Свет
Без договор завршија преговорите во Истанбул
Во саботата во Истанбул завршија без договор дводневните разговори на претставниците на шесте меѓународни посредници (САД, Русија, Кина, Франција, Велика Британија и Германија) со Иран за решавање на иранското нуклеарно прашање, објавија светските агенции повикувајќи се на дипломатски извори
Резултатот од преговорите, прво во текот на денот ќе ги сумира Високиот претставник на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, Катрин Ештон, а потоа и шефот на иранската делегација, секретарот на Врховниот совет за национална безбедност Саид Џалили, соопшти турското министерство за надворешни работи. Шесте светски сили се разочарани од однесувањето на Иран на преговорите за нуклеарната енергија и од тоа што преговорите завршија бе договор, бидејќи иранските услови биле неприфатливи, изјави набргу потоа Ештон.На прес-конференцијата за новинарите по завршувањето на дводневните разговори Ештон изјави дека засега нема планови за натамошните сотаноци, но дека вратите за Иран остануваат отворени. „Тој процес може да напредува ако Иран реши позитивно да реагира. Ние сега чекаме да слушнеме дали Иран ќе реагира по размислувањето“, изјавила Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Кетрин Ештон.Спроед Ештон, разговорите се блокирале кога иранската страна инсистирала на тоа да се укинат санкциите наметнати од Советот за безбедност на Обединетите нации кои беа воведени бидејќи Техеран не сакаше да го запре збогатувањето на ураниумот. Техеран од шесте учеснички на разговорите барал да му го признаат правото на збогатување на ураниумот, што како што рекла Ешто, не било прифатливо.Иранскиот претставник Аболфази Зохреванд, како помошник на главниот ирански преговарач Саид Џалили, рекол дека преговорите ќе продолжат, иако се’ уште нема одредено ни место ни датум за нивно одржување.„Преговори ќе има, но се’ уште не решивме ни каде ни кога’, рекол Зохреванд. Ситуацијата околу иранската нуклеарна програма ескалираапе по 11 февруари 2010 г., кога иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад изјави дека Техеран го произведе првото количество збогатен ураниум до 20 отсто и дека има потенцијал да произведе збогатен ураниум со повисок степен на збогатеност. Тој исто така најави планови за тројно зголемување на производството на збогатен ураниум. Шесте држави во 2003 г., заедно со Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) побараа од Иран да го суспендира збогатувањето на ураниумот, што може да претставува закана за договорот за нераспространувањето на нуклеарно оружје. Разговорите беа прекинати во 2009 г., кога на Одборот на гувернери на ИАЕА го осуди Иран за изградба на втората фабрика за збогатување на ураниум и го повика Техеран да докаже дека не донесол одлуки за изградба на други нуклеарни објекти, кои не се приајвени и проверени од Агенцијата. САД и другите западни земји го обвинуваат Иран дека развива нуклеарно оружје под маската на цивилна програма за нуклеарна енергија. Техеран ги негира обвиненијата, велејќи дека неговата нуклеарна програма е насочена кон задоволувањето на потребите од електрична енергија на земјат, како и за медицински цели. .
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Девојка нападнала полицаец со нож во Белград, тој ја застрелал во ногата
Во центарот на Белград, пред полициската станица Савски Венац, рано утрово околу 4 часот, 24-годишна државјанка на Босна и Херцеговина со нож нападнала полицаец на должност, кој потоа ја ранил во ногата, дознава српски Телеграф.
Според српските медиуми, инцидентот се случил на влезните скали на станицата. Полицаецот прво се обидел да избегне повеќекратни напади и да ја совлада девојката, но таа не се откажала од нападот и покрај неговите предупредувања. За да се одбрани, полицаецот бил принуден да го употреби службениот пиштол и ја застрелал во ногата.
Девојката е однесена во болница
Девојката по инцидентот веднаш била однесена во Военомедицинската академија (ВМА). Според првичните информации, таа е свесна, комуникативна и претрпела повреда на долниот екстремитет. Полицијата спроведе истрага на лице место. Мотивот за нападот врз службеното лице засега е непознат и ќе се утврди за време на детална истрага што ќе ја спроведат надлежните органи.
Свет
(Фото) Анџелина Џоли отиде во Украина: посетата прекината од сирени за воздушен напад
Холивудската ѕвезда и хуманитарка Анџелина Џоли беше во ненадејна посета на украинскиот град Лавов, каде што се сретна со деца и волонтери. Нејзината посета, која требаше да биде мирна, набрзо доби драматичен пресврт, покажувајќи му на светот суровата реалност на војната, пишува Политико.
За време на нејзиниот престој, Џоли беше видена во едно од локалните кафулиња, а подоцна посети интернат и медицински центар. Разговараше со деца погодени од војната, нудејќи им зборови на утеха. Посетата беше организирана како дел од нејзината улога како специјален пратеник на Високиот комесаријат на ОН за бегалци, која ја извршува веќе многу години.
Очигледниот мир од нејзината хуманитарна посета беше нарушен кога сирените за воздушни напади се огласија низ градот. Снимките што станаа вирални покажаа како актерката е брзо пренесена во засолниште од страна на нејзините обезбедувачи. И покрај опасноста, Џоли остана смирена, дури и мавтајќи кон камерата, живописно прикажувајќи го секојдневниот живот на Украинците.
Инцидентот ја истакна континуираната закана со која се соочуваат милиони Украинци. Иако накратко прекината, посетата на Анџелина Џоли го пренасочи глобалното внимание кон континуираната хуманитарна криза во земјата и страдањето на нејзиното цивилно население.
фото: принтскрин
Свет
(Видео) Најмалку 114 мртви во поплавите на Филипините: водата ги голта куќите и улиците
Бројот на жртви од катастрофалните поплави предизвикани од еден од најсилните тајфуни оваа година во централните Филипини се искачи на најмалку 114, потврдија властите во четврток.
Тајфунот Калмаеги го погоди регионот, поплавувајќи цели градови и села, а островот Себу е најтешко погоден, објави Би-би-си.
Себу, најнаселениот остров во регионот, регистрираше 71 смртен случај, 127 лица се водат како исчезнати и 82 повредени. Властите на Себу објавија дополнителни 28 смртни случаи кои не се вклучени во официјалниот национален број на жртви.
UPDATE: TYPHOON TINO
Typhoon Kalmaegi (TINO) inflicted widespread devastation in the Phillipines.
Over 65 fatalities have been reported, and dozens of people are still missing.
Entire towns were induated by the powerful typhoon, leaving thousands displaced. pic.twitter.com/qqwSvavjib
— Chyno News (@ChynoNews) November 5, 2025
Повеќето од жртвите се удавија откако бурата предизвика порои од каллива вода што се спуштија по ридовите.
Официјалниот број на жртви вклучува и шест члена на екипажот на воениот хеликоптер што се урна на островот Минданао додека леташе за да им помогне на спасувачките екипи во вторникот.
Штетата е огромна – многу згради се однесени, а повлекувачките води оставија зад себе дебели слоеви кал. Локалните власти го опишаа уништувањето како „незапамтено“.

Националната агенција за катастрофи соопшти дека повеќе од 400.000 луѓе се раселени на Себу, остров со 2,5 милиони жители.
Калмеги се зајакнува, му се заканува на Виетнам
Тајфунот го напушти подрачјето на Филипините рано во четврток наутро и оттогаш се засили, со ветрови што достигнаа брзина од 155 км/ч. Се очекува да стигне до брегот на централен Виетнам во петок наутро, каде што жителите се борат со поплави и рекордни врнежи од дожд веќе една недела.

Повеќе од 50 летови се откажани или пренасочени поради пристигнувањето на бурата. Тајланд исто така се подготвува за бурата, а локалните власти предупредуваат на можни ненадејни поплави и лизгање на земјиштето.
фото: принтскрин

