Свет
Бледо израелско извинување за Турција за смртта на хуманитарците
Израелскиот министер за одбран Ехуд Барака во петокот на Турција и понуди извинување за убиството на деветте турски државјани кои со бродот „Марамра“во составот на Флотилата на слободата се обидоа да ја минат блокадата на појасот Газа, што е карактеризирана како „бледа“ и „разводнета“
„Склони сме да размислуваме за извинување поради проблемите кои се појавија во текот на операциите во Мраморното Море, доколку воопшто ги имаше“, изјави израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак, во Вашингтон каде разговараше за подобрување на меѓусебните односи меѓу Израел и Турција. „Тоа не ми се допаѓа, но тоа е изборот што треба да се направи“, додаде Барак. Политичките аналитичари оценуваат дека овој јавно искажан предлог на Бараки има цел да претставува пробен балон со којшто ќе се испита колку е сериозно 13-месечното заладување на порано извонредно блиските односи меѓу Анкара и Тел Авив. Покрај тоа Обединетите нации преземаа истрага за инцидентот којашто не му оди во прилог на Израел. Барак навести дека извештајот што го направи поранешниот премиер на Нов Зеланд, Џефри Палмер, содржи елементи кои за Тел Авив се многу проблематични. Некои, пак, израелски функционери, сметаат дека помирувањето со Турција, ќе го поштеди Израел од повеќе меѓународни судски тужби. „Најдобрите адвокати во Израел препорачуваат да постигнеме договор со Турција“, рече Барак кој дополни дека „Израел нема да се извини за употребата на сила и легалноста на блокадата“. Турција е една од ретките муслимански земји која имаше многу тесна соработка со еврејската држава,. Анкара инсистира Израел да се извини поради нападот на бродот „Мави Мармара“ и да им плати оштета на семејствата на убиените и на повредените во кацијата на израелските командоси при истоварувањето на бродот за да го спречат неговото пловење кон брегот на појасот Газа за да ја скрши блокадата.„Флотила на слободата“ којашто се состоеше од шест бродови, беше пресретната од израелските командоси. За време на операцијата при давање жесток отпор загинаа девет членови на конвојот (осум турски државјани и еден државјанин на САД со турско потекло) од турскиот брод „Мави Мармара“ на кој имаше и тројца македонски државјани. По инцидентот што предизвика жестока меѓународна критика, Израел го либерализираше режимот за доставување хуманитарна помош преку копнените гранични премини кон палестинската енклава, но на сила остана целосната поморска блокада на појасот Газа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Хорор во Лесковац: се скарал со соседката, па ја удрил со лопата по главата и стомакот, лекарите се борат за нејзиниот живот
Денеска, во селото Губеревац во близина на Лесковац во Србија се случи обид за убиство. По расправија, 69-годишниот Ц.Ј. ја нападнал својата 61-годишна соседка со лопата, нанесувајќи и повреди опасни по живот. Напаѓачот е уапсен, а Вишото јавно обвинителство во Лесковац му одредило притвор поради сомнение за обид за убиство, објавува српски Блиц.
Според првичните информации, вербалниот конфликт меѓу соседите ескалирал во физички напад. Се сомнева дека Ц.Ј. во еден момент зграпчил лопата и ја удрил жената по главата и стомакот со металниот дел. Жената е итно пренесена во Клиничкиот болнички центар во Ниш, каде што лекарите се борат за нејзиниот живот.
„Жената се здобила со повреди во форма на фрактура на темпорална коска и хематом во пределот на абдоменот, поради што е примена на лекување во Клиничкиот болнички центар во Ниш. Истрагата ја спроведе јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Лесковац“, изјавил извор за Блиц.
Свет
Кремљ тврди дека Лавров и Путин не се во конфликт
Кремљ ги отфрли извештаите дека министерот за надворешни работи Сергеј Лавров ја изгубил наклонетоста кај претседателот Владимир Путин по неуспешниот обид да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп минатиот месец. Лавров, ветеран дипломат и министер од 2004 година, разговараше на телефон со својот американски колега Марко Рубио на 20 октомври за да разговара за потенцијална средба меѓу двајцата претседатели во Будимпешта за мировни преговори во Украина.
Официјалните изјави од двете страни по повикот не сугерираа дека поминало лошо, но Трамп еден ден подоцна објави дека не сака да ја одржи средбата бидејќи тоа би било губење време. Подоцна рече дека ја откажал бидејќи не се чувствувал добро, според агенциите.
Отсуството на Лавров од клучниот состанок на рускиот совет за безбедност минатата недела и одлуката на Путин да го испрати својот заменик-шеф на кабинетот на самитот на Г20 подоцна овој месец наместо министерот ги поттикнаа шпекулациите дека Путин му е лут. Запрашан во петокот за веродостојноста на шпекулациите, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли.
„Ќе ви дадам краток одговор: нема ништо вистина во овие извештаи“.
На прашањето дали Лавров ќе остане на својата функција, портпаролот додаде: „Апсолутно. Лавров е министер за надворешни работи, секако“. Објавите за расправијата меѓу двајцата политичари беа поттикнати и од некои анонимни руски канали на „Телеграм“, како и од медиумите кои се критични кон Кремљ.
Фото: принтскрин
Свет
Велика Британија ги укина санкциите против сирискиот претседател и министерот за внатрешни работи
Велика Британија денес ги укина санкциите против сирискиот претседател Ахмад ал-Шарија, објави Ројтерс.
Советот за безбедност на ОН го стори истото пред средбата на Ал Шари со американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот.
Во истото соопштение, британските власти изјавија дека ги укинале и санкциите против сирискиот министер за внатрешни работи, Анас Хатаб.
И двајцата претходно беа под финансиски санкции насочени против Исламска држава и Ал Каеда.
Фото: принтскрин

