Спорт
Преговорите за иднината на Тевез започнуваат утре

Манчестер Јунајтед одби да ја плати сумата договорена пред две години кога беше постигната согласност за двегодишна позајмица на Тевез, но Дејвид Гил, извршниот директор најави дека Црвените Ѓаволи ќе се обидат да го задржат напаѓачот на Олд Трафорд.
Карлос Тевез е на позајмица во Манчестер јунајтед до 30 јуни по што е слободен фудбалер и секој клуб што сака да го ангажира треба да постигне договор со компанијата која ги поседува економските права на играчот.Но Јунајтед нема да има воопшто лесна задача бидејќи уште неколку клубови од Премиер лигата се заинтересирани за Тевез.Според Sky Sports News, утре агентите на Аргентинецот ќе одржат серија преговори со заинтересираните екипи.Се верува дека на агендата е состанок со четири екипи од Премиер лигата – Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Ливерпул и Челзи.Исто така, има и по еден заинтересиран клуб од Италија и Шпанија, но клубот од Ла Лига не е Реал Мадрид.Тевез најверојатно ќе ја соопшти својата желба дека сака да остане во Англија, па клубовите од Премиер лигата ќе се борат за потписот на Аргентинецот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Спалети повеќе не е селектор на Италија

Лучано Спалети повеќе не е селектор на Италија, беше објавено во недела.
Фудбалскиот сојуз на Италија, му врачи отказ на селекторот по дебаклот во првото коло од квалификациите за Светското првенство во 2026 година во Осло.
Четирикратните светски шампиони беа поразени од Норвешка со 3:0, а сè беше решено веќе во првото полувреме.
Италијанците не се квалификуваа за последните две Светски првенства, а уште еден неуспех да се пласираат на завршниот турнир би бил вистинска фудбалска трагедија на Апенините.
Спалети дојде на чело на „Азурите“ од август 2023 година, кога го наследи Роберто Манчини.
На Европското првенство во Германија минатата година, тие не успеаја да ја одбранат титулата, бидејќи веќе беа елиминирани во осминафиналето од Швајцарија.
Спорт
Три клуба ќе истапдна од Првата лига, два ќе играат бараж за опстанок

На редовната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) беа донесени значајни одлуки поврзани со организацијата и регулативите во македонскиот фудбал.
Усвоен е нивиот систем за натпреварување во Прва МФЛ, Втора МФЛ и Третите регионални лиги, почнувајќи од натпреварувачката сезона 2026/27.
Се врши реорганизација на регионалната поставеност на Третите лиги во шест нови региони, кои дополнително ќе бидат дефинирани преку измени во Правилникот за регионална организација на ФФМ.
Prvata MFL од sezobata 2026/27 ќе брои 10 екипи, а не како досега 12, додека Втората лига се намалува на 14 клубови. Од Првата лига ќе испаднат екипите кои ќе бидат пласирани на 10, 11 и 12. место во шампионатот, додека осмата и деветтата екипа ќе играат бараж за опстанок.
Од Втората лига следната сезона ќе испаднат дури пет екипи, кои ќе бидат пласирани од 12. до 16. место, додека од деветта до 11. позиција ќе играат бараж за опстанок.
Спорт
Манчестер сити се засили со лев бек

Манчестер сити го договори сите детали околу трансферот на дефанзивецот на Вулверхемптон, Рајан Аит Нури.
Според информациите од Островот, „граѓаните“ се согласиле да платат повеќе од 40 милиони евра за обештетување на неговиот поранешен клуб. Договорот ќе биде потпишан на пет години.
Се очекува наскоро да ги помине медицинските прегледи и сè да биде завршено до 20 часот во вторник, за да може Сити да го регистрира за Светското клупско првенство.
Алжирскиот интернационалец пристигна во Вулверхемптон од Анже во 2020 година. Одигра 157 натпревари и постигна 12 гола.
Анже ќе инкасира повеќе од 10 милиони евра од овој трансфер.