Македонија
ЦУК оптимист за состојбата на Охридско, градоначалникот песимист
Центарот за управување со кризи оптимист за состојбата на Охридското езеро, чие ниво не е променето два дена и се движи на 23 до 24 сантиметри над максималната граница.
Центарот за управување со кризи оптимист за состојбата на Охридското езеро, чие ниво не е променето два дена и се движи на 23 до 24 сантиметри над максималната граница.
„Водостојот на локалните реки кои се влеваат во Охридското езеро денеска е намален, има тенденција на опаѓање и на реката Сатеска и на Коселска река, што исто така придонесува за стабилизирање на нивото на езерото. Доколку продолжи со оваа тенденција можно е да имаме и опаѓање на нивото на водостојот на езерското ниво, но сето тоа зависи од хидрометеоролошките услови“ изјави Мишко Талевски, портпарол на ЦУК.
Според УХМР, во наредниве два до три дена нема да има врнежи од дожд или ветер кој би предизвикал бранови.
Наспроти неговото мислење, градоначалникот на Охрид, Александар Петрески смета дека ќе требаат најмалку три, четири месеци за да почне да се намалува нивото на Охридското езеро.
„Не е загрозено само крајбрежјето, загрозени се и населбите во Охрид. Целата почва плива во вода. Крајбрежните области можат допрва да бидат позагрозени затоа што се очекува кога ќе фатат поголеми бранови да бидат со поголема силина и удар бидејќи со зголемувањето на нивото на водата од дозволениот максимум, брановите ќе бидат уште појаки, повисоки, со поголем удар“ смета Петрески.
Поставувањето на вреќи на брегот на езерото за него е играчка.
„Може да се спасиме од ударите ако се постават плочи од бетон, да се постават камења кои ќе го кршат бранот, да се постават мрежи со камења за да го спречат тоа за да се намалат штетите“ изјави Петрески.
Тој предлага да се врати старото корито на Сатеска, директно да се влева во Црн Дрим, а Охридското езеро да не служи како акумулација.
Петрески најави апел до УНЕСКО, до сите амбасадори во Македонија, до Европа и САД за заштита на Охрид.Според ЦУК, од портите на ЦРН дрим се испуштаат 60 метри кубни во секунда. Патот Струга – Дебар кај местото Луково, каде што имаше одлевање на коритото на Црн Дрим е прооден и нема опасност од ново излевање.
„Плановите за регулирање, управување и менаџирање на водите се во рацете на Електрани на Македонија и тие имаат најдобри експерти кои проценуваат во кој период од денот ќе дојде до испуштање на водата на езерото се со цел да не се создаде ситуација сакајќи да го намалиме водостојот на езерото да создадеме проблем по течението на Црн дрим. Погрешно менаџирање со едно од нив може да предизвика дополнителни проблеми“ изјави Талевски. /крај/фф
Фото:Филип Поповски/Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: СДСМ ќе го поддржи Лимани за градоначалник на Гостивар
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членството во Гостивар информираше дека по разговорите е постигнат заеднички договор СДСМ да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на Гостивар од опозициската Алијанса за Албанците.
„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, порача Филипче, додавајќи дека изборниот циклус ќе биде јасен индикатор за опозициското расположение во Гостивар.
Филипче додаде дека партијата има сериозни шанси да биде дел од идната локалната власт, со цел да обезбеди реална поддршка за сите граѓани на Гостивар.
Филипче посочи дека притисоците и злоупотребите во изборниот процес се реален проблем и дека токму тоа е една од причините СДСМ да не прифати укинување на техничката (Пржинска) влада.
Македонија
Штетите од поплавите сѐ уште се санираат, ЦУК објави најнови информации
Центарот за управување со кризи објави најнови податоци за состојбата по обилните врнежи од дожд.
Пелагониски регион
Битола
Во населбата Стрчин интервенира ЈКП „Нискоградба“ со една машина за расчистување на улиците од чакал и земја.
Во селото Жабени, ЈП „Водостопанство“ интервенира со механизација на коритото на Жабјанска река.
Во подрачјето на Елешка река се евидентирани поплавени земјоделски површини, а нивото на водата е во опаѓање.
Ресен
Ангажирани се служби на Општина Ресен, ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта и ЈКП „Пролетер“ – Ресен, кои вршат обиколка и санација на поплавените подрачја. Состојбата е стабилизирана.
Крушево
ЈП Комуналец, ТППЕ Крушево, општинските служби и надлежните институции интервенираат на зајакнување на насипите кај критичните точки и го следат водостојот на Црна Река.
Демир Хисар
Надлежните општински служби го затворија локалниот пат кон село Мренога поради оштетен мост.
Долнени
Градежна механизација интервенира во селата Лажани и Пешталево на расчистување на одводните канали.
Југозападен регион
Охрид
ТППЕ Охрид и комуналните служби вршат испумпување на водата од поплавените подруми.
Општинските служби, Црвен крст, Итна медицинска помош и полицијата се ангажирани во згрижување и обезбедување на евакуираните лица во спортската сала „Христо Узунов“.
Скопски регион
Скопје – Зелениково
Општинските служби ја следат состојбата на реката Вардар и критичните точки.
Полошки регион
Тетово / Желино
СВР Тетово го забрани сообраќајот на патот кон месноста Бањиче.
Во село Стримница (Општина Желино) е испратена механизација за интервенција по излевањето на реката Вардар.
Источен регион
Кочани
ЈП „Водостопанство – Брегалница“ интервенира со багер-гасеничар на Оризарска река кај село Грдовци.
Кратово
Општинските и комуналните служби ја следат состојбата на реките, без потреба од интервенции.
Југоисточен регион
Струмица
Нема интервенции – состојбата е стабилна.
Североисточен регион
Куманово и регион
ЈП „Комуналец“ интервенира во селата Трново, Огут, Нерав и Калин Камен со чистење на снег и посипување на патиштата.
Во селото Тлминци е извршена интервенција на цевковод по барање на жител.
Македонија
СДСМ: ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски?
ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски? Сателит-партијата на ВМРО експресно се јавува да го брани шефот Мицкоски, реагираат од СДСМ, на соопштението на Движењето ЗНАМ.
„По предавството на Македонија со потпишување и изгласување на Резолуцијата што личеше на Хитлеров Декрет, сега имаат уште една задача, да ја укинат последната линија на одбрана на демократијата, техничката влада. Само за уште неколку тендери. Малку им се тендерите во Пошта вредни 1,2 милиони евра за нивниот советник од Кисела Вода. Им треба уште. Затоа партнерот на тендерската коалиција, ЗНАМ, најавува историски трансфер – во тендер-лигата. Квислингот Деспотовски ли им се приклучува на останатите предавници? Очигледно, и нему треба да му се намести некој тендер, да му се плати координираното делување со Геро. Идеално е сите да се соберат на едно место, за Обвинителството подоцна да нема потреба да ги брка поединечно. Како што рековме – време е житото да се одвои од плевелот. Но не само во СДСМ, туку на целата политичка сцена во Македонија. На крај, сите ќе одговарате“, пишува во реакцијата.

