Свет
Пакистанската христијанска обвинета за сквернавење останува во затвор до петок

Малолетната неписмена христијанка обвинета во Пакистан за сквернавење на муслиманската света книга Куранот, ќе остане во затвор најмалку до петок, бидејќи поради штрајкот на адвокатите откажано е во понеделникот рочиштето на кое требаше да се разгледува нејзиното пуштање на условна слобода.
Четиринаесетгодишната Римша Маши од сиромашното предградие Мехрабад на пакистанската престолнина Исламабад, во затвор е веќе две седмици бидејќи наводно изгорела страници од муслиманската света книга Коранот, што во Пакистан се казнува со доживотен затвор, меѓутоа во саботата беше уапсен имамот од соседната џамија кој, според изјави на сведоци, ги лажирал обвинувањата и подметнал докази.
Судијата Мохамед Азам Хан поради штрајкот на адвокатите, го одложи за во понеделникот закажаното сослушување за во петок, на што не се спротистави адвокатот на девојчето.
„Веќе нема никакви основи за обвинувањата“, изјави за AFP, адвокатот Раџа Икрам.
Шаумаун Алфред Гил, портпарол на Сојузот на пакистанските малцинства порача дека „Римша треба веднаш да биде ослободена. Елементите поднесени против неа се лажни, значи нема никаква причина да седи во затвор“.
Сојузот на пакистанските малцинства ги застапува различните етнички и религиозни групи во земјата во којашто 97 отсто од 180 милионското население го исповеда исламот.
Пакистанската полиција во саботата го уапси имамот Хафиз Мохамад Калид Кишти. Неговиот помошник Муалави Зибаир и уште две лица им потврдиле на истражните органи дека имамот самиот ги додал страниците на Куранот на веќе изгорите коишто му ги донел сведок, соопшти за агенцијата полициски истражител.
Помошникот и сведоците го молеле имамот да не прави лажни докази против девојченцето, меѓутоа имамот одговорил дека станува збор за „единствениот начин да бидат истерани христијаните од таа анселба“.
Истражителот објаснил дека со ставањето на страниците од Куранот на пепелта всушност самиот имам направил сквернавење на светата книга, па сега тој е обвинет за сквернавење./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.
Свет
Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации. Во последното соопштение се наведува дека 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција поради тешка неухранетост.
Според Министерството за здравство во Газа, само вчера починале уште девет лица од глад, со што бројот на жртви од неухранетост од почетокот на конфликтот достигна 122.
Израел, кој го контролира влезот на сите залихи во Газа, повторува дека не постои блокада и ја обвинува Хамас за лошата распределба на ресурсите.
Меѓународната заедница, вклучувајќи ги Германија, Франција и Велика Британија, побара итно олеснување на влезот на помошта, а генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш остро ја осуди „рамнодушноста и недостигот на човечност“ во глобалниот одговор на кризата.