Економија
Акцијата на Комерцијална банка најтргувана во вторникот

Промет во износ од 13.724.929,30 денари остварен е денеска на Македонска берза, од што 9.828.489,30 денари беа реализирани на Официјалниот пазар, а на Редовниот пазар прометот изнесуваше 3.896.440,00 денари.
Промет во износ од 13.724.929,30 денари остварен е денеска на Македонска берза, од што 9.828.489,30 денари беа реализирани на Официјалниот пазар, а на Редовниот пазар прометот изнесуваше 3.896.440,00 денари.Индексот МБИ10 и денеска се намали за 0,16% и изнесуваше 2.593,37 поени. МБИД се зголеми за 0,24% и изнесуваше 2.817,97 поени, додека ОМБ се зголеми за 0,28% и изнесуваше од 116,81 поени.На Официјалниот пазар најголем промет беше остварен со акциите на Комерцијална банка АД Скопје во износ од 4.380.640,00 денари по просечна цена од 3.653,20 денари .Втора од акциите по реализиран промет беше акцијата на Топлификација АД Скопје со која беа остварени 1.575.529,00 денари промет по просечна цена од 3.698,42 денари.Трета беше акцијата на РЖ Услуги АД Скопје со остварени 1.077.300,00 денари кои се тргуваа по просечна цена од 270,00 денари .Најтргувана од обврзниците беше Обврзницата за денационализација на Р.М. од деветта емисија. Оваа обврзница се тргуваше по просечна цена од 88,00% и беа остварени 280.785,98 денари.На Редовниот пазар најтргувана хартија од вредност беше остварен со акцијата на Машинопромет АД Скопје со кои беше остварен промет во износ од 3.007.400,00 денари по просечна цена по 1.367,00 денари по акција. Трансакцијата беше реализирана преку системски блок.Пет најтргувани хартии од вредност1. Комерцијална банка АД Скопје2. Машинопромет АД Скопје3. Топлификација АД Скопје4. РЖ Услуги АД Скопје5. Македонски телеком АД СкопјеХартии од вредност со најголем раст1. Топлификација АД Скопје 4,69%2. РЖ Валавница за ленти (ХРМ) АД Скопје 2,85%3. ТТК банка АД Скопје 2,41%4. Обврзницата за денационализација на Р.М. од деветта емисија 0,74%5. РЖ Услуги АД Скопје 0,55%Хартии од вредност со најголем пад1. Скопски пазар АД Скопје 10,26%2. Макпетрол АД Скопје 1,67% 3. Алкалоид АД Скопје 1,06%4. Стопанска банка АД Битола 0,91%5. Тутунска банка АД Скопје 0,49%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Скенирањето сметки на апликацијата „МојДДВ“ е со прекини, УЈП извести за технички проблеми

Управата за јавни приходи извести дека мобилната апликација „МојДДВ“ во моментов работи со прекини. Тимот на УЈП интензивно работи на отстранување на проблемот, со цел апликацијата да биде целосно функционална.
„Ги информираме корисниците дека, согласно член 6 од Законот за враќање на дел од износот на ДДВ на физичките лица, фискалните сметки можат да се скенираат во рок од 10 дена од датумот на нивното издавање. Тоа значи дека сите сметки, кои се во рамки на овој рок, ќе можат да бидат скенирани веднаш штом апликацијата повторно биде ставена во функција. Ги молиме сите корисници за трпеливост и разбирање. Тимот на Управата за јавни приходи е целосно ангажиран и работи на надминување на техничките пречки“, соопшти Управата за јавни приходи.
Од таму не откриваат за какви технички проблеми се работи, ниту пак кога очекуваат да бидат надминати.
Економија
Мицкоски најави нова инвестиција во Штип

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање во однос на најавата на директорот на Технолошко-индустриските развојни зони за 4 нови странски инвестиции, изјави:
„Во текот на вчерашниот ден, во разговор со директорот, имаме добра вест, нова инвестиција, потврдена во индустриската зона во Штип. Фабрика којашто ќе вработи до 150 луѓе. Фабрика којашто ќе инвестира некаде околу 35 милиони евра. Којашто во својот пик за три години од денес ќе извезува 300 милиони евра коишто ќе влезат во Бруто домашниот производ и ќе произведува батерии и тоа е добро. И тоа е добро, а за сите овие други, да имаме и потврди и полека ќе ги објавуваме. Ова е веќе договорено со инвеститорот и заради тоа го кажав, инаку фабриката е од земја од Европска Унија, да немаме дилема.“
Економија
Дизелот поевтинува за 2,5 денари

Од ноќеска на полноќ дизелот ќе поевтини за 2,5 денари, додека цените на бензините остануваат исти, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 28.6.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 77,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 79,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 70,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 72,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 40,188 (денари/килограм)
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,499 ден/кг.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат.