Спорт
САД фаворит број еден од групата во Истанбул
Во Б групата од СП во кошарка 2010 САД е најголем фаворит од сите селекции што ќе играат во Истанбул. За вториот круг речиси сигурни се Хрватска, Бразил и Словенија, а Иран и Тунис се прежалени.
Во Б групата од СП во кошарка 2010 САД е најголем фаворит од сите селекции што ќе играат во Истанбул. За вториот круг речиси сигурни се Хрватска, Бразил и Словенија, а Иран и Тунис се прежалени. САД не се закитиле со злато 1994 година, што значи три последователни кикса. Сепак САД и овој пат испратија млада екипа, а дека се фаворити не само во групата во која играат туку и најсериозен претендент за титулата говори фактот што сите подготвителни мечеви ги добија со дваесетина и повеќе кошеви разлика. Во тимот на Мајк Крижевски по звучност на имињата отскокнуваат Ламар Одом, Чонси Билапс, Кевин Дуран, Дерик Роуз и Руди Геј, а во подготвителниот период добра форма покажаа Ерик Гордон, Кевин Лав и Тајсон Чендлер. Во екипата се и Расел Вестбрук, Стивен Кари, Дени Гренџер и Андре Игуала. Но кој и да истрча на паркетот сигурно е дека кошарката ја има во малиот прст. Хрватска имаше променливи резултати во контролните средби, ги победи Германија и Турција, што покажа дека имаат потенцијал, загубија од Литванија. Јосип Вранковиќ во Турција ќе се потпре на искусните интернационалци Зоран Планиниќ (Химки), Роко Лени Укиќ (Фенербахче), Давор Кус (Бенетон), Марко Поповиќ (Уникс Казан), Марко Томас (Фенербахче), Анте Томиќ (Реал). Во составот од интернационалците се и Крешимир Лончар, Марко Баниќ, Лукша Андриќ, и трите играчи од домашното првенство Рок Стипчевиќ, Бојан Богдановиќ и Лука Зориќ. Бразил ќе биде тврд орев за противниците. Има три НБА играчи Андерсон Варехао од Кливленд, Леандро Барбоса (Торонто) и Тиаго Сплитер нов член на Сан Антонио. Со помош на Маркус Винциус и Марсело Хуертас оваа екипа е спремна за замрсување на сметките на Хрватите и Словенците. Во тимот се уште и Марцелино Мачадо, Незињо Дос Сантос, Алекс Гарсија, Муриљо Бекер, Гиљерме Џовањони, Жоао Пауло Батиста и Раул Нето. Словенија не е без адути. Во тимот ќе ги нема Бено Удрих и Саша Вујачиќ, но на центарската позиција го имаат Примож Брезец, тука е и искусниот Боштјан Нахбар а организатори на играта се Јака Лаковиќ, Сани Бечировиќ и Горан Драгиќ. Во тимот се и Хасан Ризвиќ, Горан Јагодник, Јака Клобучар, Урош Шлокар, Само Удрих, Гашпер Видмар и Миха Зупан. Иран и Тунис се апсолутни аутсајдери, без оглед што во Иран игра Хамид Хадади од Мемфис, па и за нив се очекува првенството кратко да трае. крај/ап/м.н./
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Сити за полувреме го реши Брајтон
Фудбалерите на Манчестер Сити убедливo славеа на гостувањето кај Брајтон со 4:0 (3:0) во натпревар од 29. коло на англиската Премиер лига.
Актуелните шампиони сите дилеми околу победникот ги решија во првото полувреме и тоа во интервал од 17 минути кога постигнаа три гола.
Кевин де Брујне го постигна првиот гол во кариерата со глава во 17. минута, по центаршутот на Кајл Вокер.
Потоа два гола постигна Фил Фоден во 26. и 34. минута, првиот од слободен удар со малку среќа, а вториот по груба грешка на одбраната на домаќините.
Хулијан Алварез во 62. минута ги постави конечните 4:0.
Избраниците на Пеп Гвардиола се втори на табелата, го прескокнаа Ливерпул, а имаа бод и натпревар помалку од лидерот Арсенал.
Спорт
(Видео) Димитријевиќ МВП на ВТБ лигата
Кошаркарот на Уникс, Ненад Димитријевиќ е прогласен за најкорисен играч на регуларниот дел сезоната на руската ВТБ лига.
Уникс прв заврши во лигата, првпат во историјата, а Македонецот беше еден од најзаслужните за ваков успех.
Сезонава Димитријевиќ имаше просек од 19 поени по натпревар со 6,6 асистенции, 3,6 скока и 1,3 украдени топки.
Во минатогодишното финале на ВТБ лигата неговиот тим ја совлада Локомотива (4:1), а Димитиријевиќ беше прогласен за МВП на финалната серија.
Сезонава во решавачкиот меч за првото место во регуларниот дел против ЦСКА Москва забележа рекордни 40 поени со девет асистенции.
„За мене е голема чест да ја добијам наградата МВП за регуларниот дел од сезоната на ВТБ лигата 2023/24“, изјави Димитријевиќ и додаде:
„Оваа година победивме во многу возбудливи натпревари и славевме во регуларниот дел од сезоната. Мислам дека ова е резултат на напорната работа на целиот тим. Би сакал да им се заблагодарам на ВТБ лигата, на мојот тим Уникс, на стручниот штаб на чело од Велимир Перасовиќ, медицинскиот штаб и нашите верни навивачи. Најголема благодарност до моите соиграчи, кои ми помогнаа да станам подобар играч.“
Спорт
Адријан Њуи ќе го напушти Ред Бул
Главниот директор за дизајн на Ред Бул, Адријан Њуи, треба да го напушти тимот по контроверзата, која вклучува обвинувања против шефот на тимот Кристијан Хорнер.
Њуи, кој важи за најдобар дизајнер во историјата на Формула 1, одлуката да го напушти тимот им ја сооптшил челниците на Ред Бул, објави денеска Би-би-си.
Адријан Њуи е вознемирен од ситуацијата во Ред Бул, откако Хорнер беше обвинет за сексуално вознемирување и насилно однесување кон колешка. Хорнер ги негираше обвинувањата, а тимот по спроведена интерна истрага ги отфрли обвинувањата против Хорнер и жената ја суспендираше од работа.
Тој има договор со Ред Бул до крајот на следната сезона, а претходно беше поврзуван со преселба во Ферари.