Свет
Вуд: Никој не знае во која фаза е иранската нуклеарна програма
Соработникот на германскиот Маршалов фонд во САД, Џозеф Вуд изјави дека никој не знае во која фаза е иранската нуклеарна програма.
Соработникот на германскиот Маршалов фонд во САД, Џозеф Вуд изјави дека никој не знае во која фаза е иранската нуклеарна програма.
„Она што се знае што се знае врз основа на извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија е дека програмата значајно напредува во поглед на збогатување на ураниумот. Иран најверојатно поседува експертиза за користење на Конкретните резултати според Вуд ќе се знаат оној момент кога Иран ќе соопшти дека поседува бомба, а потоа дека има средства за нејзина употреба.
За тоа дали постои можност за воена конфронтација со Иран, доколку Техеран не се откаже од нуклеарниот програм, Вуд рекол дека не знае дали ќе дојде до директна акција на САД, сојузниците или на Израел против Иран. Тој посочил дека не постои консензус за таква акција.
„Нападот на Иран би можел да има негативни последици во поглед на политичките и другите односи со исламските земји. Таков потфат би бил многу скап и прашање е дали би бил успешен“, укажал Вуд.
Тој рекол дека доколку Иран се фати за нуклеарното оружје ќе дојде до драматичен пресврт во регионот. Вуд смета во тој случај, земјите од регионот, би можеле да заземат став дека и тие треба да произведуваат нуклеарно оружје, за да му парираат на Иран, а тоа би довело до зголемување на напнатоста и несигурноста.
Во врска со написите во Њујорк тајмс за тоа дека Белата куќа ја преиспитува својата нуклеарна политика и најавува дека под извесни услови би можела да користи нуклеарно оружје, Вуд рекол дека САД не ја исклучува можноста за употреба на нуклеарно оружје./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден зборуваше за дебатата со Трамп, но и за детали од неговиот личен живот
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека ќе учествува на дебата со Доналд Трамп, неговиот републикански противкандидат на ноемвриските избори.
„Не знам кога“, изјави Бајден во интервјуто со Хауард Стерн и додаде дека со нетрпение го очекува тоа, пренесе Ројтерс.
Бајден раскажуваше семејни приказни и рече дека пелтечењето било подготовка за тешките удари во животот. Тој рече дека пелтечењето како дете било најдоброто нешто што му се случило. Додаде дека на крајот го надминал пелтечењето, но дека повремено му се враќа кога зборува во јавност.
Интервјуто со Хауард Стерн се случи додека Бајден присуствуваше на политички настан во Њујорк.
За време на интервјуто, тој презентираше многу биографски детали, обидувајќи се да се претстави пред гласачите. Бајден, исто така, рече дека неговиот татко, Џозеф Робинет Бајден постариот, ретко покажувал љубов и раскажал приказна што напраавил кога бил нокаутиран додека играл рагби кога бил во четврто одделение.
„Татко ми излезе со нас и рече Џои стани. Само стани. Мора да станеш“, раскажал Бајден.
Свет
(Видео) Снимка од Ердоган хит на социјалните мрежи: Телохранител му подаде чешел на турскиот претседател, а потоа цела делегација мораше да застане
Видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи.
Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, цело време беше придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаше.
— Pluton (@Pluton45873221) April 26, 2024
Откако заврши со средувањето на косата, Ердоган му го даде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкај, насмеан.
Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од формирањето на Уставниот суд.
Свет
Се слушнало тропање и силни вибрации: Боинг изгубил дел за време на лет, извршил принудно слетување
Авионот на „Делта ерлајнс“ кој утрово полета од аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк мораше да се сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи, пренесува „Индекс“.
Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале звук на тропање.
Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пишува „ABC7 New York“.
„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент отпадот за итни случаи паднал“, рече портпаролот на „Делта“. За време на инцидентот во „Боингот 767“ имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.
Патниците биле префрлени во друг авион, кој полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот чиј дел за итни случаи паднал е стар 33 години и нема да биде во служба додека „Делта“ не ја процени неговата соодветност. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.