Uncategorized
Околу шест милиони деца годишно умираат од глад
Околу шест милиони деца умираат секоја година поради недоволна исхрана и глад, објави денеска Организацијата за храната и земјоделство на ООН при Обединетите нации.
Околу шест милиони деца умираат секоја година поради недоволна исхрана и глад, објави денеска Организацијата за храната и земјоделство на ООН при Обединетите нации.
Повеќето деца умираат од болести од кои, инаку, може да се излечат, како што се дизентерија, воспаление на белите дробови и маларија, предупредува Организацијата во годишниот извештај за прехранбена сигурност во светот.
Според истиот извор, околу 850 милиони лица имале проблеми со недоволна исхрана во периодот од 2000 до 2002 година, од кои 814 милиони во државите во развој.
Податоците наведуваат дека во Африка, 11 милиони деца не доживуваат пет години возраст, а 530 илјади жени умираат за време на породување.
Освен ова, шест милиони лица умираат годишно од СИДА, болест што на африканскиот континент достигна размери на пандемија.
/Крај/хи/ис
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Uncategorized
Зошто детето е посмирено со таткото и поемотивно со мајката?
Родителите често се прашуваат зошто детето дома се однесува сосема поинаку пред мајката отколку пред таткото – понекогаш е поемотивно и поискрено со мајката, додека со таткото може да биде посмирено, поповлечено или попослушно.
Ваквите разлики најчесто се природен резултат на емоционалните улоги, социјалните очекувања и начинот на кој се развива врската со родителите.
Во многу семејства, мајката е првото и главно „безбедно пристаниште“. Со неа, детето поминува најмногу време во раните години и учи да ги препознава и регулира емоциите со неа. Затоа децата често покажуваат силни емоции пред своите мајки: лутина, тага, фрустрација, но и потреба за блискост. Ова не е знак на непочитување, туку на доверба. Детето знае дека може да си дозволи да биде ранливо бидејќи верува дека ќе биде прифатено.
Татковците, во перцепцијата на децата и општеството, често се сметаат за авторитет или некој што поставува јасни граници. Децата може да се однесуваат повоздржано, посериозно или поучтиво во нивно присуство, а некои може да имаат и желба да се докажат преку игра, натпревар или хумор.
Различните реакции не значат дека едната врска е поважна од другата – тие само се обоени различно.
Мајките и татковците честопати несвесно применуваат различни стилови на родителство. Некои се потрпеливи во разговорот, други реагираат побрзо на правилата. Децата се прилагодуваат на ова, учејќи што да очекуваат од кој родител и како да се однесуваат во различни ситуации.
Различното однесување со мајката и таткото може да биде знак за здраво прилагодување и богати односи. Проблемот се јавува само кога детето покажува страв, повлекување или екстремна вознемиреност со едниот родител, или ако однесувањето на родителите е постојано во конфликт. Во овие случаи, важно е да се разговара, да се координираат пристапите и, доколку е потребно, да се побара стручна поддршка.
Различното однесување на децата кон мајките и татковците не е знак на проблем, туку огледало на сложени, но природни семејни односи. Токму во оваа разновидност децата учат да градат односи и да се разбираат себеси.
Uncategorized
Возило паднало во водите на реката Радика, има загинати, во прекин сообраќајот Маврово-Дебар
Патничко моторно возило попладнево паднало во реката Радика, на локација кај Манастирот „Св. Јован Бигорски“.
„Од 18:30 часот, сообраќајот на регионалниот пат Маврово -Дебар е во прекин поради извлекување на патничко моторно возило од сообраќајната незгода со загинати лица од водите на реката Радика во близина на Манастирот св.Јован Бигорски, соопшти АМСМ.
Uncategorized
(Видео) Владата ги намали парите за загаден воздух за 50 отсто во споредба со лани, рече Лукаревска и праша кои конкретни мерки се преземени
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања го праша министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, за кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина и за тоа како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година на година ги намалува средствата за оваа намена.
„Во ребалансот на буџетот за 2025 година – заштитата на животната средина како функција на државата има евидентно намалување на буџетските средства за 13,4 % во износ од 868 милиони денари помалку сведувајќи се од 6,4 милијарди на речиси 5,6 милијарди денари за фискалната година. Најголемата промена е во ставката – намалување на загадувањето, каде што првично планираните 3,2 милијарди денари се сведуваат на 2,6 милијарди денари, што претставува приближно 19 % намален буџет, а во однос на претходната година планирано е тој да се намали за 48,2 %, тоа е речиси 50 %“, рече Лукаревска.
Таа нагласи дека е несвојствено да се кратат средства за области кои се рак рана на општеството и изрази загриженост за тоа како ќе се справиме со загадувањето, кој ќе биде третманот за отпадни води, како ќе ја заштитиме природата, каков квалитет на воздухот ќе имаме, како ќе се зајакне надзорната функција на Државниот инспекторат за труд и како ќе се унапредува животната средина.
„Моето прашање е кои конкретни мерки ги преземате како Влада, односно како ресорно министерство во борбата против аерозагадувањето имајќи го предвид фактот дека од година на година со секој буџет и ребаланс на буџетот ги намалувате средствата за справување со овој огромен проблем ?“, праша Лукаревска.
Лукаревска постави прашање и до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, за неисполнувањето на обврските од реформската агенда, односно обврските за три реформи, кои се однесуваат на подобрување на деловната клима за малите и средните претпријатија.

