Македонија
Нова лавина на патот Маврово-Дебар, повредени нема
Нова лавина земја денеска се урна врз патниот правец Маврово-Дебар, кој повторно е затворен за сообраќај. Oгромната лавина од големи камења и снег, која се случи околу 14 часот, за среќа не повреди никого.
Нова лавина земја денеска се урна врз патниот правец Маврово-Дебар, кој повторно е затворен за сообраќај.Oгромната лавина од големи камења и снег, која се случи околу 14 часот, за среќа не повреди никого.„Нема повредени“, рече градоначалникот на општина Маврово Мекрем Мехмеди, повикувајќи се на полициски извори.Поради новото лизгање на земјиштето сообраќајот за сите видови на возила е повторно затворен, а екипите на Македонија Пат интензивно работат на расчистување на патниот правец.Патниот правец Маврово Дебар пред два дена делумно беше оспособен за сообраќај по големиот одрон на земја што се случи минатата недела. /крај/мн/ин
17:33 Уште една помала лавина во Дебарско>>
Повеќе фотографии тука>>
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

