Компании
Бугарската ИТ компанија Мусала Софт ќе инвестира над 23 милиони евра и ќе вработи 320 лица
Инвестиција од повеќе од 23 милиони евра и вработување 320 луѓе најавија во четврток вицепремиерот Владимир Пешевски и претседателката на бугарската ИТ компанија „Мусала Софт“, Елена Маринова.
Пешевски рече дека Владата заедно со Агенцијата за странски инвестиции подолг период работела на тоа да ја привлечат оваа компанија да инвестира во земјата со оглед на тоа што станува збор за исклучително успешна компанија со навистина богато портфолио на клиенти.„Оваа компанија ќе отвори работни места за над 320 високообразувани лица од ИТ секторот, ќе овозможи на голем број едуцирани млади и поискусни луѓе да ги применат знаењата кои ги стекнале за време на студирањето. „Мусала Софт“ е технолошки развиена компанија која соработува со светски познати компании како што се Дојче Телеком, ДХЛ, ХП, ИБМ, Мобилком Аустриа Груп, ОМВ, Теленор и други и ваков тип на компании придонесуваат не само за намалување на невработеноста, туку и за создавање на производи и услуги со повисока додадена вредност кои полесно и побрзо се извезуваат од Македонија“, рече Пешевски.Потенцира дека Владата ќе продолжи со позитивниот тренд на привлекување на инвеститори со високо развиени технологии, како и да привлекува компании кои би инвестирале во различни региони и градови во земјата. Претседателката на „Мусала Софт“, Елена Маринова, истакна дека тие веќе започнале со екипирање на својата канцеларија во Скопје, досега се вработени 10-ина лица, а до 2020 година, бројката на вработени ќе надмине 320, а вкупната инвестиција над 23 милиони евра. Таа истакна дека компанијата е особено посветена кон развој и стручно усовршување на вработените и дека многу ќе се вложува во тој сегмент во наредните години.„Мусала Софт“ е водечка компанија во Бугарија во областа на софтверско инжинерство, која очекува годишен раст од 20-30 отсто, а вкупниот број на вработени до 2020 година да надмине 1.000 лица./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
„Новата мачка во градот“ – Ексклузивна февруарска понуда за новата Ford Puma Hybrid
Овој февруари, во духот на „месецот на мачките“, Гранд Ауто ја претставува специјалната продажна кампања „Новата мачка во градот“, посветена на новата Ford Puma Hybrid – модел кој комбинира впечатлив дизајн, динамични перформанси и напредна хибридна технологија. Кампањата носи ексклузивни попусти достапни само во текот на февруари, за верзиите со мануелен и автоматски менувач.
Во ограничен временски период, купувачите имаат можност да го добијат овој атрактивен компактен SUV по специјални цени:
Ford Puma Hybrid – мануелен менувач: од 21.500 €
Ford Puma Hybrid – автоматски менувач: од 23.500 €
Понудата важи само до крајот на февруари 2026 година и се однесува на возила од залиха.
Со својата агилност, карактер и урбана енергија, Ford Puma совршено го оправдува слоганот „Новата мачка во градот“ – автомобил создаден за возачи кои сакаат стил, технологија и возбудливо возачко искуство во едно.
Повеќе информации за кампањата и достапните модели: https://ford.mk/puma-hybrid-nova-macka
(ПР)
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
„Сетек“ отвора нов продажен салон во Godi Retail Park
Сетек – ја зацврстува својата лидерска позиција на македонскиот пазар со повеќе од 32 години доверба и врвна понуда на најновите производи од најпрестижните светски брендови.
Брендот продолжува со својата мисија да ја донесе технологијата поблиску до своите потрошувачи, да ги понуди најдобрите услови, најповолните цени и најдобрата услуга.
Големото отворање ќе се одржи од 6 до 8 февруари, ново место, нова енергија, нов, модерен Сетек продажен салон во Godi Retail Park – Скопје, со промотивни цени, најголеми попусти и над 300 подароци за најверните купувачи.
Во текот на отворањето, посетителите ќе имаат можност да уживаат во интерактивни демо-зони со тестирање и дегустации на врвни производи, како и специјална забавна програма.
СПЕЦИЈАЛНА ПРОГРАМА:
Петок, 6 февруари – забава со Гораст и Тони Зен
Сабота, 7 февруари – забава со Викса и DJ Дела
Подароци ве очекуваат со секоја сметка над 10.000 денари.
Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!
Количините се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК Godi Retail Park – Скопје.
(ПР)

