За законите за „Сејф сити“, за кои е потребно Бадентерово мнозинство, Ахмети рече дека координаторите на пратеничките групи треба да изнајдат решение.
За останатите прашања, како што наведе, било договорено тој дополнително да се сретне со премиерот Мицкоски.
Македонија
Димитар Апасиев по лидерската средба: До јуни можен нов Изборен законик, се разговара за една изборна единица
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, по завршувањето на лидерската средба изјави дека, изненадувачки, за првпат станувало збор за конструктивен состанок, на кој начелно било договорено до крајот на пролетта, односно до јуни, да се донесе нов Изборен законик.
Како што рече Апасиев, на средбата се дискутирало за различните модалитети на изборниот модел – воведување една изборна единица, со или без изборен цензус, како и за можноста за отворени или затворени листи. Тој најави дека комуникацијата ќе продолжи на ниво на координаторите на пратеничките групи во Собранието, заедно со дел од министрите во Владата.
На лидерската средба било разговарано и за укинување на техничката, односно Пржинската влада, и тоа во две варијанти – или веднаш, или не на наредните, туку на парламентарните избори по нив, во зависност од ставот на СДСМ.
Како последна политичка тема, Апасиев наведе дека се разговарало и за изборот на Народен правобранител, при што Левица предложила, како што рече, „соломонско решение“.
„Тоа е припадник на ромската заедница да биде избран бидејќи сметаме дека се најдискриминирана заедница која нема никакви полуги на власта – ниту министри, ниту пратеници, еден градоначалник, ако не се лажам, и сметаме дека ова е уставна категорија која треба да ѝ припадне на ромската заедница“, изјави Апасиев.
Левица ги наметнала прашањата за минималната плата, која, според него, е оправдано барање на работниците и синдикатите, како и за апанажа и патни трошоци на пратениците и јавните функционери.
„И за овие две теми не наидовме на разбирање. Иако имаше различни варијанти кои се дискутираа, сепак мислам дека овие се неприфатливи“, изјави Апасиев.
Како дополнително прашање отворено од Левица, Апасиев наведе дека било разговарано и за обештетување на семејствата на жртвите од Кочани, но, како што истакна, за тоа немало слух.
Македонија
Движењето ЗНАМ е за укинување на Пржинската влада и воведување една изборна единица
На денешната лидерска средба, одржана на иницијатива на претседателот на Владата, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија беше претставено од генералниот секретар на партијата и министер за јавна администрација Горан Минчев, како и од координаторот на пратеничката група на ЗНАМ, Бобан Карапејовски.
Движењето ЗНАМ ја поздравува иницијативата за одржување лидерска средба како одговорен и државнички чекор, насочен кон стабилност, дијалог и политичка зрелост во период кога пред државата стојат клучни одлуки од стратешко значење.
Во однос на Законот за Влада и постоењето на техничката, односно таканаречената Пржинска влада, ставот на Движењето ЗНАМ е јасен – таа треба да биде укината.
„Таканаречената Пржинска влада беше воведена како привремено решение и со јасна задача. Денес таа е анахрона и претставува кочница за функционирањето на институциите. Македонија има капацитет самостојно да организира кредибилни избори и затоа ова решение мора да биде укинато“, изјави Бобан Карапејовски, координатор на пратеничката група на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.
По однос на Изборниот законик, Движењето ЗНАМ се залага за суштинска и праведна реформа со воведување една изборна единица, која ќе обезбеди еднаква вредност на гласот на секој граѓанин и пофер политичка застапеност. Истовремено, ЗНАМ инсистира на јасно и транспарентно уредување на финансирањето на политичките партии.
Во делот на реформските закони од областа на правосудството, како и останатите закони од реформската агенда, Движењето ЗНАМ дава силна и недвосмислена поддршка, со јасен повик за политички консензус околу овие прашања, како предуслов за владеење на правото и европската иднина на државата.
Во однос на изборот на Народен правобранител, ставот на ЗНАМ е дека оваа функција мора да ја извршува лице со висок професионален и морален интегритет, кое ќе биде вистински и независен заштитник на правата на граѓаните.
Дополнително, Движењето ЗНАМ се залага за побрзо донесување на Законот за прекршоци, со што ќе се зајакне правната сигурност и безбедноста на граѓаните.
„Лидерската средба ја гледаме како можност сите релевантни политички фактори да покажат зрелост и одговорност. Потребни ни се храбри, но државнички одлуки, изборни и правосудни реформи и јасен консензус околу европската иднина на Македонија. Интересот на државата и граѓаните мора да биде над сè“, посочи Карапејовски.

