Македонија
Украдени 21 икона од црква во струшко село
Украдена е 21 икона од една од најстарите цркви во струшкиот регион „Свети Анастасиј“, во селото Луково.
Украдена е 21 икона од една од најстарите цркви во струшкиот регион „Свети Анастасиј“, во селото Луково.
Кражбата ја забележале и ја пријавиле локални жители, вчера попладне кога случајно минувале и ја виделе надворешната врата на црквата отворена.
За неколку месеци ова е втора кражба на икони во ова село, по кражбата на црквата „Свети Ѓорѓија“. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Непречен сообраќај по претежно влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Скопје
Падна дрво во населбата „Автокоманда“ во Скопје
Преку Единствен повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за паднато дрво на булеварот „Александар Македонски“ близу паркингот на влезот на фабриката „Железара и Железарија Јоле“ во населбата „Автокоманда“.
Од ЦУК, веднаш по добиената информација од страна на Сектор за операции и координација, покрај МВР, беа известени ЈП „Паркови и зеленило“ на Град Скопје, коишто испратија екипи и истите интервенираа во расчистување на паданатото дрво.
Македонија
Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд
Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Во јужните делови наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално проследени со грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Во сабота ќе има преодно стабилизирање на времето, а потоа во следните денови во попладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе биде во пораст.