Спорт
Деко и Карвалјо во Интер кај Мурињо

Играчите на Челзи, Рикардо Карвалјо и Деко се подготвени да си заминат од Стемфорд Бриџ.
Челниците на лондонскиот клуб пак се подготвуваат да ги санкционираат португалските интернационалци за половина од цената која беше потребна за ги доведат во Челзи. Карвалјо минатата недела ја потврди желбата повторно да биде трениран од Жозе Мурињо како што беше во времето кога тројцата беа дел од шампионскиот тим на Порто.-Кога еден играч добро игра е прекрасно, но кога тој е повреден не добива подршка. Мислам дека на моето време во Челзи се ближи крајот. Срeќен што голем клуб како Интер се интересира за мене. Би било добро да се вратам кај Мурињо. – изјави Карвалјо.Повредите но и годините (и двајцата имаат по 31 година) си го направија своето за двајцата фудбалери. Мурињо пак верува дека искуството на Карвалјо ќе биде главно оружје за Интер, додека пак Деко го потенцира како ментор за седумнаесетгодишниот Фелипе Коутињо кој дојде од Васко де Гама.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Меси пак контра ПСЖ: Од сите кои го освоивме СП само јас не добив признание од мојот клуб

Лионел Меси очигледно не поминал среќни две сезони во Пари Сен-Жермен, откако сега го обвинува францускиот клуб дека не добил признание од својот клуб за освојувањето на Светското првенство.
Меси, конечно, ја предводеше Аргентина до мундијалската титула во Катар во декември, освојувајќи го единствениот трофеј кој му недостасуваше во кариерата. Тој беше прогласен за најдобар играч на турнирот откако постигна гол во сите рунди од шампионатот, вклучувајќи два во финалето против Франциј.
„Јас бев единствениот фудбалер кој не доби признание од својот клуб, за разлика од сите други 25 соиграчи“, вели Меси.
Аргентинецот доби почесен шпалир од неговите соиграчи по враќаањето во тимот по 10-дневната пауза, но официјално од клубот не доби никакво признание. Аргентинските медиуми тврдат дека тој сакал да го донесе трофејот од СП на „Паркот на принцовите“, но клубот се плашел од реакцијата на Килијан Мбапе и другите француски фудбалери.
Спорт
(Видео) Уште ова го немавме видено – Џорџо Кјелини со луд обид за „ножички“

Порнешниот капитен на Јувентус, Џорџо Кјелини можеби има 39 години, но очигледно уште ужива во фудбалот, откако на меч за неговиот Лос Анџелес ФЦ се обиде да даде гол со ножички на мечот со Сент Луис СЦ.
На 0:0 во второто полувреме, дефанзивецот имаше прекрасен обид, кој на крајот заврши во рацете на поранешниот голман на Борусија Дортмунд, Роман Бирки.
„Како добро вино“, коментираа од неговиот поранешен клуб Јувентус на социјалните мреи.
39-years-young.
— LAFC (@LAFC) September 21, 2023
Спорт
Норис: Потребни се поригорозни казни за блокирање и несоодветно позиционирање

Возачот на Мекларен во Формула 1 шампионатот, Ландо Норис, смета дека возачите кои за време на квалификациите и тренинзите ги попречуваат натпреварувачите кои се во брз круг мора да бидат построго санкционирани, бидејќи блокирањето со несоодветно позиционирање ги надминло сите мерки.
За време на Големата награда на Сингапур, предмет на истрага од страна на ФИА беше бранителот на титулата и лидер во генералниот пласман Макс Фестапен. Возачот на Ред Бул, и покрај тоа што му пречеше на Јуки Цунода во брзиот круг и застанувањето од 14 секунди на излезот од боксот, помина само со опомена, наместо да биде казнет.
„Мислам дека блокирањето на патеката автоматски треба да значи казнување. Знам дека тимот добива парична казна во тој случај, но одговорноста на возачот е да погледне во ретровизорите. Тој нема што друго да прави за време на загревачкиот круг, но ми се чини дека возачите се мачат и со тоа“, изјави Норис и додаде:
„Потребни ни се поригорозни казни за блокирање на другите, ситуацијата излезе од контрола. Го уништува брзиот круг на возачите што доаѓаат. Може да уништи и нечии квалификации, затоа Јуки немаше шанса да го подобри својот пласман“.
Норис е на осмото место во шампионатот со 97 бодови, додека лидерот Ферстапен има 374.
Викендов во Ф1 на програмата е Големата награда на Јапонија.