Свет
ЕТА планирала атентат врз шпанскиот крал Карлос?
Пред неколку години ЕТА планирала да го убие шпанскиот крал Хуан Карлос. Според информацијата на баскиски дневен весник што ја пренесуваат новинските агенции, атентатот требало да биде извршен со ракета земја-воздух со која би бил гаѓан кралскиот авион или хеликоптер
Информацијата за наводно планираниот атентат врз шпанскиот суверен Хуан Карлос, потекнува од француски анти-терористички извори, според кои деталите од планот на ЕТА за атентатот биле снимени на цд-ром. Материјалот, според баскискиoт дневен весник El Correo, биле најдени во април 2004 г. во куќа во француска Баскија. Весникот пишува дека деновиве инкриминиранито материјал бил анализиран до француските безбедносни агенции. Покрај кралор Карлос, во овој план биле предвидени исто такви ракетни напади и врз воздухоплови со кои се превезувале шпански миснитри.Дека на планот за ликвидирање на шпанскиот крал било сериозно работено од структурите на ЕТА, зборува податокот дека во истата куќа во која бил пронајден материјалот биле откриени и остатоци од ракета, за која француската полиција се сомневала дека била користена во пробно гаѓање при подготвоките за атентатот. Неколку месеци подоцна, во октомври 2004 г., во засолниште на ЕТА во Франција, полицијата открила уште две ракети од типот змеја-воздух.Француските медиуми пишуваат дека тамошните валсти во неделата не можеле да ја потврдат информацијата за наводниот атентат врз шпансктио крал Хуан Карлос. Шпанските медиуми, пак, пишуваат дека ЕТА неколкупати планирала и имала обиди да го ликвидира кралот. Еден од тие обиди бил токму во април 2004 г. кога снајперист на баскискаат терористичка организација требало да го ликвидира Хуан Карлос на Мајорка.Во петокот на париската железничка станица Монпарнас беше уапсен висок припадник на ЕТА Екаиц Сирвент Озменди. Озменди од шпанската полиција е означен како втор човек во логистиката на ЕТА а едени од петмината врвни терористички ракводители на баскиските сепаратисти. На 5-ти април, пак, кој границата со Италија, во градот Гренобл во гаража беа откриени 300 килограми експлозивза кој француската полиција потврди дека и’ припаѓа на ЕТА.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран најави враќање на интернетот и му порача на Трамп: Подготвени сме за војна, но и за дијалог
Интернетот наскоро повторно ќе биде достапен низ целиот Иран, објави иранскиот заменик-министер за надворешни работи, Абас Арагчи, објави Ал Џезира.
Тој нагласи дека владата тесно соработува со безбедносните служби за решавање на проблемот и потврди дека интернет-поврзувањето ќе биде вратено и во амбасадите и владините министерства, објавија странските медиуми.
Арагчи, исто така, се осврна на предупредувањето на американскиот претседател Доналд Трамп за можна воена акција доколку протестите во Иран станат насилни.
Иранскиот министер ги нарече ваквите закани „терористички чин“, тврдејќи дека изјавите на Трамп ги мотивирале „терористите“ да ги нападнат демонстрантите и безбедносните сили со цел да предизвикаат странска интервенција.
И покрај тензиите, Арагчи заврши со помирувачка, но цврста порака: „Подготвени сме за војна, но и за дијалог“.
Европа
Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта
Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.
Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.
И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.
Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.
Регион
Србија прогласи вонредна состојба поради снегот: Илјадници домаќинства без електрична енергија
Србија утрово се разбуди под снег и мраз, а поради лошите временски услови, вонредна состојба е во сила во дури 11 општини и градови. Најголеми проблеми се прекините на електричната енергија, поради што повеќе од 6.000 домаќинства останаа без струја, пишува Н1 Србија.
Илјадници домаќинства без струја
Милорад Спасојевиќ од Секторот за вонредни ситуации потврди за РТС дека најголемиот проблем е прекинот на електричната енергија. „Околу 6.450 потрошувачи се без струја. Најлошо е во златиборската, колубараската, моравичката и мачванската област“, рече Спасојевиќ.
Цела Србија се разбуди со температури во минус. Најстудено беше на Копаоник, каде што беа измерени -17 степени, додека најниските температури меѓу градовите беа забележани во Кикинда и Сјеница, со -10 степени.
Според податоците од Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) од 6:09 часот наутро, во Белград, Ниш и Крагуевац се измерени -5 степени, а во Нови Сад -8 степени. На Црни Врх, каде што е регистрирана и снежна бура, температурата била -13 степени, а на Златибор -11 степени. По многу студеното утро, се очекува температурата да се зголеми на некои места во текот на денот.
Поради опасни временски феномени, утрово е во сила портокалова временска тревога за Белград, Бачка, Банат, Срем, Западна Србија, и Југозападна Србија.

