Регион
Петнаесетгодишно момче во притвор за вербален деликт против Ердоган

Петнаесетгодишен средношколец е притворен во средата во местото Бунјан, во централна Турција, поради навредување на претседателот Реџеп Тајип Ердоган, пишуваат во четвртокот турските медиуми.
Малолетникот чиј идентитет според прописите е означен со иницијалите У.Е., бил уапсен пред интернет кафе и приведен во полициска станица, каде бил задржан во текот на ноќта, пренесува AFP повикувајќи се на локалната aгенција Cihan.
Најавено е дека во четвртокот треба да биде изведен пред судот, кој може да го обвини или да го пушти на слобода со парична глоба.
Судското гонење на момчето е можно според членот 299 од турскиот кривичен закон, според кој секој кој му нанесува штета на угледот на претседателот може да биде казнет до 4 години затвор.
Случајот на друг малолетник, седумнаесетгодишник, кој е уапсен во својот клас и повеќе денови мина во притвор, поттикна жестока јавна полемика во Турција во декември мината година и критики за авторитарното свртување на актуелните турски власти предводени од исламско-конзервативната Партија на правдата и развојот (AKP). Второво момче за истото кривично дело е условно осудено на 11 месеци затвор.
Критичарите ја обвинуваат власта дека откако Реџеп Тајип Ердоган во август беше избран за претседател, по 11 години минати на должноста премиер на Турција, зачестиле прогоните поради навреди на шефот на државата, и оти особено цел се уметниците, новинарите, но и обичните граѓани./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.