Спорт
Ирската влада бара да се преигра баражот со Франција
Ирскиот министер за правда Дермонт Ахерн побара да се преигра баражот меѓу Франција и Ирска, откако Французите се пласираа на светското фудбалско првенство по очигледната игра со рака на Тјери Анри
Ирскиот министер за правда Дермонт Ахерн побара да се преигра баражот меѓу Франција и Ирска, откако Французите се пласираа на светското фудбалско првенство по очигледната игра со рака на Тјери Анри при постигнувањето на решавачкиот гол.
Ахерн изјави дека ја замолил Ирската фудбалска федерација да поднесе официјален протест, поради спорниот гол што и овозможи на Франција пласман на Мундијалот.
„Триколорите“ во средата ја пречекаа Ирска во Париз со предност од првиот натпревар во Даблин (1-0). Ирците се раваншираа со иста мерка, но Французите успеаја да постигнат гол во продолжението и беа подобри во бараж пресметката со вкупен резултат 2-1.
„Ако овој резултат остане да важи, тоа ќе го засили мислењето дека „тој што мами, секогаш победува“, изјави ирскиот министер за правда./крај/бгнес/ег/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шкендија против Лех или Самсунспор во плејофот
Македонскиот шампион Шкендија, успеа да избори пласман во нокаут фазата, во Конференциската лига. Во Ларнака, синоќа, Шкендија загуби од АЕК (1:0), но поради гол разликата, успеа да го освои 22-то место.
Шкендија стана првиот тим од Македонија што успеал да влезе во нокаут фазата на едно европско натпреварување. Во плејофот противник на Шкендија ќе биде Лех познањ (полска) или Самсунспор (Турција). Натпреварите се на програмата на 19 и 26 февруари наредната година. Познато е дека Шкендија ќе биде домаќин во првиот натпревар.

Историскиот пласман во нокаут фазата на клубот му донесе заработка од 6.000.000 евра. Пласманот во главната фаза и резултатите остварени во шесте натпревари на клубот му донесоа 5.800.000 евра, а дополнителни 200.000 евра клубот заработи со пласманот во плејофот.
Foto/ EPA
Спорт
Ленгле ќе паузира два месеци
Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Клемент Ленгле, нема да игра два месеци поради повреда, објавува „Марка“.
Ленгле се повреди во средата, на натпреварот од Купот против Атлетико Балеарес (3:2), кога го напушти натпреварот по 10 минути.
Клубот од Мадрид не објави колку долго Ленгле ќе биде отсутен од теренот.
„Ленгле претрпе тешко истегнување на медијалниот колатерален лигамент без придружни повреди, што беше дијагностицирано од медицинскиот персонал на клубот по тестовите извршени врз дефанзивецот, кој беше подложен на магнетна резонанца и дополнителна евалуација во четвртокот. Неговата состојба ќе се следи за понатамошен развој на ситуацијата“, се наведува на веб-страницата на Атлетико.
Францускиот фудбалер одигра 12 натпревари за Атлетико во сите натпреварувања оваа сезона.
Атлетико е на четвртото место на табелата во шпанското првенство со 34 бода, а во недела ќе гостува во Џирона во 17-то коло.
Спорт
Навивач на ПАО го удрил сопственикот на Хапоел
Панатинаикос, во дерито во Атина, синоќа го победи го победи Хапоел Тел Авив со 93:82, но натпреварот го засени инцидентот што се случи за време на паузата помеѓу двете полувремиња.
На полувремето, навивач на ПАО го удри, а потоа упати вербални закани до сопственикот на израелскиот клуб, Офер Јанај, кој се најде во многу непријатна ситуација.
Веднаш по натпреварот, атинскиот клуб се огласи и остро го осуди овој гест, и доживотно му забрани на неименуваниот навивач да присуствува на натпревари.
Како што беше објавено, на навивачот му бил конфискуван сезонскиот билет и доживотно му е забранет влез во арената „ОАКА“ каде што игра ПАО.
Клубот соопшти дека насилното и расистичкото однесување немаат место во салата на Панатинаикос, нагласувајќи нулта толеранција за инциденти што ја нарушуваат безбедноста и угледот на клубот.
Во многу возбудлив натпревар во Атина, видовме неколку серии и пресврти, но на крајот ПАО го зададе последниот удар на почетокот на четвртат четвртина, по што Хапоел немаше сили да се врати уште еднаш во натпреварот.
Најефикасен во тимот на Панатинаикос беше Кендрик Нан со 19 поени, Чеди Осман помогна со 17, додека Јуцевен заврши со 11.
Во тимот на Хапоел се истакна Енис со 16 поени, Блекни и Брајант постигнаа по 14.

