Македонија
Започна градбата на новата училишна зграда во Иванковци
Во непосредна близина на училишната зграда во Иванковци која пред дваесетина дена изгоре ќе се издигне нова со енергетски ефикасен и огноотпорен материјал, јавува порталот „Лисица“.
Во непосредна близина на училишната зграда во Иванковци која пред дваесетина дена изгоре ќе се издигне нова со енергетски ефикасен и огноотпорен материјал, јавува порталот „Лисица“.„На први септември учениците од ова населено место ќе учат во нова училишна зграда во услови кои ќе бидат многу подобри од условите во опожареното училиште. Училишната зграда ќе биде направена од така наречените брзи градби, со вкупна површина од 170 метри квадратни, изградено според сите стандарди со енергетска ефикасност и огноотпорен материјал“, рече министерот за образование, Никола Тодоров, при поставувањето на камен темелникот на новото училиште.Во градбата на училишниот објект ќе учествува и локалната самоуправа. Засега обврските на градот се да го обезбеди теренот за градба но и да го исчисти сметот од опожареното училиште.„За нас како локална самоуправа најважно е на први септември децата да има каде да учат. Заедно со министерството ќе сториме се за да се изградат барем најнеопходните простории, четирите училници и наставничките канцеларии“, истакна Горан Петров, градоначалник на Велес.За новата училишна зграда во селото Иванковци, Министерството ќе вложи околу два милиони денари. Во новата учебна година во „Стојан Бурчевски Буридан“ ќе учат 70 ученици од прво до деветто одделение.Причините за опожарување на училиштето се уште се непознати. /крај/лисица
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре облачно време со локални врнежи од дожд, на планините снег
Времето утре ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд и слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Под влијание на циклонска активност од денес во вечерните часови, до крајот на неделата, следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови.
На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Минималните температури ќе бидат насекаде позитивни.
Македонија
Утре без вода поголем дел од Гази Баба поради дефект
Утре, 3 декември, без вода и со намален притисок ќе останат корисниците од поголем дел од Гази Баба.
„Ве известуваме дека поради итен водоводен дефект на водоводна линија Ф700мм на бул.Александар Македонски, ЈП Водовод и канализација Скопје ќе превземе одреден технички зафат кој ќе се одвива на ден 03.12.2025 година (среда)“, информира Центарот за управување со кризи.
Прекин на водоснабдување од 7:30 часот до санација на дефeктот, ќе имаат следните улици и населени места:
– Бул. Александар Македоски
– Ул. 808 (дел од улица)
– Бул. Киро Глигоров (дел од булевар)
– Населба Автокоманда со намален притисок во ниска зона
– Триангла со намален притисок
– Населба Хиподром со намален притисок
– Ул. Перо Наков кај Кванташки со намален притисок
– Населба М.А.Ченто прекин на водоснабдување
– Ул. Маџари прекин на водоснабдување
– Ул. Палмиро Тољати прекин на водоснабдување
– С.Сингелиќ прекин на водоснабдување
Македонија
Финансиска поддршка од 12.000 денари за новороденчињата од општина Кисела Вода
Ваучери во вредност од 12.000 денари за новороденчињата денес додели Општина Кисела Вода на настан посветен на најмладите жители и нивните семејства. Мерката претставува финансиска поддршка за родителите во првите месеци по раѓањето на детето.
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, порача дека грижата за децата и семејствата започнува уште од првиот ден. Додаде дека финансиски средства се исплатени и за останатите новороденчиња од претходните месеци, за кои исплатата беше оневозможена поради изборниот процес.
„Сакам да ги информирам и сите родители со новороденчиња кои аплицирале во изминатите месеци, а за кои, поради изборниот процес не беше можна исплатата, дека средствата ќе ги имаат на нивните сметки во текот на утрешниот ден“, истакна Стаменкоска Трајкоска, повикувајќи ги сите нови родители слободно да аплицираат за оваа мерка.
Право на апликација имаат семејствата чии новороденчиња не се постари од 90 дена, а целосната потребна документација која е сосема едноставна, е достапна на веб-страницата на Општина Кисела Вода.

