Контакт

Спорт

Италија повторно и одржа лекција на САД

Објавено пред

Италија со пресврт во второто полувреме дојде до победа на вториот натпреварувачки ден од Купот на конфедерациите.

dobivaj vesti na viber

Осмиот по ред Куп на конфедерациите што оваа година  одржува во Јужно африканската република од 14 до 28 јуни не донесе изненадувања до сега но, ни донесе убав фудбал исполнет со голови. На почетокот на самото натпреварување Шпанија го потопи Нов Зеланд со неверојатни пет гола од кои три постигна Фернандо „Ел нињо“ Торес а за останатите два се погрижија Фабрегас и Давид Вилја. Неколку часа претходно домашната репрезентација одигра нерешено без голови со репрезентацијата на Ирак. Во втората група репрезентацијата на Бразил одигра напнат натпревар со Египет а конечниот резултат на семафорот гласеше 4:3 за Бразил. Новиот фудбалр на Реал Мадрид, Кака го постигна четвртиот гол за кариоките во деведесетата минута од пенал  и Бразил го освои трите бода  зада го освои  врвот на табелата. Во вечерниот натпревар во Преторија, Азурите успеаја да дојдат по победа благодарение на двата гола од младиот фудбалер на Вилјареал  Џузепе Роси. САД водеше до крајот на првото полувреме благодарение на пеналот кој успешно го реализира Ландон Донован, но во второто полувреме, италијанскиот стратег Марчело Липи го направи вистинскиот потег и го стави малдиот Роси во игра. По само неколку минути од влегувањето во игра Роси го постигна првиот гол, а во 94 манута од судиското продолжениот го постигна и вториот. Следните натпревари се утре и задутре со мечевите помеѓу европскиот првак Шпанија и Ирак,  Нов Зеланд и Јужна Африка  а ден подоцна САД против Бразил и Египет против светскиот првак Италија..



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

(Видео) Уште ова го немавме видено – Џорџо Кјелини со луд обид за „ножички“

Објавено пред

Порнешниот капитен на Јувентус, Џорџо Кјелини можеби има 39 години, но очигледно уште ужива во фудбалот, откако на меч за неговиот Лос Анџелес ФЦ се обиде да даде гол со ножички на мечот со Сент Луис СЦ.

dobivaj vesti na viber

На 0:0 во второто полувреме, дефанзивецот имаше прекрасен обид, кој на крајот заврши во рацете на поранешниот голман на Борусија Дортмунд, Роман Бирки.

„Како добро вино“, коментираа од неговиот поранешен клуб Јувентус на социјалните мреи.

Прикажи повеќе...

Спорт

Норис: Потребни се поригорозни казни за блокирање и несоодветно позиционирање

Објавено пред

Возачот на Мекларен во Формула 1 шампионатот, Ландо Норис, смета дека возачите кои за време на квалификациите и тренинзите ги попречуваат натпреварувачите кои се во брз круг мора да бидат построго санкционирани, бидејќи блокирањето со несоодветно позиционирање ги надминло сите мерки.

dobivaj vesti na viber

За време на Големата награда на Сингапур, предмет на истрага од страна на ФИА беше бранителот на титулата и лидер во генералниот пласман Макс Фестапен. Возачот на Ред Бул, и покрај тоа што му пречеше на Јуки Цунода во брзиот круг и застанувањето од 14 секунди на излезот од боксот, помина само со опомена, наместо да биде казнет.

„Мислам дека блокирањето на патеката автоматски треба да значи казнување. Знам дека тимот добива парична казна во тој случај, но одговорноста на возачот е да погледне во ретровизорите. Тој нема што друго да прави за време на загревачкиот круг, но ми се чини дека возачите се мачат и со тоа“, изјави Норис и додаде:

„Потребни ни се поригорозни казни за блокирање на другите, ситуацијата излезе од контрола. Го уништува брзиот круг на возачите што доаѓаат. Може да уништи и нечии квалификации, затоа Јуки немаше шанса да го подобри својот пласман“.

Норис е на осмото место во шампионатот со 97 бодови, додека лидерот Ферстапен има 374.

Викендов во Ф1 на програмата е Големата награда на Јапонија.

Прикажи повеќе...

Спорт

Борусија Менхенгладбах ги продолжи договорите со двајца фудбалери

Објавено пред

Борусија Менхенгладбах објави дека нови договори потпишале дефанзивецот Нико Елведи и играчот од средниот ред Роко Рајц. Елведи ќе остане во Менхенгладбах до 2027, а Ројц до 2026 година.

dobivaj vesti na viber

Рајц играше на секој од првите четири натпревари на својата екипа во Бундеслигата, двапати како стартер, а двата влезе како резерва. Елведи, се уште нема стартувано натпревар, а два пати влезе како резерва.

Рајц (21) во Менхенгладбах пристигнал на седум годишна возраст. Целата кариера е во клубот, со исклучок на една сезона која ја мина на позајмица во Сент Труден.

Елведи и покрај големата конкуренција на неговата позиција реши да остане во клуот.

Менхенгладбах, пред почетокот на сезоната го напуштија напаѓачот Маркус Тирам кој потпиша за Интер по истекот на договорот, дефанзивецот Џордан Бејер, кој премина во Барнли, левиот бек Рами Бенсебаини се пресели во Борусија од Дортмунд, во Карлсруе замина играчот од средниот ред Ларс Штиндл.

Во првите четири кола од Бундеслигата, избраниците на Жерар Сеоан забележаа две нерешени и два порази и се наоѓаат на 14. место.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија57 минути

Груевски до членството: Тргнете се од ботовите и платените пропагатори

Експремиерот Никола Груевски порача до членството да се оддалечат од ботовите и платените пропагатори, коментирајќи дека има многу начини да...

Македонија7 часа

Отровен пестицид во пиперки увезени од Македонија откриен во Хрватска

Забранет отровен пестицид е откриен во зеленчук увезен од Северна Македонија, објави Европскиот систем за брзо предупредување за сообраќај со...

Македонија7 часа

„Гардијан“: Северна Македонија и Србија имаат најзагаден воздух во Европа

Европа се соочува со голема јавно здравствена криза бидејќи речиси сите Европејци живеат во области со опасни нивоа на загаденост...

Топ8 часа

(Видео) На Скопска Црна Гора запленети 400 кубици бесправно исечено огревно дрво, приведени 10 дрвокрадци

На 19 и 20 септември, на местото наречено Рамно на планината Скопска Црна Гора, во заедничка акција на Одделот за...

Македонија8 часа

ЦУК: Сите 18 пожари на отворено се изгаснати

Пожари на отворено утрово нема – сите 18 се изгаснати, според информациите од Секторот за операции и координација во Центарот...

Македонија9 часа

Османи пред Советот за безбедност на ОН: Постои закана и самиот мултилатерализам да стане жртва на руската агресија

Во својство на претседавач со ОБСЕ, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска, се обрати пред Советот за безбедност на...

Свет10 часа

(Видео) Полицијата во Венецуела ја врати контролата врз затвор со кој управуваа криминалци

Властите во Венецуела ја вратија контролата над најпознатиот затвор во Венецуела, „Токорон“, кој беше целосно под контрола на криминалци. Околу...

Европа10 часа

Руски воздушен напад врз Киев, седум ранети, меѓу нив и девојче

Руските сили рано утринава извршија воздушен напад врз Киев, соопштија властите во главниот град на Украина. Во објава на „Телеграм“,...

Европа10 часа

Полска објави: Повеќе не испраќаме оружје во Украина

Конфликтот меѓу Полска и Украина вчера дополнително ескалира. Полска повеќе не испраќа оружје за Украина, изјави полскиот премиер во интервју...

Македонија1 ден

Задолжително носење маски во здравствените установи, препорачува Комисијата за заразни болести

Задолжително носење маски во здравствените установи, оваа препорака ја донела Комисијата за заразни болести по денешниот состанок, информира портпаролот на...

Македонија1 ден

Собранието изгласа: ќе се формира анкетна комисија за случајот на Онкологија

Пратениците во Собранието со 82 гласа „за“ донесоа одлука за формирање анкетна комисија за скандалот со лекови на Клиниката за...

Македонија1 ден

Пензионерите на протест побараа минималната пензија да биде 18.000 денари и линеарно покачување

Пензионерите од повеќе градови во државата, денес, по повод Меѓународниот ден на пензионерите – 20 Септември, излегоа на протест пред...

Економија1 ден

Бектеши: Од наредната недела намалени цени на пијалаците

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска, на својот фејсбук-профил информира дека цените на безалкохолните и алкохолните пијалаци ќе се намалат...

Македонија1 ден

Мицкоски бараше измени на Кривичниот законик, но се откажа оти се оддалечи од Груeвски, тврди ДУИ

Демократската унија за интеграција будно ја следи големата загриженост во редовите на ВМРО- ДПМНЕ и длабоките поделби што се појавуваат...

Македонија1 ден

Напади врз Бугари и клубови, етикетирање на Бугарите како фашисти – Европската комисија против расизам со извештај за Македонија

Европската комисија против расизам и нетолеранција (ЕКРИ) при Советот на Европа го објави својот извештај за Македонија, притоа во делот...

Македонија1 ден

Мицкоски до Груевски: Жалам што се одлучи да правиш јавна пародија, за Македонија не смее да има пазар и договори под маса

По јавните преписки меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и поранешниот претседател на оваа партија, Никола Груевски, Мицкоски повторно со...

Економија1 ден

Од денеска гарантирани пониски цени на одделни прехранбени производи, Бектеши најави проширување на листата

Од денеска до 30 ноември издвоени прехранбени производи во маркетите ќе се продаваат за најмалку 10 отсто пониски цени отколку...

Култура1 ден

Синдикатот на Македонската филхармонија: Секојпат кога државата ќе носи одлуки што не одат во прилог на нашата институција, соодветно ќе реагираме

„Разочарани сме, но не и изненадени од одлуката за разрешување на директорката и Управниот одбор на нашата институција, Македонската филхармонија....

Македонија1 ден

Османи на средби со министрите на Ерменија и Азербејџан: Употребата на сила за решавање на споровите е неприфатлива

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, оствари одвоени средби со министерот за...

Европа1 ден

(Видео) Моќен говор на Зеленски во ОН: Нуклеарна Русија го турка светот во конечна војна

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера одржа важен говор пред светските лидери на Генералното собрание на ОН. „Не може да му...