Контакт

Свет

’Центргаз’ ќе го гради Јужен тек низ Србија

Објавено пред

Компанијата „ South Stream d.o.o“ и огранокот на рускиот „Центргаз“ во Србија потпишаа во вторникот договор со кој „Центргаз“ ќе го гради гасоводот Јужен тек низ Србија, соопшти рускиот енергетски гигант „Газпром“.

dobivaj vesti na viber

Компанијата „Центргаз“, кој е во составот на групацијата „Газпром“, победи на конкурсот за изградба на делницата од глобалниот руски гасоведен проект Јужен тек низ Србија, на кој учествуваа четири понудувачи. Според договор, „Центргаз“ ќе го работи проектирањето, набавката на опремата и материјалите, изградбата и инсталацијата, обуката на персоналот и пуштањето во работа на Јужен тек низ Србија. Со договорот, исто така, е утврдена и обврската за ангажирање на домицилни компании за одредени видови работи, како и оние коишто ќе бидат вклучени како производители, се истакнува соопштението на „Газпром“.Договорот „Гезпром“ и „Центрогаз“ беше потпишан и покрај тензиите меѓу Европската комисија и Русија во реализација на гасоводот кој рускиот природен гас преку подморјето во Црното Море треба да го испорачува енергенсот до европските потрошувачи и притоа да ја заобиколи Украина, на што всушност се спротиставува Европската унија, особено во контекстот на украинската криза.Иако градењето на Јужен тек веќе започна во Бугарија и во Србија, Европската комисија истапи со ставот дека проектот е правно проблематичен бидејќи договорите коишто ги потпишале државите низ коишто ќе минува Јужен тек со Русија не биле во согласност со енергетските прописи на ЕУ и дека за нив мора повторно да се преговара. Земјите од ЕУ, со коишто Русија потпиша договори се Австрија, Бугарија, Грција, Словенија, Унгарија и Хрватска (за крак). Србија којашто ги интензивира преговорите за придружување на Унијата, која исто така доби предупредување од Брисел, како и Македонија којашто начелно со крак е вклучена во проектот. Сепак, пркосејќи и’ на ЕУ, Австрија на 24-ти даде конечна согласност за изградбата на рускиот гасовод преку нејзината територија, при посетата на рускиот претседател Владимир Путин. Тогаш челниците на руски „Газпром“ и австриски OMV потпишаа договор за изградба Јужен тек, а според потпишаниот договор гасот во Австрија треба да почне да пристигнува на почетокот до 2017 година.Италијанскиот премиер Матео Ренци, пак, беше главниот инспиратор на заедничкото писмо до Европската комисија во поддршка на проектот Јужен тек, потпишано од лидерите на земјите низ кои треба да помине овој гасовод.Последните изјави на европските челници покажуваат колебања кај некои членки на ЕУ во врска со рускито гасовод, како онаа на еврокомесарот за енергетика Итингер, медијатор во руско-украинските преговори, кој откако во Киев, Русија и Украина не постигнаа договор, а руски „Газпром“ ги прекина испораките за Украина, рече дека Јужен тек е проект кој ЕУ би можела да го прифати. Еврокомесарот досега изјавуваше дека тој проект во сегашната фаза ги прекршува законите, но истакна дека „тоа прашање не е нерешливо”, како и дека „Јужен тек е проект кој навистина можеме да го прифатиме“.Јужен тек претставува глобален инфраструктурен проект на рускиот енергетски гигант „Газпром“ со капацитет од 63 милијарди кубни преку акваториумот на Црното Море во земјите од Јужна и Централна Европа со цел да се прошират правците за транзитот на рускиот природен гас и да се исклучат транзитните ризици, особено во Украина. Кон крајот на 2015 година, според планот, треба да бидат испорачани првите количества гас преку Јужен тек, а работата на гасоводот со целосен капаците е предвидена за во 2018 година./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Светските берзи паднаа поради заканата на Трамп за ЕУ

Објавено пред

На светските берзи цените на акциите паднаа минатата недела бидејќи инвеститорите беа загрижени за намалувањето на кредитниот рејтинг на САД, а на пазарите негативно влијаеа и новите закани на Вашингтон за зголемување на царините за увозот од Европската унија.

dobivaj vesti na viber

На Волстрит минатата недела, Dow Jones се лизна за 2,5 отсто, на 41.603 поени, додека S&P 500 падна за 2,6 отсто, на 5.802 поени, а индексот Nasdaq 2,5 отсто, на 18.737 поени.

Од самиот почеток на неделата индексите беа во минус бидејќи агенцијата Мудис го намали кредитниот рејтинг на САД од Ааа на Аа1 поради големиот дефицит на федералниот буџет, високите финансиски трошоци и планираните даночни намалувања.

Јавниот долг на САД е околу 36.200 милијарди долари, а може да се зголеми за уште 3.800 милијарди во следните десет години бидејќи претседателот на САД Доналд Трамп има намера да ги намали даноците. Поради ова, приносите на државните обврзници значително се зголемија, што значи дека владата мора да се задолжува по повисока цена.

Намалувањето на даноците веројатно би ја стимулирало потрошувачката и би го поддржало економскиот раст, но од друга страна, јавниот долг би се зголемил доколку не се намалат државните трошоци. И намалувањето на федералните трошоци, што е еден од приоритетите на Трамп, не оди толку глатко како што најави претседателот. Освен тоа, се чини дека проектот не е доволно добро подготвен.

Сепак, на крајот на неделата, приносите на обврзниците донекаде се стабилизираа, откако Претставничкиот дом на Конгресот тесно го поддржа предлог-законот на Трамп за даночни намалувања, па се уште се чека поддршката од Сенатот.

Но, во петокот, Трамп повторно ги потресе пазарите заканувајќи ѝ се на Европската унија со царини од 50 отсто од 1 јуни, бидејќи не е задоволен од тоа како напредуваат трговските разговори меѓу САД и ЕУ.

И на повеќето европски берзи цените на акциите паднаа минатата недела. Додуша, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,4 отсто, на 8.717 поени, но франкфуртски DAX се лизна за 0,6 отсто, на 23.629 поени, а париски CAC 1,9 отсто, на 7.734 поени.

Прикажи повеќе...

Економија

Макрон: Албанија за 2 години ќе биде во ЕУ, дојдете и инвестирајте

Објавено пред

Францускиот претседател Емануел Макрон од Тирана упати силна порака до странските инвеститори, повикувајќи ги да дојдат и да вложуваат во Албанија, за која изрази убеденост дека „за две години ќе биде дел од Европската унија“.

dobivaj vesti na viber

Изјавата беше дадена на економскиот форум „Приоритет Европа“, организиран од Институтот „Иницијатива за идни инвестиции“ на Ричард Атијас, кој има за цел да ги поврзе европските лидери и иноватори со големи инвестициски фондови од Блискиот Исток, Азија и САД.

„Албанија е влезна точка за регионот на Балканот и медитеранскиот басен. Европа е стабилно и доверливо место. Во овој луд свет, да не ја потценуваме силата на таквите квалитети“, порача Макрон.

Тој додаде дека премиерот Еди Рама има јасен мандат и посветеност Албанија да ја внесе во ЕУ до 2027 година, а според Макрон, тоа би можело да се случи дури и порано – за две години.

Премиерот Рама, пак, изјави дека неговата земја ги започна преговорите со Европската Унија во 2022 година и дека ако ги завршат сите задачи добро, ќе може да ги затворат преговорите до 2027 година. Ова според Рама би било навистина неверојатно.

Прикажи повеќе...

Свет

Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Објавено пред

Од

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.

dobivaj vesti na viber

„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.

„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.

Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.

„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.

„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.

Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.

Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Отворени избирачките места, право на глас имаат 1,83 милиони граѓани

Во 7 часот денеска започна гласањето на осмите Локални избори од осамостојувањето на државата. „Навремено се отворени сите избирачки места...

Македонија17 часа

Скандал во студентскиот дом „Гоце Делчев“, студент снимал девојки додека се туширале

Студент бил фатен како тајно снима студентка во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. „На 16 октомври 2025 во 20...

Топ20 часа

Возел со 3,32 алкохол во крвта и направил сообраќајка

Кавадарчанец бил лишен од слобода, со 3,32 промили алкохол во крвта управувал возило и учествувал во сообраќајка, информираа денеска од...

Македонија21 час

ДИК: Вкупно 8.848 болни или немоќни лица денес можат да го остварат своето право на глас

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во...

Македонија22 часа

ОЈО Струга отвори предмет за спомен-куќата на Владо Малески

Основното јавно обвинителство Струга оформило предмет во врска со уривањето на спомен-куќата на Владо Малески, при вршење градежни работи во...

Македонија22 часа

Куманово со најмногу гласачи 94.041, Лозово со најмалку 1.905

Право на глас на осмите Локални избори 2025 в недела имаат 1.832.415 гласачи, од кои 1.717.803 во земјата и 112...

Македонија1 ден

Од ноќеска на полноќ заклучно со 19:00 часот на 19 октомври е изборен молк

Од ноќеска на полноќ заклучно со 19:00 часот на 19 октомври е изборен молк. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски...

Регион2 дена

Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета...

Свет2 дена

Трамп: Царината од 100 отсто за кинеска стока не е одржлива, но бев принуден на тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата најавена царина од 100 проценти на кинеска стока не е одржлива, но дека...

Македонија2 дена

Контролорите за летање нема да штрајкуваат, но обвинуваат за незаконска одлука и лоши услови за работа без вода и систем за греење

Струковиот синдикат на контролори на летање на Македонија соопшти дека ќе ја почитува одлуката на Граѓанскиот суд во Скопје со...

Македонија2 дена

Одобрено обвинението против сопственикот на фирмата за обезбедување на „Пулс“

Кривичниот суд информира дека е одобрено и второто обвинение за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со што предметот преминува...

Топ2 дена

Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување...

Топ2 дена

Пукање во Ѓорче Петров, жител пријавил дека му е скршен прозорецот од дневната соба, а во куќата нашол две зрна од оружје

Доцна синоќа во 03:00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(39) од Скопје пријавил дека околу 02:50 часот, додека бил во неговиот...

Македонија2 дена

Се гледаме во вториот круг, рече Шукова и повика недела да биде празник на демократијата и на слободата на одлучување

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, ја заокружи кампањата за првиот изборен круг со повик до граѓаните...

Македонија2 дена

Секој изгубен ден во политички престрелки е изгубена можност за Скопје, в недела масовно да излеземе, повика Ѓорѓиевски

На последниот ден од изборната кампања за првиот круг на локалните избори, кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО- ДПМНЕ,...

Македонија2 дена

Андоновски: Македонија добива современ и сеопфатен план за дигитален развој

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска ја претстави новата Национална стратегија за информатичко-комуникациски технологии – „СМАРТ/МК 2030“, со што,...

Свет2 дена

Нема моќно оружје за Украина: Трамп ја менува приказната по разговорите со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ќе го угости украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, но има сè повеќе знаци...

Македонија2 дена

(Фото) Министерот за здравство се вакцинира против грип: Апелирам граѓаните навреме да се заштитат

Министерот за здравство Азир Алиу денеска го посети одделението за епидемиологија во Гостивар, каде и тој прими вакцина против сезонскиот...

Европа2 дена

(Видео) Русија: Нападнавме украински аеродром, каде што беа стационирани авиони на НАТО

Руските сили извршија напад врз воениот аеродром во Криви Рих, каде што наводно биле стационирани авиони на НАТО, објави руската...

Свет2 дена

Зеленски реагира на најавениот самит Трамп – Путин: тој денес пристигнува во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп денес е домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон за да разговараат за иднината на...