Македонија
Државниот врв останува на ставот за името

Во пресрет на средбата со медијаторот Нимиц, претседателот Ѓорге Иванов изјави дека државниот врв има утврдено државна стратегија од која не планира да отстапи
Македонскиот државен врв е во постојана координација во врска со ставот за името и тој став му е соопштен на амбасадорот во САД и на македонскиот преговарач во спорот за името, Зоран Јолевски.Ова денеска го изјави македонскиот претседател Ѓорге Иванов запрашан дали македонските власти имаат усогласен став непосредно пред доаѓањето на медијаторот Метју Нимиц кој ќе пристигне во земјава на 23 февруари.„Не можеме да предвидиме дали и со каков предлог ќе дојде медијаторот Нимиц но очекуваме дека ќе дојде со некое укажување бидејќи е добро запознаен со позициите и на македонската и на грчката страна“, вели Иванов.Тој уште еднаш потврди дека државниот врв има утврдено државна стратегија од која не планира да отстапи.Како што потврдија денеска македонското Министерство за внатрешни работи, Медијаторот Нимиц на 23 февруари ќе допатува во Скопје по покана на македонските власти.Засега се’ уште е неизвесно дали медијаторот ќе одржи заедничка или одделна средба со претставниците на државниот врв. Се уште не се знае датумот на пристигнувањето на Нимиц во Атина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Ова не е буцни прачка, пиј вино“ – Тошковски уверува дека се постапува за дивоградбите во Чаир

Министерството за внатрешни работи постапува по наредба од јавен обвинител во врска со случаите на дивоградби на подрачјето на скопската општина Чаир. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека институциите работат на утврдување на фактите, а резултатите се очекува да бидат видливи во скоро време.
На прес-конференција во Владата, каде што ги презентираше резултатите од првата година од мандатот, Тошковски истакна дека МВР спроведува неселективна и бескомпромисна борба против прекршувањата на законот, нагласувајќи дека постапките се водат и против високи функционери, вклучително и врховни судии, директори, поранешни и актуелни градоначалници.
Во однос на случајот со Чаир, министерот наведе дека не располага со информации дали е веќе утврден конкретен случај на дивоградба, но потврди дека Министерството постапува по наредбата на обвинителството.
„Ќе се видат резултатите, ова не е буцни прачка, пиј вино.. Ќе постапиме како што тоа се прави во секоја европска држава“, рече Тошковски, додавајќи дека ниту еден предмет нема да биде оставен без институционален одговор.
Претходно градоначалничката, Данела Арсовска, до Обвинителството достави документи за незаконски легализации на дивоградби, тврдејќи дека со фалсификат биле легализирани од градоначалникот Висар Ганиу.
Македонија
Не молчевме за корупцијата, а чистевме и во сопствениот двор – Тошковски за сработеното во досегашниот мандат

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на денешната конференција за новинари посветена на сработеното во досегашниот мандат потенцира дека со преземањето на министерството затекнале нефукционален систем, институција без јасна организација, без услови за работа со изгубена доверба кај граѓаните и нагласи дека таква слика на тага и немоќ не смее никогаш повеќе да се види.
„Бандите дивееја, а државните институции молчеа. Пасоши се чекаа со месеци, границите беа хаос, сообраќајот без контрола. Вработените во МВР беа без опрема, без поддршка, без достоинство. Едноставно, така не може да функционира една држава. И така не смее никогаш повеќе да биде! Нашата земја заслужува многу повеќе од тоа“, потенцираше министерот Тошковски и образложи дека целата мината година е потрошена на стабилизација на институцијата и системот во која сепак се постигнати резултати кои претходно не се постигнати со години наназад.
„Дојде време да покажеме дека државата е посилна од било кој криминалец, било која мрежа, било која коруптивна структура. Дојде време да си ја вратиме довербата во институциите. Во изминатата година, разбивме 14 организирани криминални групи. Во нив имаше над 200 сторители, а меѓу нив и една брутална група вмешана во девет убиства, изнуди, палења и напади врз полициски службеници. Ова е доказ дека државата си ја враќа силата и нема да толерира никакво насилство. Оваа влада, ова министерство, нема да седи со скрстени раце додека криминалот ни ги уништува животите. Ние сме тука за да го заштитиме секој граѓанин“, дециден беше министерот Тошковски истакнувајќи дел од постигнатите резултатите.
Министерот за внатрешни работи Тошковски за борбата со дрогата истакна дека се откриени над 860 кривични дела и фатени над 430 килограми наркотична дрога, спречени три обиди за меѓународен шверц, рекордна заплена на кокаин од над девет килограми и запленети над шест тона марихуана од компании за производство на канабис заради злоупотреби и истакна дека за правдата веќе нема недопирливи и секој што ќе се обиде да искористи туѓа ранливост за лична корист, ќе се соочи со институциите и со законот.
„Во делот на корупцијата, не молчевме. Поднесовме кривични пријави против 107 лица и 18 фирми. Се работи за корупција во здравството, енергетиката, даночниот ситем, па дури и во безбедносниот сектор. Овие коруптивни шеми резултирале со штета од над 17 милијарди денари за државата. Ова не се апстрактни бројки, тоа се украдени пари на граѓаните, злоупотребени од поединци што мислеле дека државата е нивна приватна каса. Но времињата се сменија. Ние почнавме да ги враќаме тие средства онаму каде што припаѓаат – во државниот буџет“, рече министерот Тошковски нагласувајќи ги резултатите за борба со корупцијата.
Министерот за внатрешни работи зборуваше и за борбата со илегалната миграција, борбата со криминалците и нечесните во редовите на МВР, активностите за подобрување на состојбата со сообраќајот.
„Чистиме и во сопствениот двор. Отворивме над 230 постапки против вработени во МВР кои не си ја вршеле работата како што треба. Во делот на миграцијата спречивме над 6.000 обиди за нелегален влез, откривме 64 случаи на криумчарење и разбивме меѓународни мрежи кои носеле мигранти. Работиме секојдневно со ФРОНТЕКС и нашите меѓународни партнери и резултатите се видливи. Проектот Безбеден град е нашата одлучна мерка. Камерите ќе регистрираат, системот ќе постапи. Нема повеќе селективна правда. Нема човечки фактор за тоа дали некој ќе биде санкциониран или не. Само вака можеме да спасиме животи. И ќе го направиме тоа, по секоја цена”, дециден беше министерот Тошковски продолжувајќи за системското подобрување на условите за работа во министерството, процесите на дигитализација и унапредување на услугите за граѓаните.
„Го реновиравме Центарот за обука во Идризово, отворивме нов К9 центар, пуштивме во употреба мултимедијален едукативен центар, отворивме нови управни служби во шест општини. Ова не се само згради, туку инвестиции во иднината на полицијата и во квалитетот на услугите за граѓаните. Започнавме и со изработка на проектна документација за изградба на нови и реконструкција на постоечки полициски станици, а во наредниот период ќе се посветиме и на нивната реализација. Обезбедуваме современа опрема, возила, униформи и дигитални решенија затоа што професионалното полициско работење бара современи алатки и стабилна поддршка“, истакна Тошковски.
Министерот за внатрешни работи Тошковски на крајот нагласи дека довербата која ја даваат граѓаните не е привилегија туку обврска и дека изминатата година беше првиот чекор кон враќање на редот, правдата и одговорноста во системот, а во наредниот период ќе се продолжи уште посилно и уште поодлучно.
Македонија
Влен: Со „One Stop Shop“ во Табановце, татковината е поблиску од кога било

Стапувањето во функција на системот „One Stop Shop“ на граничниот премин Табановце претставува значаен чекор напред, кој го олеснува преминот на границата, особено за дијаспората што се враќа за време на летната сезона, велат од „Влен“.
„Овој модел, кој веќе успешно се спроведува на граничните премини Блаце и Јажинце со Република Косово, носи ефикасност, побрза процедура и помалку бирократија. Неговата примена и во Табановце е резултат на јасната политичка заложба на Влен за конкретни реформи што директно го подобруваат секојдневието на граѓаните.
За ВЛЕН, владеењето не е само ветување – тоа се конкретни дела во служба на граѓаните.
Нашата дијаспора заслужува почит и достоинствен третман во секој контакт со државата.
Со „One Stop Shop“, татковината е навистина поблиску – добредојдовте дома!“, велат од „Влен“.