Свет
Американец погубен без докажана вина
И покрај бројните притисоци смртната казна повторно да се одложи, во затворот во Џексон во сојузната држава Џорџија синоќа со смртоносна инјекција беше погубен четириесет и двегодишниот Трој Дејвис, кој станал симбол на борбата против смртната казна.
И покрај бројните притисоци смртната казна повторно да се одложи, во затворот во Џексон во сојузната држава Џорџија синоќа со смртоносна инјекција беше погубен четириесет и двегодишниот Трој Дејвис, кој станал симбол на борбата против смртната казна.
Дејвис е осуден на смрт поради убиството на полицаецот Марк Мекфеил во 1989 година. Меѓутоа, оружје и физички докази против Дејвис никогаш не беа пронајдени.
Жалбата на неговите адвокати не беше прифатена и покрај тоа што седум од девет сведоци кои Дејвис го товареа за убиството повлекоа дел или цело сведочење.
Не помогнаа ниту исказите на сведоците кои тврдеа дека друго лице го признало убиството. Дејвис ја чекаше смртната казна 20 години, а погубувањето со смртоносна инјекција веќе беше закажано три пати во текот на 2007 и 2008 година, но сите три пати беше одложено.
Неговото барање за помилување го поддржа поранешниот американски претседател на САД, Џими Картер, папата Бенедикт XVI, Советот на Европа, Амнести Интернешнл, а со петиција беа собрани повеќе од 650.000 потписи со цел да се укине смртната казна.
Адвокатот на Дејвис во последен момент се обиде да добие одложување пред Врховниот суд, но највисокиот суд во САД одби да го запре извршувањето на казна.
„Смртната казна не смее да се изврши кога не е потполно сигурно дека обвинетиот е крив. Одборот за помилување овој пат тоа правило не го почитуваше“ изјави адвокатот на Дејвис, Брајан Камер.
Смртната казна постои во 37 од 50 американски сојузни држави и најчесто се изрекува за убиства, киднапирања и слични тешки казнени дела кои резултирале со смрт на една или повеќе лица. До сега во САД смртната казна е извршена на над 800 осуденици, а во Тексас се извршени скоро 300 погубувања. /крај/хи/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Тепачка во турскиот парламент додека новиот министер за правда полагаше заклетва
Во турскиот парламент изби тепачка меѓу пратениците на владејачката АКП и опозициската ЦХП за време на полагањето заклетва на новиот министер за правда Акин Гурлек.
Инцидентот настанал кога опозициски пратеници се обиделе да го спречат Гурлек да се заколне, по што дошло до туркање и физичка пресметка. Седницата била прекината околу 15 минути.
Гурлек на крајот ја положил заклетвата, додека опозицијата фрлала копии од Уставот кон претседателот на парламентот.
ЦХП оцени дека неговото назначување е удар врз демократијата, додека АКП тврди дека постапката е во согласност со Уставот.
Европа
(Видео) Поранешен шеф на МИ6: Руските загуби се застрашувачки
Русија можеби изгубила околу двојно повеќе војници во Украина во декември 2025 година отколку што Советскиот Сојуз изгубил за време на советско-авганистанската војна, изјави поранешен шеф на британската разузнавачка служба во неодамнешно интервју.
Ричард Мур, поранешниот шеф на МИ6, даде интервју за Скај њуз, во кое рече дека околу 30.000 руски војници загинале во Украина во декември, опишувајќи ја бројката како „застрашувачки“.
Мур го спореди месечниот број на жртви на руски војници со загубите во советско-авганистанската војна, која траеше десет години, од 1979 до 1989 година, и во која загинаа околу 15.000 советски војници.
„Загубите се ужасни и дури и Русите ќе имаат тешкотии да ги надоместат тие загуби. Затоа поминуваат катастрофално лошо на бојното поле“, рече Мур.
Свет
Објавена фотографија од убиецот од Канада со пушка: и неговата мајката меѓу жртвите
Трансродов 18-годишник кој го напуштил средното училиште ги убил мајка си и полубратот пред да убие уште шест други во училиште во канадската покраина Британска Колумбија. Неговите фотографии претходно споделени од неговото семејство сега се објавени во јавноста за прв пат – вклучувајќи ја и едната на која се гледа насмеаниот тинејџер како држи пушка.
Џеси Ван Рутселар, поранешниот ученик кој тргна во крвав поход во средното училиште во Тамблер Риџ, има сериозен израз на лицето на неколку фотографии што неговата баба ги објави на Фејсбук по повод неговиот 14-ти роденден.
„Среќен 14-ти роденден на нашиот внук Џеси!! Те сакаме засекогаш!!“, се вели во објавата од август 2021 година.
Полиција: Роден е како машко, пред шест години започнал транзиција
На друга вознемирувачка фотографија, Ван Рутселар позира со пушка и се смее додека седи на кауч до друго помладо дете. Ван Рутселар го започнал нападот во дом во оддалечената заедница, а потоа го продолжил своето крваво дивеење во средно училиште, каде што властите велат дека починал од самонанесена прострелна рана.
Заменик-комесарот на Кралската канадска коњичка полиција, Двејн Мекдоналд, рече дека Ван Рутселар е „роден како биолошки маж… кој пред околу шест години почнал да транзитира во жена и се идентификувал како жена“.

Ван Рутселар ѝ бил познат на полицијата. Полицајците го посетувале семејниот дом неколку пати во текот на годините поради загриженост за неговото ментално здравје, рече Мекдоналд.
Претходно од куќата беше запленето и огнено оружје, но законскиот сопственик – чие име Мекдоналд не го спомена – успешно поднесе жалба за враќање на оружјето.
Во училиштето беа пронајдени пушка и пренаменет пиштол, но не беше јасно дали станува збор за истото оружје што беше запленето претходно. Во првото предупредување за вооружениот човек, издадено од властите во вторник попладне, вооружениот човек беше опишан како „жена во фустан“.
Мајката и полубратот (11) меѓу убиените
Шест лица беа пронајдени мртви во училиштето, а телата на неговата мајка, идентификувана од CTV News како 39-годишната Џенифер Странг, и неговиот 11-годишен полубрат беа пронајдени во домот.
Околу 25 други беа ранети во хаотичното пукање. Преплашените ученици и наставници зборуваа дека се барикадирале во училниците повеќе од два часа пред да бидат изведени надвор од училиштето.

