Свет
Од затворот во Мусул избегнале 23 терористи
Осудениците за тероризам побегнале во петокот од затворот Газлани во ирачкиот град Мосул а меѓу нив имало и неколку припадници на Ал Кaеда и други екстремистички организации, пренесе Reuters
Според ирачката полиција, затворениците избегале откако утрото направиле отвор во ѕидот на затворот кој се наоѓал во јужниот дел од градот, а нивното бегство било забележано дури доцна попладнето. Заради масовното бегство, засилени се контролите на сите воени и полициски пунктови.Мосул кој се наоѓа околу 400 километри северно до престолнината Багдад, беше силно упориште на Ал Каеда и се водеа жестоки борби со американските сили.Оаа не е единственото бегство од овој затвор во Ирак. Во декември 2006 г. од истиот затвор побегна роднина на поранешниот ирачки диктатор Садам Хусеин, кој беше осуден за финансирање на сунитскиот бунт против американските војници во Ирак. И во 2007 г. група на Ал Каеда влезе во затворот Бадоус исто така во Мосул и ослободи 140 затвореници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
По Црна Гора слаб земјотрес ја погоди и Хрватска
Земјотрес со јачина од 2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Хрватска.
Епицентарот на земјотресот бил на 33 километри од Риека, на длабочина од 34 километри.
Предходно Црна Гора ја погоди земјотрес со јачина од 3,6 степени. Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Свет
„Чувствувам дека срцето ми се крши на милион парчиња“: Парис Хилтон објави видео од домот кој изгоре до темел
Парис Хилтон на социјалните мрежи објави видео од остатоците од нејзиниот дом што изгореа во разорниот пожар во Лос Анџелес.
Парис ги растажи своите следбеници со видеото од нејзиниот дом на плажа во Малибу, за кое платила повеќе од осум милиони долари во 2021 година.
View this post on Instagram
Невиден пожар во Лос Анџелес и ја уништи куќата, а наследничката на богато семејство и се обрати на јавноста со емотивни зборови.
„Стојам овде во она што некогаш беше наш дом и срцето ми е скршено. Кога првпат ја видов веста, бев во целосен шок – не можев да ја прифатам. Но, сега, додека стојам овде и гледам со свои очи, се чувствувам како срцето да ми се скрши на милион парчиња. Домот не беше само место за живеење – тоа беше место каде што сонувавме, се смеевме и ги создававме најубавите спомени како семејство. Тоа беше место каде што малите раце на Феникс создадоа уметност што ќе ја негувам засекогаш, каде љубовта и животот го исполнија секој агол. Да се види како се претвора во пепел, поразително е и неописливо.Толку многу луѓе изгубија сè. Не се само ѕидовите и покривите – спомените се тие што ги направија овие куќи домови. Ова се фотографии, спомени, незаменливи делови од нашите животи“, напиша таа и додаде дека и покрај се, се чувствува благословена што нејзините најблиски се безбедни.
Регион
Земјотрес во Црна Гора: се тресеше во близина на Будва
Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала утрово во 8 часот и 18 минути ја погоди Црна Гора.
Епицентарот на земјотресот бил на 41 километар од Подгорица и 7 километри од Будва. Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, соопшти EMSC.
Засега нема информации за материјална штета.