Спорт
Се играат реванш мечевите во Лига Европа
Во фудбалската Лига Европа вечерва ќе биде комплетиран списокот на учесници во фазата по групи
Во текот на денот на програмата ќе бидат вкупно 36 натпревари. Досега учество во фазата по групи изборија минатосезонскиот победник Атлетико Мадрид, и десетте екипи кои испаднаа од Лигата на шампионите (Севиља, Зенит, Сампдорија, Розенборг, Андерлехт, Шериф, Јанг Бојс, Зенит, Салцбург, Динамо Киев и Спарта Прага).Својата работа во вторникот ја заврши ЦСКА Москва, русите и во реваншот го победија Анортозис и со вкупни 6:1 се пласираа во фазата по групи.Денес се играат натпреварите: Макаби-ПСЖ(0:2 прв натпревар), Таврија-Баер Леверкузен (0:3), Униреа-Хајдук (1:4), Гент-Феенорд (0:1), Порто-Генк (3:0), Литекс-Дебрецин (0:2), Австрија Виена-Арис (0:1), Карпати-Галатасарај (2:2), Марибор-Палермо (0:3), Динамо Минск-Бриж (1:2), Металист-Омонија (1:0), Лил-Васлуи (0:0), Елфсборг-Наполи (0:1), Брондби-Спортинг (2:0), Грасхоперс-Стеауа (0:1), Трабзон-Ливерпул (0:1), Утрехт-Селтик (0:2), Карабах-Борусија Дортмунд (0:4), Левски-АИК (0:0), Јувентус-Штурм (2:1), АПОЕЛ-Хетафе (0:1), АЕК-Данди (1:0), Актобе-АЗ Алкмар (0:2), Лех-Днипро (1:0), Астон Вила-Рапид Виена (1:1), ТНС-ЦСКА Софија (0:3), Хелсинки-Бешикташ(0:2), Штутгарт-Слован (1:0), ПСВ Ајндховен-Сибир (0:1), Маритимо-БАТЕ Борисов (0:3), Локомотив Москва-Лозана (1:1), Динамо Загреб-Ѓер (2:0), Мотервил-Оденсе (1:2), Фенербахче-ПАОК (0:1), Дњепар-Виљареал (5:0) и Манчестер Сити-Темишвар (1:1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Барселона падна во Сан Себастијан
Лидерот во шпанската Примера, Барселона, го забележа третиот пораз во првенството. Во Сан Себастијан, во рамките на 20-то коло, Реал Сосиедад ја победи Барселона со 2:1.
Барселона на „Реале арена“, налета на мотивиран противник, чии гол го бранеше одличниот Алекс Ремиро и „против себе“ го имаше ВАР. Два гола и беа поништени на Барселона поради офсајд во првиот дел.
Сосиедад знаеше да казни, во 32-та минута, по асистенција на поранешниот играч на Барселона, Гонзало Гедеш, Микел Ојарзабал ја затресе мрежата на Џоан Гарсија.
Израмнувањето дојде во 70-та минута, кога Маркус Рашфорд, по додавање од Дани Олмо успеа да го совлада Ремиро.
Но, радоста на навивачите на Барселона не траеше долго. Само минута подоцна, Гедеш успеа да постигне гол за 2:1.
Како што се очекуваше, Барселона ја имаше иницијативата до крајот на натпреварот, но обидите на Рашфорд и Јамал не го најдоа патот до мрежата на Сосиедад. Домашниот тим од 88-та минута играше со играч помалку, бидејќи поради остар старт, Карлос Солер доби црвен картон.
По 20 рунди во првенството Барселона има само бод повеќе од Реал, додека Сосиедад стигна до осмото место со 24 бода.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Сенегал е шампион на Африка – Брахим Дијаз трагичар, Папе Геј херој
Сенегал ја освои титулата на Африканскиот куп на нации. Во финалето, кое долго ќе се прераскажува, Сенегал го победи домаќинот Мароко со 1:0, со голот на Папе Геј во 94.минута. Натпреварот во регуларниот дел заврши без голови, а го обележа пеналот што го промаши Брахим Дијаз во 90+23 минута од судиското надополнување.
Сенегал, по 2021 година повторно е шампион на Африка. Мароко ќе почека на втората титула, првата ја освои пред 50 години.
Натпреварот со многу интензитет, две добри шанси за Сенегал, во првото и исто толку за Марако, во второто полувреме, на крајот мина во сенка на она што се случуваше во судиското надополнување на времето.
Најпрвин главниот судија му поништи гол на Сенегал во 93.минута, а потоа во 97-та, по интервенција од ВАР собата, Мароко доби пенал.
Сенеглаците лути од одлуката, на повик на селекторот го напуштија теренот, но не сите. Најискусниот и најдобриот Садио Мане не го послуша селекторот. Ги повика соиграчите да се вратат…А откако се вратија, топката ја зеде Брахим Дијаз, се обиде со „паненка“, но ударот беше толку лош, што буквално му ја додаде топата на голманот Менди.
CHAOS AT AFCON🤯
Senegal have a goal disallowed in injury time.
Minutes later Morocco are awarded a penalty.
Senegal players walk off in protest😡Brahim Diaz decides this is the best moment for a Panenka😬
Senegal now lead 1-0 in extra-time
— Balls.ie (@ballsdotie) January 18, 2026
Казната за промашениот пенал стигна во четвртата минута од првото продолжение, кога играчот на Виљареал, Папе Геј, од 15 метри ја закова топката зад грбот на Бону.
Шампионскиот гол можете да го погледнете Овде.
Foto/ EPA
Спорт
Лазаров: Не знам дали можам да кажам што ми е на ум, морам да внимавам да не навредам некого
Ракометната репрезентација на Македонија одигра нерешено 29:29 против Португалија во натпреварот од 2. коло од Групата Б на Европското првенство, освојувајќи бод во драматична завршница.
Македонија го освои првиот бод на ЕП и ги задржа шансите за пласман во втората фаза. Во вторник, во последното коло во групата, Македонија ќе ира против Романија, а Португалија за пртивник ќе ја има Данска.
„Не знам дали можам да кажам што ми е на ум бидејќи морам да внимавам да не навредам некого. Ние сме мала земја и сме многу деградирани! Не барам алиби, но самите видовте што се случува. Ќе ни биде многу тешко да се справуваме со вакви работи во иднина. Јавноста не нè сака, не нè поддржува, но тоа е она што ме движи во оваа работа“, рече селекторот Кирил Лазаров.
Потоа им честиташе на своите играчи за она што го покажаа против полуфиналистите на претходното Светско првенство.
„Од срце им честитам на моите играчи за она што го покажаа против полуфиналистите од претходното првенство. Во првото полувреме загубивме многу играчи, сите наши концепти се распаднаа и се создаде хаос. Се обидовме да го средиме тоа за време на паузата и некако најдовме доботна формула“, заклучи Лазаров.
Foto/ EPA

