Свет
Само црните кутии може да датат одговор за уривањето на „ербас“-от
Потврдено е дека авионот на Air France имал проблеми со системот за управување. Но додека не се најдат „црните кутии“, никој не сака да претпостави што е причината за уривањето на авионот
Началникот на воздухопловните сили на Бразил, Рамон Кардосо, се почесто изјавува дека е песимист дека ќе бидат пронајдени сите тела на настраданите. Според него и последните тела кои се пронајдени се во територијалните води на Сенегал, 120 километри од местото на несреќата, така што мала е можноста да бидат пронајдени сите.Сериозен индикатор според кој може да се реконструира дали авионот се распаднал во воздух се телата на 44 жртви. Тоа може да се дознае по идентификацијата и распоредот по кој седеле во трупот на авионот. Сепак, за тоа што навистина се случило со авионот може да се дознае од „црните кутии“.Според Кардосо потрагата би можела да биде прекината на 25 јуни, но истрагата сигурно ќе трае многу подолго. Медиумите забележуваат дека се’ помалку има изјави за истрагата, што го толкуваат како резултат на договорот на организацијата на цивилните авиотранспортери.Бразилските воздухопловни сили и морнарицата ги претражуваат морските води на оддалеченост од околу илјада километри од бразилскиот брег. Потрагата трае од 1-ви јуни кога авионот на француската компанија Air France, „ербас A330-200“ на летот од Рио де Жанеиро кон Париз, исчезна од радарите на контрола, по што беше утврдено дека се урнал во водите на Атлантскиот Океан. Потрагата по остатоците и телата на 228-те патници и членови на екипажот, последната седмица даде повеќе резултати. Досега се пронајдени вкупно 44 тела на жртвите, а од поважните делови од остатоците на авионот најден е дел од авионскиот опаш во кој е сместен стабилизаторот на летот. Во порака објавена во транскриптот на разговорот на пилототи контролата на летањето иам информација дека авионот има проблеми со ограничување на кормилото на правецот, поточно со системот кој се наоѓа во неговиот опаш и ограничува до која граница кормилот може да се движи. Вистинските причини за падот на воздухопловот ќе бидат откриени по пронаоѓањето на ткн. „црни кутии“. Тие уште десетина дена ќе емитуваат сигнали, а се претпоставува дека се на дното кое со многу ридеста конфигурација со длабочина од шест илјади метри и каде има силно морски струи. Затоа се ангажирани американски бродови за претражување на море со софистицирани многу чувствителни сензори на звук и француска подморница на нуклеарен погон. Еден од досега познатите податоци е дека електрониката во „ербасот“ регистрирала неточни податоци за очитување на брзината пред да го загуби контактот со контролата на летањето. Портпаролката на француското Биро за истрага и анализа (BEA) Мартин дел Боно и претставникот на компанијата „Airbus“, Стефан Шафрат одбиле да го коментираат транскриптот.Исто така, нема додатни информации ниту за сознанијата на француската разузнавачка агенција за совпаѓањето на две имиња од листата на патници на летото AF 447, со нивните списоци на лица со француско државјанство кои се во врска со исламистички терористички организации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.

