Спорт
Роиг и Суботиќ победија на маратонот во Охрид
Марк Роиг од Шпанија и Ана Суботиќ од Србија се победници на јубилејното, 25-то издание на Охридскиот атлетски маратон
На стартот на трката, која традиционално по повод Денот на независноста 8 септември, се трча на 30 километарската патека од Свети Наум до Охрид, се појавија вкупно 92 маратонци, 78 во машка и 14 во женска конкуренција.Во машка конкуренција титулата освоена минатата година ја одбрани Марк Роиг. Шампионот на Шпанија во 2007 година на 5 и 10 километри, патеката ја мина со време од 1 час, 39 минути и 42 секунди. Роиг за 39 секунди не успеа да го собори рекордот на патеката кој во 1993 година го постави Бранко Девиќ.„Бев многу блиску до соборување на рекордот, сигурен бев дека тоа ќе се случи на оваа трка. На почетокот стартувавме со многу брзо темпо, подоцна во текот на трката почувствував замор. Патеката е доста тешка, со многу угорнини и надолнини, едноставно моите нозе беа уморни. Се надевам дека следната година ќе го соборам рекордот на патеката“, изјави по пристигнувањето на целта победникот Роиг. Зад шпанскиот атлетичар на целта влегоа Тамаш Ковач од Унгарија со време од 1 час, 40 минути и 52 секунди, и Нелс Стрик од Холандија, тој делницата ја мина за 1 час, 42 минути и 9 секунди.Кај дамите на својот дебитантски настап во Охрид победи Ана Суботиќ. Атлетичарката од Србија на целта стигна со нов рекорд на патеката, 1 час, 55 минути и 23 секунди. Победничкото време е за речиси десет минути побрзо од претходниот рекорд на Шаламанова истрчан во 2006 година.„Задоволна сум од ритамот со кој ја претрчав патеката. Јас сум прв пат во Македонија и импресионирана сум од околината“, вели победничката Суботиќ.Второто место го освои Светлана Шепељева од Молдавија со време од 2 часа, 1 минута и 19 секунди. Црногорката, Слаѓана Перуновиќ го освои третото место со резултат од 2 часа, 3 минути и 43 секунди.Од македонските преставници, најдобро пласиран беше Зоран Саздов на седмото место. Атлетичарот од А.К. Беласица со своите 48 години, воедно беше и најстариот учесник на маратонската трка. Познатиот маратонец Трпе Мартиновски во конечниот поредок го освои осмото место.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ зачекорија во финалето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити со „една нога“ се во финалето на Лига Купот на Англија, откако во првиот натпревар од полуфиналето го победија Њукасл на гостински терен со 2:0.
Херој на „граѓаните“ на „Сент Џејмс Парк“ беше Антоан Семењо, новодојденец од Борнмут кој го постигна вториот гол во вториот натпревар за Сити.
Се играше 53-та минута кога брзоногиот крилен напаѓач, на асистенција на Бернардо Силва, постигна гол и, веројатно, го реши ова полуфинале. Десет минути подоцна репрезентативецот на Гана постигна уште еден гол, истиот беше поништен од ВАр собата.
„Граѓаните“ ја потврдија победата и си обезбедија мирен реванш на домашен терен, кога Рајан Шерки постигна гол во 99-та минута.
Реваншот ќе се одигра на 4 февруари на стадионот „Итихад“ во Манчестер.
Лондонските ривали Челзи и Арсенал се среќаваат во второто полуфинале, а првиот натпревар е закажан за среда на стадионот „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
Роџерс Мато има договор со Хартс
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс.
Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи.
Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година.
Спорт
Мајкл Керик го презеде Манчестер Јунајтед
Неколку дена по оставката што му беше врачена на Рубен Аморим, Манчестер Јунајтед го објави неговиот наследник.
Како што беше објавено, клупата ќе ја преземе Мајкл Карик, кој ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ во остатокот од сезоната.
„Мајкл Карик се врати. Нашиот поранешен капитен ќе биде наш главен тренер до крајот на сезоната 2025/26“, се вели во официјалното соопштение.
Карик одигра 464 натпревари за Јунајтед, освојувајќи пет титули во Премиер лигата, ФА Купот, два Лига Купа, Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Светското клупско првенство.
Тој се приклучи на првиот тим откако се пензионираше како играч во 2018 година и работеше под водство на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.
По заминувањето на Норвежанецот, Карик го водеше тимот како вршител на должноста менаџер.
Поранешниот англиски репрезентативец последен пат беше вработен во Мидлсбро, кој го водеше две и пол години, од октомври 2022 година.
Foto/ depositphoto

