Црна хроника
Медицинската сестра која беше убиена и обвинетиот планирале да заминат за Германија
Медицинската сестра која во јануари, по Нова Година, беше убиена на покривот од Детската клиника во Скопје три-четири месеци пред убиството била во љубовна врска со обвинетиот за нејзиното убиство, Никола Кузмановски.
За врската знаел и братучедот на Никола, Оливер Кузмановски, кој заедно со уште една негова братучетка, Билјана Кузмановска, сведочеа пред судот, како сведоци на одбраната, а со Никола живееле во ист двор куќа до куќа.Оливер Кузмановски пред судот раскажа дека ја гледал како доаѓа во куќата каде што живее Никола, навечер, завиткана со марама, за да не ја препознаат другите, и најчесто се среќавале во Клиниката каде што работеше медицинската сестра.Тој го советувал дека таа врска нема да успее, но Никола му викал дека не може да ја остави, бидејќи многу се сакале.Според кажувањата на сведокот, бидејќи Никола бил претходно во Германија, планирале двајцата сами да заминат во Германија и таму да живеат. Не знаел дека Диана била бремена, а еднаш ги видел заедно како седат еден до друг во ресторан на „комитска вечер“ во скопското село Петровец, од каде што се и убиената и обвинетиот.Додека сведокот раскажуваше дека Дијана одела кај Никола покриена со марама и дека планирале да одат во Германија, родителите на покојната демонстративно ја напуштија судницата.И двајцата сведоци, Оливер и Билјана Кузмановски, раскажуваа дека Никола и неговата мајка биле жртви на семејно насилство, податок што пред судот го соопшти и психијатарот кој го вршеше вештачењето за Никола.Тврдеа дека неговиот татко бил алкохоличар и дека постојано ја малтретирал неговата мајка, а Никола бил тој кој ја заштитувал и ги разделувал за да не ја повреди. Многу често ги викал и своите братучеди и чичковците со кои живееле во ист двор да му помогнат.Обвинетиот често имал панични напади и кога ќе се изнервирал се тресел, ги стискал шаките како тупаница и почнувал да се тресе, раскажуваше неговиот братучед. Тој го советувал да посети психијатар, но на Никола му било срам да каже дека е жртва на семејно насилство. Според обвинителството, смртта на Дијана настапила со задушување со притискање и со затворање со шаката на устата и носот и оштетувања на вратот.Според одбраната на обвинетиот, пак, смртта настапила како последица на кршење на черепот предизвикан од пад и со задушување. Според нив, тоа бил настан со несреќни околности.Една седмица пред трагичниот настан Диана му кажала на сопругот дека е бремена, а пред убиството и обвинетиот знаел дека жената е бремена и побарал од неа да направи ДНК анализа. Најверојатно заради тоа почнала кавгата меѓу двајцата љубовници која заврши трагично./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Гостиварец пронашол експлозивни направи под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

