Свет
Уапсен возачот на автомобилот во кој загина правнуката на Мандела
Полицијата во Јоханесбург денеска соопшти дека е уапсен возачот на автомобилот во кој синоќа загина правнуката на првиот демократски избран претседател на Јужноафриканската Република, Нелсон Мандела.
Полицијата во Јоханесбург денеска соопшти дека е уапсен возачот на автомобилот во кој синоќа загина правнуката на првиот демократски избран претседател на Јужноафриканската Република, Нелсон Мандела.
Претставникот на полицијата Една Мамонјане, како што јавува Асошиејтед прес, рече дека е уапсен возачот, чие име не е соопштено, обвинет за возење во пијана состојба, а не се исклучува можноста против него да биде покренато обвинение за убиство.
„Полицијата утврди дека бил пијан. Ја загубил контролата над возилото, кое удрило во една пречка покрај патот“, рече Мамонјане.
Тринаесетгодишната правнука на Мендела, Зенани Мандела, загина синоќа во сообраќајна несреќа, враќајќи се од концерт во чест на отворањето на СП во фудбал.
Фондацијата Нелсон Мандела во меѓувреме енергично ја демантираше веста дека во автомобилот била и неговата поранешна сопруга Вини Мадикизела-Мандела.
Засега не се знае дали Нелсон Мандела ќе се појави на отворањето на Светскиот куп. Тоа ќе биде потврдено подоцна во текот на денот. /крај/ап/фо/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Путин го потпиша законот: Странците можат да бидат осудени на 15 години затвор за помагање на руските противници
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон во кој се вели дека странските државјани можат да бидат осудени на 15 години затвор за помагање на руските противници.
Законот предвидува кривична одговорност и затворска казна од 10 до 15 години за сите странски државјани и лица без државјанство кои ќе пружат финансиска, материјално-техничка, консултативна или каква било друга помош на противник на територијата на Русија, пренесе „Спутник“.
Тоа се активности кои очигледно се насочени против безбедноста на Русија.
Покрај затворската казна, предвидена е и парична казна до 500.000 рубљи или висината на платата или другите приходи на осудениот за период до три години.
Според законот, едно лице може да биде ослободено од одговорност ако навремено придонесело да се спречи оштетување на интересите на Русија.
Законот предвидува и затворска казна до осум години за соработка на странски државјани со претставници на други земји во активности против безбедноста на Русија.
Свет
Зеленски бесен: Путин му нареди на Фицо да отвори нов енергетски фронт
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, во објава на социјалната мрежа „Икс“ остро реагираше на потегот на словачкиот премиер Роберт Фицо, кој неодамна беше во посета на рускиот претседател Владимир Путин.
По посетата, словачкиот премиер Роберт Фицо рече дека неговата земја ќе разгледа реципрочни мерки против Украина, како што е прекинување на резервните испораки на електрична енергија по 1. јануари, доколку Киев, како што се очекуваше, го запре транзитот на руски гас за Словачка. Словачка се обидува да ги одржи испораките на руски гас преку Украина до 2025 година, иако Киев одби да го обнови транзитниот договор со Москва, кој истекува на крајот на годината.
„Се чини дека Путин му наредил на Фицо да отвори втор енергетски фронт против Украина на сметка на интересите на словачкиот народ. Заканите на Фицо дека ќе го прекине итното снабдување со електрична енергија за Украина оваа зима додека Русија ги напаѓа нашите електрани и енергетската мрежа можат само да се објасни на овој начин“, рече Зеленски.
„Единствената причина зошто Украина сега има потреба од увоз на електрична енергија е руската окупација на нуклеарната централа Запорожје и нејзината употреба на ракети и беспилотни летала Шахед за намерно уништување на голем дел од производството на топлинска и хидроелектрична енергија во Украина“, додаде Зеленски.
„Благодарение на херојските напори на нашите енергетски работници и соработката со ЕУ, САД, Обединетото Кралство, Норвешка, Јапонија и другите партнери, успеавме да спречиме прекин на струја во Украина. А сега Фицо ја вовлекува Словачка во обидите на Русија да предизвика нови страдања за Украинците“, рече украинскиот претседател.
„Мораме да го потсетиме Фицо на три работи. Прво и основно, поддршката на руската агресија е целосно неморална.
Второ, кратковидната политика на Фицо веќе го лиши словачкиот народ од компензација за загубата на рускиот транзит на гас. Сега ризикува да ги лиши Словаците од дополнителни 200 милиони долари годишно, кои Украина ги плаќа за увезена струја. Да, овој критичен увоз не е бесплатен, а цената е значителна.
Трето, сите во Европа, вклучително и народот на Словачка, ќе сметаат дека е многу попрофитабилно од секоја перспектива да соработуваат со соседите и со ЕУ за да го зголемат снабдувањето на Европа со енергетски ресурси, вклучително и гас од Америка и други партнери. Само ова може да ги намали трошоците за енергија за повеќето семејства“, рече Зеленски.
Уделот на Словачка во увозот на електрична енергија од Украина е приближно 19 отсто.
„Словачка е дел од единствениот европски енергетски пазар и Фицо мора да ги почитува заедничките европски правила. Сите произволни одлуки во Братислава или наредби од Москва до Фицо во врска со електрична енергија не можат да го прекинат снабдувањето со електрична енергија на Украина, но тие секако можат да ги прекинат врските на сегашните словачки власти со европската заедница“, заклучи украинскиот претседател.
Свет
Украина: Погодивме складиште за дронови во Русија
Украина соопшти дека го погодила објектот за складирање и одржување на самоубиствени дронови со долг дострел „Шахед“ во руската област Ориол, додавајќи дека значително ја намалила способноста на Русија да изврши масовни напади со беспилотни летала врз Украина.
Генералштабот на украинските вооружени сили преку соопштение на комуникациската платформа Телеграм објави дека нападот во четвртокот го извршиле украинските воздухопловни сили.
„Како резултат на нападот, уништен е објект за складирање, одржување и поправка на беспилотни летала Шахед камиказе, составен од неколку заштитени бетонски конструкции“, соопштија од штабот.
„Оваа воена операција значително го намали потенцијалот на непријателот да изврши воздушни напади со беспилотни летала врз украинската цивилна инфраструктура.
Москва не го коментираше нападот. Русија редовно извршува ракетни и беспилотни напади врз Украина за време на нејзината 34-месечна инвазија.
Украинските воздухопловни сили претходно денеска соопштија дека во текот на ноќта собориле 15 од 16 руски беспилотни летала, а преостанатиот дел исчезнал од радарите.