Свет
Северна Кореја се закани со зајакнување на својата нуклеарна моќ
Северна Кореја најави дека ќе го зголеми потенцијалот за нуклеарно оружје, затоа што американскиот претседател Барак Обама ги игнорира нивните барања за мир.
Северна Кореја најави дека ќе го зголеми потенцијалот за нуклеарно оружје, затоа што американскиот претседател Барак Обама ги игнорира нивните барања за мир.
„САД не се двоуми да ја уништи Кореја, вклучувајќи ги и воените закани, економските санкции, идеолошкото и културно труење. Кореја ќе продолжи да ја зајакнува нуклеарната моќ се додека траат провокациите и воената закана од страна на САД.“, изјави неименуван министер за надворешни работи на Северна Кореја, за локалната новинска агенција.
Оваа реакција следеше откако во понеделникот САД и Јужна кореја започнаа заедничка воена вежба во која учествуваат речиси 40 илјади војници. Таквите вежби се одржуваат секоја година, а Северна кореја секогаш бурно реагира но, поминува без поголеми инциденти./крај/хи/ин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
НАТО повика на целосна истрага за причините за авионската несреќа
НАТО во Брисел повика на целосна истрага за причините за авионската несреќа во Казахстан.
„Нашите мисли и молитви се со семејствата и жртвите на летот Ј28243 на Азербејџан ерлајнс“, рече портпаролката на НАТО, Фарах Дахлалах.
На повредените во несреќата им посакуваме брзо закрепнување и повикуваме на целосна истрага“, додаде таа.
Our thoughts and prayers are with the families and victims of #AzerbaijanAirlines flight #J28243. We wish those injured in the crash a speedy recovery and call for a full investigation.
— NATO Spokesperson Farah Dakhlallah (@NATOpress) December 26, 2024
Свет
Пристигна реакција на Кремљ: Погрешно е да се изнесуваат хипотези
Набргу откако почнаа да се шират теориите дека авионот бил соборен од руска ракета, реагираше портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков.
„Би било погрешно да се изнесуваат какви било хипотези пред заклучоците на истрагата. Ние, се разбира, нема да го сториме тоа и никој не треба да го прави тоа. Мора да почекаме истрагата да биде целосно завршена“, рече Песков.
Владини извори на Азербејџан денеска потврдија за Еуроњуз дека падот на авионот во кој загинаа 38 патници, од кои некои преживеаја, при слетување во близина на градот Актау во Казахстан бил предизвикан од руски проектил земја-воздух.
Истата информација ја пренесе и „Ројтерс“ повикувајќи се на четири извори.
Свет
Затворени сите аеродроми во Москва
Руската агенција за цивилно воздухопловство денеска соопшти дека сите четири аеродроми во Москва и аеродромот во Калуга, 160 километри југозападно од Москва, се привремено затворени, но не наведе причина.
„Авионските екипажи, контролорите на летање и аеродромските служби ги преземаат неопходните мерки за да се обезбеди безбедност на летот“, се вели во соопштението на Росавијација.
Московските аеродроми последен пат беа затворени кон средината на минатиот месец, откако Украина рано наутро лансираше најмалку 25 беспилотни летала насочени кон Москва.
Росавијација потоа објави на Телеграм дека „за безбедност на летовите на цивилните авиони, воведени се привремени ограничувања за работата на аеродромите Домодедово и Жуковски“.