Свет
Единаесет мртви во судир на мексиканската војска со наркобандите
На север од Мексико во четвртокот доцна навечер дошло до жестока пресметка меѓу припадници на мексиканската армија и членови на локалана банда на нарко картел во која биле убиени 11 лица, пренесе AFP
Вооружени мажи стрелале врз воен конвој во градот Сантјаго Папасквиар во сојузната држава Дуранга, соопштила воената команда. Притоа нема податоци за тоа на чија страна се жртвите.Неколку напаѓачи од бандата за кои постои соменвање дека се членови од врвот на нарко картел успеале да побегнат, се додава во армиското соопштение, пренесува агенцијата. Досега во војната меѓу бандите и нарко картелите за превласт во контролирањето на територијата и во нивните судири и напади врз припадници на мексиканскта полиција и војска, загинаа 28 илјади луѓе. Војната беснее отако на претседателската функција стапи Фелипе Калдерон кој им објави војна на наркокартелите ангажирајќи 50 илјади војници како засилување на полицијата.Претседателот Калдерон претходно во четвртокот побара од гувернерите на сојузните мексикански држави поголема поддршка во борбата против организираниот криминал и криумчарите на дроги. Поддршката на сојузната влада на оваа војна против нарко картелите се покажува како недоволна, особено во државите каде гувернерите не и припаѓаат на владејачката партија на Калдерон. Се пожестоката војна и се поголемата бруталност во меѓусебните пресметки, предизвикаа некои мексикански политичари меѓу кои е и поранешниот претседател Винсент Фокс да предложат легалиирање на трговијата со дроги, за да се урнат цените со што би опаднала и големата заработка која е главната причина за крвавите пресметки меѓу бандите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата: Потребно е итно да се достави хуманитарна помош во Газа
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав Четиринаесетти, денес во Ватикан се сретна со палестинскиот претседател Махмуд Абас, со кого разговараше за итната потреба од прекин на конфликтот во Газа и за доставување хуманитарна помош.
Како што објави Ватикан, pапата ја повтори потребата од решение за израелско-палестинскиот конфликт со две држави.
Во соопштението се наведува дека за време на „срдечните разговори во Апостолската палата, двете страни ја нагласија итноста од обезбедување хуманитарна помош за цивилното население во Газа и ја нагласија важноста од прекин на конфликтот преку решение за две држави“.
Средбата се одржа по повод десетгодишнината од потпишувањето на Сеопфатниот договор меѓу Светата столица и Државата Палестина.
Денешниот разговор беше првата средба меѓу двајцата, бидејќи претходно комуницираа по телефон.
Еден ден пред средбата со папата Лав Четиринаесетти, Абас ја посети базиликата Света Марија Маџоре за да му оддаде почит на гробот на папата Францискo.
Посетата беше неговиот прв чин по пристигнувањето во Рим во средаta попладне.
„Дојдов да го видам гробот на папата Францискo, бидејќи не можам да заборавам што направи за Палестина и за палестинскиот народ. Не можам да заборавам дека ја призна Палестина, без никој да го замоли да го стори тоа“, рече Абас.
Фото: принтскрин
Свет
Трамп: Ќе видиме како еден комунист ќе го води Њујорк
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е подготвен да соработува со новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, но во исто време нагласи дека Мамдани ќе мора да покаже „целосно почитување“ кон Вашингтон ако сака да постигне успех.
Трамп ги даде овие изјави откако Мамдани ги претстави членовите на својот тим, кратко по историските избори на кои стана првиот муслимански и јужноазиски градоначалник на најголемиот град во САД.
Реагирајќи на изјавите на Мамдани во изборната ноќ, во кои вети дека ќе му се спротивстави на Трамп, американскиот претседател ги оцени тие коментари како „опасни“.
„Тој мора да покаже одредено почитување кон Вашингтон, бидејќи ако не го стори тоа, нема шанси да успее. И сакам тој да успее. Сакам градот да успее“, додаде Трамп, брзо појаснувајќи дека сака Њујорк да успее, а не мора самиот Мамдани.
Порано во средата, Трамп посочи дека неговата администрација ќе му помогне на новиот градоначалник иако го нарече „комунист“.
„Комунистите, марксистите и глобалистите имаа своја шанса и донесоа само катастрофа. Сега да видиме како еден комунист ќе го води Њујорк. Ќе видиме како ќе се покаже“, рече Трамп на состанокот на Американскиот бизнис форум во Мајами, Флорида.
Мамдани, чија програма вклучува бесплатна универзална грижа за деца, бесплатен јавен автобуски превоз и државни продавници за храна, ја отфрли комунистичката етикета, опишувајќи се себеси како демократски социјалист.
Во говорот во кој ги изложи своите приоритети во средата, Мамдани, кој треба да ја преземе функцијата на 1 јануари, ја повтори својата решеност да му се спротивстави на Трамп, но исто така изрази подготвеност за дијалог со неговата администрација.
„Нема да штедам зборови кога станува збор за претседателот Трамп. Ќе продолжам да ги опишувам неговите постапки какви што се, но секогаш ќе го правам тоа оставајќи ја вратата отворена за дијалог“, рече тој.
Фото: принтскрин
Свет
Кинески астронаути заробени во вселената откога беа погодени од вселенски отпад
Тројца кинески астронаути – Ванг Џие, Чен Жонгруи и Чен Донг – ќе мора да го продолжат својот престој на вселенската станица Тјангонг откако нивниот модул за враќање беше погоден од сомнително парче вселенски отпад, соопшти Кинеската вселенска агенција (CMSA).
Инцидентот се случил само неколку часа пред закажаното враќање на Земјата, што довело до одложување на мисијата Шенжоу-20. Засега не е познато колку е оштетена капсулата или кога екипажот ќе може да се врати.
Астронаутите кои престојуваат во Тјангонг од 24 април успешно ги предадоа должностите на новиот екипаж на Шенжоу-21, кој пристигна на 31 октомври. CMSA изјави дека во моментов се спроведува детална анализа на влијанието и проценка на ризикот за да се обезбеди безбедноста на сите шест астронаути на станицата.
Досега, кинеските власти не објавија никакви дополнителни информации за обемот на штетата или новиот датум на враќање.
Фото: принтскрин

