Контакт

Регион

ХДЗ победник на парламентарните избори во Хрватска

Објавено пред

Хрватската изборна комисија во понеделникот соопштила дека после преброени 99 проценти од избирачките мести, на парламентарните избори во Хрватска кои се одржаа во неделата, победник е коалицијата предводена од Хрватската демократска заедница (ХДЗ) со освоени 59 мандати, додека досега владејачката Социјалдемократска партија (СДП) е втора со освоени 53 мандати, а трета пак е независната листа МОСТ со 19 мандати, пренесуваат хрватските медиуми.
 

dobivaj vesti na viber

Хрватската изборна комисија во понеделникот соопштила дека после преброени 99 проценти од избирачките мести, на парламентарните избори во Хрватска кои се одржаа во неделата, победник е коалицијата предводена од Хрватската демократска заедница (ХДЗ) со освоени 59 мандати, додека досега владејачката Социјалдемократска партија (СДП) е втора со освоени 53 мандати, а трета пак е независната листа МОСТ со 19 мандати, пренесуваат хрватските медиуми.

 

Лидерот на ХДЗ, Томислав Карамарко во неделата вечерта порачал дека „Татковинската коалиција“ е победник на парламентарните избори во земјата и дека две третини од граѓаните гласале за промени. Карамарко повикал на единство кај оние кои сакаат да ја променат состојбата во Хрватска.

„Сега имаме борба за зголемување на квалитетот на животот“, изјавил Карамарко, додавајќи дека ќе се бори за секое работно место и за оние кои сакаат и мислат да ја напуштат Хрватска.

„Славете бидејќи победивме! Три и пол години и имаме победа по победа. Две третини од граѓаните се одлучија за промени и апсурдно е тие да бараат нов мандат. Не знаев дека 53 е поголемо од 61, а ви гарантирам дека оваа разлика ќе се зголеми. Кој и да е подготвен да се бори со нас за подобрување на животот, е добредојден. Тоа нема врска со коалицијата. Ќе се бориме за секое работно место, за секое необработено поле, нема да допуштиме младите да ја напуштат земјата. Нема да дозволиме да не снема како народ. Отворени сме за соработка со сите, без оглед на сите разлики“, рекол шефот на ХДЗ.

Хрватскиот премиер и лидер на СДП, Зоран Милановиќ, пак, порачал дека Хрватска на изборите одлучике дека нема враќање кон старото и ги повикал сите кои сакаат реформи, да му се придружат.

„Хрватска одлучи дека нема враќање кон старото. Во кој правец, во која насока одиме, ќе видиме. Четири години спроведувавме реформи, покажавме дека сме високоорганизирана држава. Го повикувам сите они кои сакаат реформи, кои Хрватска паметно, организирано и интелигентно ќе го води, да ни се придружат“, рекол Милановиќ, додавајќи дека не поставува услови.

„Сега гледаме дека се појави политичка сила која сака реформи и ги повикувам тоа да го направиме заедно“, рекол Милановиќ.

Божо Петров, лидерот на партијата МОСТ, пак, која постигна изненадувачки успех на парламентарните избори, порачал дека тие сега треба да бидат подготвени на жртви без калкулации и заедно да градат подобра Хрватска.

„Немаме време за калкулации, тоа истече вчера. Неминовно е дека ќе постојат ситуации кога поради структурните промени некаде ќе биде потребно да се донесат болни одлуки кои ќе влијаат врз пријателите или татковината, но доколку тие не се направат, тогаш сите ќе бидат долгорочно оштетени поради тоа што нема да живејат во уредена држава. Денес имаме единствена прилика за тоа. Тоа го очекувам највеќе од луѓето кои пристапија во МОСТ. Не смее да ги издадеме надежите и очекувањата“, порачал Петров./крај/мф/бс

 

 

 

 

 

 

Регион

(Видео) На детско игралиште во Белград убиен маж

Објавено пред

Едно лице беше убиено синоќа во пукотница на булеварот Вудро Вилсон во Белград на вода, објави РТС.

dobivaj vesti na viber

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOJ – BEOGRAD (@moj_beo_grad_)

Докторката Виолета Николиќ од Одделот за итни случаи потврди за РТС дека 35-годишен маж бил застрелан синоќа во 23.13 часот.

„Нашиот тим можеше само да заклучи дека 35-годишниот маж е мртов“, рече д-р Николиќ.

На социјалните мрежи се објавени снимки, на кои се гледаат телото на убиениот маж на детско игралиште и апсењето на друго лице.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Регион

Пицула ја критикува ЕУ за пофалбите што ги дава на Србија: „Наместо тоа, барајте вистински реформи“

Објавено пред

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, изјави дека претставниците на ЕУ треба да се воздржат од прекумерно фалење на реформите во Србија, која е потресена од месеци антивладини протести предизвикани од железничката несреќа во Нови Сад пред една година.

dobivaj vesti na viber

Тој се осврна на честите пофалби од Европската комисија, како онаа минатата година кога претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, му се обрати на српскиот претседател Александар Вучиќ со „драг Александар, покажа дека делата ги следат твоите зборови“.

За време на посетата на Белград во средата, наративот малку се смени, при што Фон дер Лајен му се обрати на Вучиќ со „господине претседателе“.

„Апелираме до Комисијата, наместо тоа, јасно да ја артикулира потребата од вистински и сеопфатни реформи, вклучително и враќање на демократските институции, зајакнување на владеењето на правото и борба против корупцијата и организираниот криминал“, рече Пицула.

Потпретседателката на пратеничката група на СиД, белгиската европратеничка Кетлин ван Бремпт, која е задолжена за проширување на ЕУ во нејзината група, истакна дека секоја неоправдана пофалба од страна на Комисијата за властите во Србија води до тоа студентите и граѓаните што протестираат на улиците да се чувствуваат предадено.

Европскиот парламент следната недела во Стразбур ќе дебатира за резолуција за растечката репресија во Србија, една година по уривањето на настрешникот на железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 16 лица. Трагедијата предизвика месеци протести што Вучиќ ги нарекува обоена револуција.

Во изјава за новинарите во Брисел, Пицула рече дека од февруари до септември оваа година имало повеќе од 10.700 протести во цела Србија, кои биле обележани со репресија врз демонстрантите, произволни апсења и политички мотивирани притворања.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Регион

Грција го усвои контроверзниот закон – отворен патот за 13-часовно работно време

Објавено пред

Грчкиот парламент денес го усвои новиот закон за труд, кој предизвика бурни реакции и протести во целата земја. Со 158 гласа „за“ и 109 „против“ владиниот предлог беше изгласан, а левичарската опозициска партија СИРИЗА одби да учествува во гласањето.

dobivaj vesti na viber

Законот, кој според владата има цел да го направи пазарот на труд поприспособлив и поефикасен, им овозможува на работодавците во приватниот сектор да бараат од своите вработени да работат до 13 часа дневно наместо досегашните осум. Продолженото работно време може да се применува најмногу 37 дена годишно, а работниците се заштитени од отказ доколку одбијат да работат прекувремено.

Владата тврди дека со новите правила се зголемуваат флексибилноста и заштитата на работниците, особено оние со семејства, и дека законот дозволува четиридневна работна недела доколку има претходен договор меѓу работодавецот и вработениот.

Меѓутоа, синдикатите и опозицијата остро реагираа предупредувајќи дека реформата ја укинува суштината на осумчасовниот работен ден и ја легализира прекумерната експлоатација. Синдикатот на државните службеници ADEDY порача дека „флексибилното работно време во пракса значи уништување на семејниот и на општествениот живот и укинување на работничките права“.

Синдикатите потсетуваат и дека просечните плати во Грција се значително пониски од европскиот просек, а нерегистрираниот труд и натаму е голем проблем. Опозициските партии оценија дека законот е застарен и спротивен на европските тенденции за скратување на работното време и воведување пократка, но поквалитетна работна недела.

Новите одредби предвидуваат и поголема флексибилност при вработувања на определено време, со цел, како што наведува Министерството за труд, да се стимулираат продуктивноста и модернизацијата на пазарот на труд.

И покрај уверувањата на владата дека законот ќе ги заштити работниците и ќе овозможи подобра рамнотежа меѓу работа и приватен живот, јавноста останува поделена.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

Андоновски: Македонија добива современ и сеопфатен план за дигитален развој

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска ја претстави новата Национална стратегија за информатичко-комуникациски технологии – „СМАРТ/МК 2030“, со што,...

Свет1 час

Нема моќно оружје за Украина: Трамп ја менува приказната по разговорите со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ќе го угости украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, но има сè повеќе знаци...

Македонија1 час

(Фото) Министерот за здравство се вакцинира против грип: Апелирам граѓаните навреме да се заштитат

Министерот за здравство Азир Алиу денеска го посети одделението за епидемиологија во Гостивар, каде и тој прими вакцина против сезонскиот...

Европа4 часа

(Видео) Русија: Нападнавме украински аеродром, каде што беа стационирани авиони на НАТО

Руските сили извршија напад врз воениот аеродром во Криви Рих, каде што наводно биле стационирани авиони на НАТО, објави руската...

Свет4 часа

Зеленски реагира на најавениот самит Трамп – Путин: тој денес пристигнува во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп денес е домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон за да разговараат за иднината на...

Европа4 часа

(Видео) Трамп: Го прашав Путин дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади „томахавки“ на Украинците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека за време на разговорот со рускиот претседател Владимир Путин ја споменал можноста Украина...

Регион4 часа

Пицула ја критикува ЕУ за пофалбите што ги дава на Србија: „Наместо тоа, барајте вистински реформи“

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, изјави дека претставниците на ЕУ треба да се воздржат од прекумерно фалење...

Свет5 часа

Дописник на Би-би-си: Заборавете на „томахавките“, состанокот Трамп – Путин е ладен туш за Украинците

Доналд Трамп повторно се обидува да ги комбинира дипломатијата и политиката на моќ – овој пат помеѓу Москва и Киев....

Македонија5 часа

Шукова: Време е за резултати, уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вчера одржа митинг во Бутел, каде пред жителите порача дека...

Свет16 часа

Трамп по телефонскиот разговор: Ќе се сретнам со Путин во Будимпешта

Американскиот претседател Доналд Трамп денес разговараше по телефон со рускиот претседател Владимир Путин, еден ден пред најавената средба со украинскиот...

Македонија19 часа

МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески, против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна....

Македонија23 часа

Очекувам победа во првиот круг, не за да добијам политичка круна, туку за да не се пролонгираат сегашната голгота и хаосот, рече Ѓорѓиевски

Кадидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, е убеден во победа, а вели дека искрено очекува тоа да...

Македонија24 часа

Поради сериозен дефект, МРТВ не емитува три дневника: се проверува дали е намерен упад во системот

Македонската радио-телевизија информира дека поради сериозен технички проблем, вчера не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17,...

Македонија1 ден

Родителите на жртвите од „Пулс“: Привремено се прекинуваат блокадите, маршевите продолжуваат секоја сабота

Семејствата на трагично починатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани информираа дека по добивањето на датумот за почеток...

Македонија1 ден

Прекин на испораката на гас за ЈСП, можни се отстапувања од возниот ред

ЈСП информира дека до утре ќе има прекин на испораката на гас и поради тоа е можно да има прекин...

Македонија1 ден

На 35 вакцинални пункта во државата денеска почна вакцинацијата против сезонскиот грип, досега пријавени 43.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, која се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ...

Македонија1 ден

Судењето за пожарот во „Пулс“ почнува на 19 ноември

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, почнува на 19 ноември во судницата во...

Македонија1 ден

Сиљановска – Давкова очекува помош од ЕУ во пронаоѓањето креативно решение за деблокада на македонските интеграции

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова очекува помош од Унијата во пронаоѓањето на излезно креативно решение за деблокада на македонските интеграции....

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево, малтретирал и сексуално понижувал жени

Фатмир Дехари е градоначалник на срамот во Кичево. Дехари е симбол за брутална злоупотреба на моќта, понижување на жените, и...

Свет1 ден

Трамп: Хамас копа во урнатините и бара тела на заложници, тоа е ужасен процес

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Хамас продолжува со напорите за враќање на телата на мртвите израелски заложници држени...