Свет
Денес одлука за испорачување на Асанж
NULL
Лондонскиот суд денеска треба да донесе одлука дали основачот на веб сајтот „Викиликс“, Џулијан Асанж ќе и биде испорачан на Шведска, поради наводно сексуално малтретирање на две Швеѓанки.Во текот на тридневниот претрес, одржан минатиот месец, адвокатите на Асанж тврдеа дека шведските тужители не постапиле правилно со поднесувањето на барање за негова екстрадиција, додека шведската Влада изнесе аргумент дека бара естрадиција бидејќи имала неколку неуспешни обиди тој да биде испрашан.Асанж и неговиот тим тврдат дека случајот против него е полн со неправилности, а во јавноста сè повеќе се присутни шпекулациите дека се работи за американски заговор, што има за цел 39 годишниот Асанж да се стави во затвор или да се наруши неговиот углед.Една од Швеѓанките го тужи Асанж дека тој не сакал да користи кондом за време на сексуалниот однос, а другата дека со неа имал секс додека таа спиела и исто така не користел кондом.Асанж беше уапсен на 7 декември во Лондон и сега се наоѓа во куќен притвор./крај/пд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

