Свет
Почна судењето на поранешниот француски премиер

Со судскиот процес против петмина обвинети за заговор заради клеветење на францускиот претседател Саркози во кампањата за изборите во 2007 г. е опфатен и поранешниот премиер Вилпен
Овој случај во француската јавност е позната како аферата „Клирстрим“ а датира од 2003 г., кога Доминик д’Вилепен и Николас Саркози беа министри во владата на Жак Ширак и непомирливи ривали бидејќи се очекуваше двајцата да се кандидираат на претседателските избори во 2007 г. Во француските медиуми доминира мислењето дека станува збор за пресметка меѓу двајцата политичари кој би можел да има сериозни последици врз авторитетот на политиката и политичарите во француското општество. „Овде сум затоа што така одлучил еден човек. Овде сум заради хирот на еден човек, Николас Саркози кој е и претседател на Француската Република. Од овде ќе излезам слободен и неизвлакан во името на францускито народ“, рекол Вилпен пред да влезе во судот. Во центарот на аферата е списокот од 2003 г. на околу двесте високи француски политичари и други функционери, меѓи кои е и Саркози кои наводно имале свои тајни сметки во луксембуршката банка „Клирстрим“ на кој стигнувале пари од мито.Скандалот избувна во 2004 г. кога судија од анонимен испраќач добил дискета со списокот и со обвинувачки податоци, за кои потоа се утврдувало дали е вистинит. Потоа француското државно обвинителство покренало истрага за да се утврди авторот на списокот и лицата кои го дистрибуирале во јавноста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Судот на правдата на ЕУ: Изгубен миленик на лет се смета како изгубен багаж

Судот на правдата на Европската унија донесе одлука дека домашните миленици кои се превезуваат со авион се сметаат за „багаж“, а не за патници.
Одлуката следи по случај во кој куче исчезнало при пренос до авион на лет од Буенос Аирес до Барселона, по што сопственичката побарала 5.000 евра отштета.
Судот оцени дека, според Монреалската конвенција, авиокомпанијата не е должна да исплати поголема отштета од онаа предвидена за изгубен багаж, освен ако патникот претходно не доставил специјална изјава за вредноста на пратката.
Во одлуката учествувале и двајца претставници од Хрватска – судијата Синиша Родин и адвокатката Тамара Ќапета.
Свет
Евакуирано средно училиште во Италија по истекување на амонијак

Во италијанскиот град Пескара беше евакуирано државното средно училиште „Маркони“ откако во просториите се почувствувал силен мирис од непознато потекло, поради што на многумина им се слошило.
Според италијанските медиуми, повеќе од 1.000 ученици биле итно евакуирани, а неколкумина се хоспитализирани, меѓу нив и пожарникари кои пристигнале на интервенција, пренесе „ТВ Раи“.
Првичните информации укажуваат дека причината најверојатно е истекување на амонијак од лабораторијата, иако не се исклучува ниту можноста за цурење гас од климатизацијата.
Заменичката градоначалничка на Пескара, Марија Рита Карота, нареди итно затворање на училиштето до понатамошна проверка.
Свет
Мерц: Без реформи, Европа ќе стане пиун на Азија и САД

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, предупреди дека Европската унија ризикува да ја изгуби својата економска независност ако итно не спроведе реформи за зголемување на конкурентноста.
Во обраќање пред германскиот парламент, во пресрет на самитот на ЕУ во Брисел, Мерц рече дека во наредните години ќе се решава дали Европа ќе остане независна економска сила или ќе стане „пиун на економските центри во Азија или Америка“.
Тој ја повика ЕУ да го намали бирократскиот товар за компаниите, да го зајакне единствениот пазар и да потпише нови трговски договори, особено со јужноамериканскиот блок Меркосур до крајот на годината.
Мерц се соочува со растечки притисок дома поради економската стагнација во Германија, која се влошува поради царинските политики на американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој истакна дека решенијата за европската економија веќе постојат во извештаите на Марио Драги и Енрико Лета, кои предлагаат продлабочување на внатрешниот пазар и јакнење на конкурентноста, додавајќи дека тие препораки треба веднаш да станат дел од агендата на Европската комисија.