Спорт
Еуро 2012: Чешка го шокира фаворитот Германија

Репрезентацијата на Чешка, со победа го отвори Европското првенство во ракомет, кое вечерва започна во Србија.
Репрезентацијата на Чешка, со победа го отвори Европското првенство во ракомет, кое вечерва започна во Србија.
Во салата „Чаир“, во Ниш, Чешка ја совлада Германија со 27:24 (14:9). Чесите предводени од трилингот Јиха-Филип-Стобол, од самиот почеток ја нематнаа својата игра, во целост го сопреа германскиот напад и на полувреме заминаа со огромни пет голови предност.
Германците се обидоа да се врата во игра во вториот дел, но Чесите успешно ги одбија нивните напади. Германија имаше три шанси да израмни, при резултат 16:17, но тие најчесто брзолпето ги завршуваа нападите. Откако го одбија притисокот, Чесите повторно ја вратија разлика на пет гола, која до крај „панцерите“ не успеаја да ја стигнат.
Во второто коло, на 17. јануари, Германија ќе игра со Македонија, а Чешка за противник ќе ја има Шведска. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Саул го одби Трабзон, се сели во Фламенго

Саул Нигез по 17 години го напушти Атлетико Мадрид. Играчот, кој претходната сезона ја мина на позајмица во Севилја, спогодбено се раздели со клубот од „Метрополитано“.
Саул како слободен играч се очекуваше да се пресели во Трабзон. Во неделата, турскиот клуб испрати авион по него во Мадрид, но тој одби да отпатува во Турција. Медиумите објавија дека во договор со семејството решил да го одбие Трабзон.
Сепак причината била поинаква. Саул кариерата ќе ја продолжи во најбогатиот бразилски клуб Фламенго.
Там тренер ќе му биде поранешниот соиграч од Атлетико, Фелипе Луис.
Фото/ Принтскрин
Спорт
По Синер, и Ѓоковиќ и Алкараз го откажа настапот во Торонто

Шпанската тениска ѕвезда Карлос Алкараз ќе го пропушти АТП Мастерсот во Торонто, кој започнува во недела. Петкратниот освојувач на Гренд слем турнири го објави ова преку социјалните мрежи.
Претходно, настапот во Торонто го откажаа првиот тенисер во светот Јаник Синер, петтиот Џек Дрејпер и рекордерот Новак Ѓоковиќ, инаку шести на АТП листата.
„По многу недели континуирано натпреварување без пауза, не можам да играм во Торонто оваа година. Имам мали мускулни проблеми и треба да се опоравам физички и психички за она што следи во сезоната. Многу ми е жал за турнирот и за моите фанови во Канада. Се гледаме следната година“, објави Алкараз преку социјалните мрежи.
Третиот тенисер во светот, Германецот Александар Зверев, кој сега е прв носител, се чини дека има отворен пат до победа. По раната елиминација од Вимблдон, Зверев откри дека имал ментални проблеми и објави дека нешто во него мора да се промени.
Турнирот во Торонто ќе се одржи од 27 јули до 7 август.
Спорт
Нено Димитријевиќ се враќа во Русија

Репрезентативецот на Македонија, Ненад Димитријевиќ, ќе ги напушти редовите на Олимпија Милано и ќе се врати во руската лига, тврдат италијански инсајдери.
Новинарот Андреа Калцони објави дека Димитријевиќ ќе потпише двегодишен договор за вкупно три милиони евра со Зенит. Пред да дојде во Италија, 27-годишникот играше за Уникс, со кого ја освои ВТБ лигата во 2023 година.
Според Калцони, Олимпија ќе му плати на Димитријевиќ 500.000 евра, што треба да претставува разлика во договорот и на тој начин Димитријевиќ ќе стане слободен агент.
Димитријевиќ беше MВП на Суперкупот на Италија, кој Армани го освои во 2024 година, а во последната сезона во Евролигата имаше просек од 7,6 поени, 1,6 скока и 2,9 асистенции по натпревар.
Foto/ X