Спорт
Тевез го обвини Ферги за неговото заминување од Јунајтед
Еден од фудбалерите кои му се приклучија на градскиот ривал на Манчесте Јунајтед ова лето Калос Тевез пред медиумите даде целосна изјава за неговото напуштање на Олд Трафорд.
“Доколку не мислев дека Сити ќе освои титулу, ќе си останев дома со моите ќерки. Сити се обидува да изгради добар тим, навистина силен тим. Нема мистерија за моето заминување од Јунајтед, Алекс Фергусон ми ги даде сите причини да заминам. Немав значајна улога во ниту еден од големите натпревари. Не играв во Лигата на Шампионите, ниту во дерби натпреварите од Премиер лигата. Се обидов неколку пати да разговарам со него, да му ги објаснам чуствата, но единствено нешто што тој ми го велеше беше ‘Не грижи се, не грижи се, ќе се смени тоа. Тој никогаш не ми даде објаснување, не знам ни дали ќе се поздравам со него оваа сезона. Моите соиграчи неколку пати се обидоа да ме намолат да останам. Јас секогаш ќе им бидам благодарен на нив и ние имавме многу добар однос, освоивме многу работи заедно овие две години. Сакам да го дадам најдоброто за да му помогнам на тимот да напредува и да освојува трофеи” -изјави Тевез.Тевез неколкупати во текот на оваа година која измина најавуваше дека сака да остане во Јунајтед но според неговите зборови Фергусон е причината поради која морал да замине од таборот „Црвените Ѓаволи“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Барселона му нуди нов договор на Левандовски
Барселона е подготвена да го задржи Роберт Левандовски уште една година.
Неколку каталонски медиуми денес открија дека Барселона одлучила да му го продолжи договорот на Левандовски.
Понудата содржи и неколку услови, Левандовски треба да прифати да биде втора опција во нападот, што значи помалку минути на теренот и да се согласи на намалување на платата од најмалку 50 отсто.
Левандовски во моментов иам најголема плата во тимот, па според неговата улога во новата сезона, клубот очекува тој да се согласи на значително намалување на платата.
Според претходните најави, токму ова го сакаше Левандовски, бидејќи ужива во Барселона со своето семејство и со задоволство би останал на „Камп Ноу“ до крајот на кариерата.
Левандовски пристигна во Барселона во летото 2022 година за 45.000.000 евра од Баерн Минхен. Освои две титули во Ла Лига, Купот на Кралот и два Суперкупа.
Foot/ depositphotos
Спорт
Пропадна трансферот на Матета во Јувентус
Жан-Филип Матета е бесен на Кристал Палас, откако пропадна неговиот потенцијален трансфер во Јувентус.
Напаѓачот, односно неговиот менаџер, лесно постигнал договор со Јувентус околу платата, но Кристал Палас не успеа да се договори за обештетување со Јувентус. Клубот од Лондон бараше Јувентус веднаш да го исплати трансферот, додека италијанскиот клуб понуди позајмица со право на откуп по завршувањето на сезоната.
И покрај тоа што му пропадна трансерот, не значи дека Матета дека ќе остане во Кристал Палас.
Астон Вила продолжува да покажува интерес за Матета и како што сега стојат работите од Бирмингем се подготвени да ја платата сумата што ја бара Кристал Палас.
За Матета, клубот од Лондон бара 35 милиони фунти (околу 40 милиони евра / 47 милиони долари).
Foto/ depositphotos
Спорт
Словенија доби нов селектор
Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Словенија (ФСС) го потврди Боштјан Цесар за нов селектор на репрезентацијата.
Со 102 натпревари, Цесар го држи рекордот по број на настапи за словенечката репрезентација и беше капитен многу години.
Тој играше на Светското првенство во 2010 година во Јужна Африка, кога беше дел од генерацијата што ја однесе Словенија на Светското првенство по втор пат во историјата.
Поголемиот дел од својата клупска кариера го помина во Киев, каде што одигра 247 натпревари и постигна девет гола за десет години. Играше и за Марсеј, Гренобл и Вест Бромвич Албион.
По завршувањето на кариерата, се посвети на тренерската работа,ја водеше репрезентацијата до 19 години, а во јануари 2022 година се приклучи на стручниот штаб на сениорската репрезентација, како прв асистент на Матјаж Кек.
Тој беше член на тренерскиот штаб кога тимот го постигна својот најголем успех со пласманот во четвртфиналето на Европското првенство во Германија во 2024 година.
Во отсуство на Кек, тој ја предводеше Словенија до серија од пет натпревари без пораз, вклучувајќи го и пријателскиот натпревар од 2:0 против Португалија.
Фудбалскиот сојуз на Словенија не го продолжи договорот со Кек, чиј втор мандат истече минатиот декември.

