Македонија
Иванов: Грчката блокада со исти последици како и ембаргото од деведесеттите
Претседателот Ѓорге Иванов во своето обраќање на 65-тото Генерално Собрание на Обединетите Нации рече дека грчката блокада, покрај политички, создава и сериозни последици врз економскиот развој на земјата и смета дека тие се еднакви со последиците од трговското ембарго од пред 15 години
Според Ѓорге Иванов, поради грчката блокада, Македонија има проблеми во привлекувањето на странски инвестиции и намалувањето на невработеноста.„Македонија 15 години по првото трговско ембарго од Република Грција се соочува со нова блокада која ги нема карактеристиките на ембаргото од деведесеттите, но сепак ги има истите последици. Факт е дека Република Грција е еден од најголемите инвеститори во Република Македонија, но исто така, факт е дека со блокадите во интеграциските процеси, индиректно ни се блокира привлекувањето на други инвеститори и инвестиции. Но, ние не сме обесхрабрени. Веруваме дека наскоро со нашиот сосед ќе најдеме решение кое ќе ни ја обезбеди европската и евроатлантската иднина, а со тоа и благосостојба за нашите граѓани. Ние сме подготвени за тоа“, рече Иванов.Во своето обраќање посветено на Милениумските развојни цели, Иванов говореше за достигнувањата што земјата ги има направено во овој домен, особено во однос нa здравствениот и образовниот систем, борбата против сиромаштијата, заштитата на ранливите групи граѓани, како и заштитата на животната средина
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

