Свет
Прашањето на малцинствата не е историја

Спорот меѓу Будимпешта и Братислава во врска со унгарското малцинство покажа дека прашањето на националните малцинства во Европа, не е архивирано
<!– /* Style Definitions */ p.MsoNormal, li.MsoNormal, div.MsoNormal {mso-style-parent:””; margin:0cm; margin-bottom:.0001pt; text-align:justify; mso-pagination:widow-orphan; font-size:11.0pt; mso-bidi-font-size:12.0pt; font-family:Arial; mso-fareast-font-family:”Times New Roman”; mso-bidi-font-family:”Times New Roman”;} @page Section1 {size:612.0pt 792.0pt; margin:72.0pt 90.0pt 72.0pt 90.0pt; mso-header-margin:36.0pt; mso-footer-margin:36.0pt; mso-paper-source:0;} div.Section1 {page:Section1;} –> Спорот меѓу Будимпешта и Братислава во врска со унгарското малцинство во Словачка, покажа дека прашањето на националните малцинства во Европа, не е архивирано во историјата. Ова денеска го пишува лондонски Фајненшал Тајмс, оценувајќи дека занемарувањето на проблемите на националните малцинства е опасно, а состојбата појужно и поисточно од ЕУ е уште полоша. Братислава го спречи доаѓањето на унгарскиот претседател Ласло Шољом во словачкиот град Комарно, оти оцени дека цел на посетата е да се крене тензијата меѓу припадниците на унгарското малцинство, кое е мнозинско во тој град и претставува 10 насто од вкупното население во Словачка. Спорот има своја историја – Будимпешта одамна настојува да ги зајакне врските со сонародниците во Словачка и во Романија, на кои во Унгарија има даде посебни права. Словачка усвои закон, кој стапува во сила деновиве, а за кој унгарското малцинство смета дека им го укинува правото на користење на мајчиниот јазик. Комарно не е Мостар, а централна Европа не е Балкан, но сепак, според весникот, спорот отвора бројни прашања, како одбивањето на Европската унија да се вмеша во билатерален спор, неспособноста на ОБСЕ да ја реши караницата меѓу две соседни земји и Шенгенскиот договор, кој наводно ги укина повеќето европски граници. Брисел мора да бара почитување на правата на малцинствата, како внатре, така и надвор од границите на ЕУ, но истовремено мора остро да ја осуди нивната злоупотреба, наведува Фајненшал тајмс./крај/бт/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Лавров: НАТО се обидува да се зајакне на Блискиот Исток, Јужен Кавказ, Арктикот

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес го обвини НАТО дека ја пречекорува својата традиционална област на одговорност во обид да се здобие со упориште на Блискиот Исток, Јужен Кавказ, Централна Азија, Арктикот и Азиско-пацифичкиот регион.
Лавров изјави дека не се презентирани факти што ги поткрепуваат тврдењата дека Иран наводно подготвува напад врз Израел.
Тој оцени дека процесот на нормализирање на односите меѓу Русија и Соединетите Американски Држави е тежок и не е брз, објави РИА Новости.
Истакна дека нормализирањето на односите меѓу Вашингтон и Москва може да биде корисно за спречување на глобални кризи, пренесува Танјуг.
Свет
Израелската армија тврди дека Иран испукал нови ракети, Техеран негира

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека идентификувале нови ракети испукани од Иран кон израелска територија два часа по прогласувањето на прекинот на огнот.
„Одбранбените системи моментално работат на пресретнување на заканата“, се вели во соопштението.
Друго ажурирање додаде дека сирените за воздушен напад се огласиле во северен Израел откако биле откриени ракетите.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац објави дека им наредил на Израелските одбранбени сили (ИДФ) енергично да одговорат на она што тој го нарекува кршење на договореното примирје од страна на Иран.
„Им наредив на ИДФ силно да одговорат на кршењата на примирјето од страна на Иран со интензивни напади врз режимски цели во центарот на Техеран“, рече Кац во соопштението.
Од друга страна, иранските државните медиуми објавија дека Иран ги негира обвинувањата на израелските власти.
Свет
Израелскиот министер за финансии: Техеран ќе трепери

Израелскиот министер за финансии, Безалел Смотрих, утрово објави порака на платформата „Икс“ по новите ирански ракетни напади врз Израел, во која се вели: „Техеран ќе трепери“.
Објавата беше споделена пред околу еден час и предизвика многу реакции.
Смотрих, член на крајно десничарската партија Религиозен ционизам и близок сојузник на премиерот Бенјамин Нетанјаху, претходно поддржуваше силни воени одговори на иранските напади. Неговите коментари доаѓаат во услови на тензии и покрај најавеното примирје што стапи на сила утрово.