Контакт

Македонија

Голем пад на добивката на Комерцијална банка

Објавено пред

Позитивен финансиски резултат од 336,5 милиони денари (5,46 милиони евра) оствари Комерцијална банка во првото полугодие, што е за над две третини

dobivaj vesti na viber

Позитивен финансиски резултат од 336,5 милиони денари (5,46 милиони евра) оствари Комерцијална банка во првото полугодие, што е за над две третини помалку во однос на истиот период лани.

Добивката на банката во првото полугодие претставува само 31,9 отсто од остварениот позитивен резултат во истиот период лани, кога тој изнесуваше 1,05 милијарда денари (17,1 милиони евра).

Во соопштението на Комерцијална банка се образложува дека во периодот од 01.01-30.06 2009 година банката своето работење го остварувала во услови на економска и финансиска криза.

Промените на регулативата кои се воведени на почетокот на годината имаа влијание на начинот на искажување на финансискиот резултат, се вели во соопштението.

Остварените нето приходи од камати бележат зголемување од 11 отсто, но остварениот нето позитивен ефект од курсните разлики бележи пад од 39,4 отсто.

Намалување бележат и нето отварените приходи од провизии и надоместоци, кои во споредба со истиот период лани се намалиле за 29,2 отсто.

Наспроти ова, административните трошоци и останатите оперативни расходи на банката бележат пораст во делот на трошоците за вработените.

Исправката на вредноста на побарувањата во вкупните расходи на банката учествува со 17 отсто и во однос на лани бележи повеќекратно зголемување.

Загубите поради оштетување на средства кај дадени кредити и вложувања во однос на претходната година се зголемени за 644 отсто, а во однос на претходното тромесечие пораснале за 102 отсто. /крај/со/ап/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Мисајловски во Брисел ја предводи македонската делегација на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО, на ниво министри за одбрана

Објавено пред

Денеска (15 октомври), во Седиштето на НАТО во Брисел, министерот за одбрана, Владо Мисајловски, учествуваше на состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО на кој присуствуваа министрите за одбрана на сите 32 сојузници.

dobivaj vesti na viber

На состанокот министрите за одбрана се осврнаа на повеќе теми поврзани со безбедноста. Тие заеднички ја потврдија определбата за имплементација на обврските преземени на Самитот во Хаг во јуни оваа година, особено во контекст на интензивниот развој на способностите и капацитетите, како и во однос на инвестирањето во одбраната. Воедно, министрите се согласија дека Алијансата и земјите-членки се целосно посветени на одбраната и одвраќањето, како и на заштитата на секоја педа сојузничка територија.

Министерот Мисајловски даде целосна поддршка на напорите за зајакнување на способностите на Алијансата, истакнувајќи ја важноста регионот на Западниот Балкан да остане мирен, стабилен и безбеден. Мисајловски порача дека нашата земја останува целосно посветена на придонесот кон колективната безбедност, имајќи го предвид придонесот во мисијата КФОР на Косово и учеството во рамките на мултинационалните сили на Алијансата во Бугарија, Романија и Латвија. Министерот пред колегите од земјите-членки порача дека македонската Армија засилено се опремува и модернизира, како и дека земјата има јасен план за раст на инвестициите во одбраната и безбедноста, согласно одлуките од Самитот на НАТО во Хаг.

На состанокот на Советот НАТО – Украина, на кој учествува и Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас земјите членки на НАТО ќе ја потврдат определбата за континуирана, долгорочна поддршка за Украина.

Во рамки на денешните активности во Седиштето на НАТО, министерот Мисајловски ќе учествува и на состанок на Контакт Групата за Украина.

Прикажи повеќе...

Македонија

Грозданов: Ќе се реконструира кочанската болница, ќе изградиме затворен базен, а ќе инвестираме и во нови патишта и водоводни системи

Објавено пред

Владко Грозданов, натпартиски кандидат за градоначалник на Општина Кочани поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, денес одржа прес-конференција на која најави голем инвестициски план за развој на Кочани.

dobivaj vesti na viber

„Ветуваме 100 милиони евра капитални инвестиции за Кочани – инвестиции за иднината на нашите деца, за подобар живот и посилен регион,“ истакна Грозданов, во присуство на координаторот на Владата за Кочани, Марија Митева.

Средствата, како што нагласи, ќе бидат насочени исклучиво во инфраструктура и капитални проекти, во соработка со меѓународни партнери, а не станува збор за редовни буџетски трансфери.

Грозданов најави реконструкција и модернизација на кочанската болница со нова медицинска опрема, нови одделенија и подобри услови за вработените.

Во делот на спортот, културата и младите, тој најави изградба на затворен базен, како и нови спортски сали достапни за сите граѓани и спортски клубови, со цел поттикнување на здрав и активен начин на живот.

„Крупните капитални проекти ќе се реализираат во патна, комунална и урбана инфраструктура – нови патишта, канализациони и водоводни системи, уредување на градскиот простор. Со тоа ќе се отворат нови работни места и ќе се поттикне локалната економија,“ рече Грозданов.

Тој порача дека со овие инвестиции Кочани ќе стане центар на источниот регион:

„Кочани веќе нема да биде на маргините. Со овој план, градот ќе биде во фокусот на државните и меѓународните инвестиции – пример за тоа како една општина може да се развива со чесност, визија, стратегија и партнерство.“

Прикажи повеќе...

Македонија

Андоновски: Владата се посветува на дигиталната инфраструктура во Прилеп

Објавено пред

На денешната промоција на Националниот портал за електронски услуги во Прилеп, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со пратеникот Дејан Проданоски, присуствуваше на настанот. Министерот истакна дека, како ресорно министерство и како Влада, се посветуваат на дигиталната инфраструктура во Прилеп, но и низ цела Македонија.

dobivaj vesti na viber

„Токму тука, на плоштадот во Прилеп, ќе биде поставена бесплатна Wi-Fi зона со интернет достапен за сите граѓани на општина Прилеп. Ова е еден голем европски проект кој го реализираме низ општините во Македонија, а Прилеп е еден од приоритетните градови“, истакна Андоновски.

Тој најави дека во наредниот период ќе биде пуштен и новиот Центар за услуги во Прилеп, преку кој граѓаните ќе можат брзо, лесно и ефикасно да ги добијат потребните услуги.

„Ја користам оваа прилика да најавам дека и Прилеп, по примерот на другите општини, ќе добие нов Центар за услуги (ЕТУ Прилеп), кој ќе ги доближи сите електронски услуги достапни на Националниот портал – uslugi.gov.mk – до граѓаните на општина Прилеп. Овој центар ќе биде воспоставен во соработка со локалната самоуправа, и очекуваме дека ќе го отвориме во наредните 3 до 6 месеци“, најави Андоновски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Ѓорѓиевски вети бесплатен оброк за секој средношколец и наградни патувања во Европа за првенците на генерација

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денес ја претстави програмата за средношколците. Вети модерен, дигитален и еколошки...

Македонија2 часа

Откриена царинска измама со додатоци на храна во висина од 622 илјади денари: стоката ја пријавувале во погрешна тарифна ознака со пониски царински давачки

Кривична пријава за сторено кривично дело „царинска измама“ со увози на додатоци за исхрана е поднесена за увозник, шпедиции и...

Македонија3 часа

Костовски: Нов модерен затворен базен во Бутел

Актуелниот градоначалник на Бутел и кандидат на локалните избори од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски им најави на граѓаните на Општината дека...

Македонија4 часа

Венециската комисија предлага јавниот обвинител да се избира и разрешува со квалификувано мнозинство во Собранието

Венециската комисија и Генералниот директорат за човекови права на Советот на Европа препорачуваат јавниот обвинител да се избира и разрешува...

Македонија4 часа

„Од 2.500 на 5.000 денари ја зголемуваме еднократната парична помош за пензионерите“, најави Герасимовски

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ и актуелен градоначалник Горан Герасимовски, информира дека од следната година...

Македонија4 часа

„Милионски профити за фирми блиски до Заев преку тендери на ‘Марковски компани’ додека 600.000 граѓани живееja со 150 денари на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Додека инфлацијата во државата беше двоцифрена, а над 600 000 граѓани живееа со 150 денари на ден Заев и неговите...

Македонија4 часа

Колку вреди македонскиот пасош: Македонците без виза може да посетат 129 дестинации

Првпат во историјата на Henley Passport Index, листата на најмоќни пасоши во светот повеќе не ги вклучува САД во првите...

Македонија4 часа

Фон дер Лајен денеска во Скопје, ќе ја пречека премиерот Мицкоски

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, попладнево ќе пристигне во Скопје, во рамки на нејзината балканска турнеја. Таа...

Свет6 часа

(Видео) Трамп во пресрет на одлуката за Украина: „Имав добри односи со Владимир. Многу сум разочаран“

Неколку дена пред посетата на украинскиот лидер Володимир Зеленски на Вашингтон, американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека е многу...

Европа6 часа

Прекини во снабдувањето со електрична енергија во дел од Украина, вклучително и во Киев

Преоптоварувањето на електричната мрежа и последиците од претходните руски напади доведоа до прекини во снабдувањето со електрична енергија во Киев...

Свет6 часа

Трамп го одликува Чарли Кирк

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера му го додели на убиениот конзервативен активист Чарли Кирк Претседателскиот медал за слобода, највисокото цивилно...

Регион6 часа

Грчкиот парламент денес гласа дали ќе го воведе најдолгиот работен ден во Европа

Грчките пратеници денес треба да гласаат за контроверзна реформа што би ѝ овозможила на централно-десничарската влада да воведе 13-часовен работен...

Свет6 часа

(Видео) Најмалку 20 лица загинаа во пожар во автобус во Индија

Најмалку 20 лица загинаа во пожар во автобус во индиската држава Раџастан, објавија локалните медиуми. Автобусот превезувал повеќе од 50...

Свет18 часа

Трамп ги третира европските лидери како марионети во својот „куклен театар“, вели Карпович

Претседателот на САД, Доналд Трамп, гледа дека европските лидери му се целосно потчинети и се подготвени да реагираат на секој...

Македонија23 часа

„Пренеси им поздрав и порака на нашите ангели“ – родителите од Кочани сочувствуваат со смртта на Панчо

Здружението на граѓани „16 март“, формирано од некои од родителите и семејствата на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“...

Македонија24 часа

Железничката станица не може да биде турбофолк-хаб, Ивановски ќе отстранува сѐ што не е во проектот од Кензо Танге

Железничката станица во најкус рок ќе биде исчистена од билборди, паноа и графити и ќе биде забрането да се поставуваат...

Македонија24 часа

Андоновски: Македонија добива национален центар за вештачка интелигенција – почнува проектот „Везилка“

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска официјално го претстави проектот „Везилка“ – Национален центар за вештачка интелигенција, капитален проект...

Македонија1 ден

Почина Панчо од ДНК

Владимир Блажев-Панчо од дуото ДНК почина речиси седум месеци по трагедијата во Кочани во дискотеката „Пулс“, каде што доби сериозни...

Македонија1 ден

Извештаи за примени донации доставиле 35 отсто од учесниците во изборната кампања

Во согласност со Изборниот законик, учесниците во изборната кампања за локалните избори 2025 година имаат обврска да поднесат извештаи за...

Македонија1 ден

„Од 7.000 на 10.000 го зголемуваме надоместокот за новороденче“, најави Герасимовски

Кандидатот за градоначалник на општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, синоќа беше на терен, на средби со граѓаните...