Свет
Обама му постави ултиматум на Гадафи

Претседателот на САД, Барак Обама, денеска во Вашингтон побара од либискиот лидер, Моамер Гадафи, да ги запре сите напади врз цивилите, а ако не отстапи, САД ќе се приклучат кон воената операција против Гадафи.
Претседателот на САД, Барак Обама, денеска во Вашингтон побара од либискиот лидер, Моамер Гадафи, да ги запре сите напади врз цивилите, а ако не отстапи, САД ќе се приклучат кон воената операција против Гадафи.Обама на новинарите во Белата куќа им кажал дека сепак САД нема да распореди копнени сили во Либија.Совет за безбедност на ОН ноќеска ја усвои резолуцијата која дозволува воена интервенција за да се спречат либиските сили да убиваат цивили.Нема простор за сомнеж во а намерите на Гадафи, тој веќе ги обелодени, изјавил Обама и додал.„Вчера, зборувајќи за Бенгази, град околу 700.000 жители, Гадафи се закани дека нема да има милост и сожалување, и тоа кон сопствените граѓани.Обама потсети дека САД и другите земји воведоа санкции кон Либија, ги замрзнаа средствата на Гадафи, неговото семејство и на соработниците и пратија хуманитарна помош на соседните земји за полесно да се изборат со бранот бегалци.„Моамер гадафи сега повторно може да бира“, рекол Обама, наведувајќи дека за условите што ги постави Советот за безбедност не може да се преговара.Обама додал дека Гадафи ќе сноси одговорност и последици „ако не се повлече“./крај/бе/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Во сообраќајка загина поранешен хрватски фудбалски репрезентативец и играч на фудбалскиот клуб Динамо

Во тешка сообраќајна несреќа, што се случи во Карловац, загинаа 2 лица, меѓу кои и поранешниот хрватски фудбалски репрезентативец и играч на фудбалскиот клуб Динамо, Никола Покривач, јавуваат хрватските медиуми.
Полицијата во краткото соопштение наведува дека несреќата се случила на обиколницата Турањ и дека во неа учествувале 4 патнички возила.
Три лица се пренесени на лекување во медицинска установа.
Свет
Русија и Украина денеска треба да разменат затвореници

Русија и Украина денеска треба да разменат затвореници, а посредник во договорот повторно се Обединетите Арапски Емирати, соопштил извор запознаен со преговорите.
Ќе бидат разменети вкупно 492 војници – 246 од двете страни, како и уште 46 ранети украински војници.
За време на војната Русија и Украина со посредство на ОАЕ веќе разменија вкупно 3.233 воени заробеници
Свет
„Вие сте глупави луѓе“: Трамп за Путин и Зеленски доколку ги отфрлат преговорите за прекин на огнот

Американскиот претседател Доналд Трамп ги потврди зборовите на американскиот државен секретар Марко Рубио во врска со повлекувањето од преговорите доколку руската и украинската страна не постигнат договор наскоро.
Трамп понуди помек пристап, велејќи дека Рубио бил „во право“, но во исто време покажа поголем оптимизам во врска со изгледите за постигнување договор.
На прашањето за временската рамка во која САД би можеле да се повлечат, Трамп одговори:
– Нема конкретен број на денови, но сакаме брзо да го завршиме. Ако, поради некоја причина, една од двете страни го отежни тоа многу, ние само ќе кажеме: „Вие сте глупави, вие сте глупави. Вие сте ужасни луѓе“ и едноставно ќе се откажеме. Но се надевам дека нема да мораме“, продолжи тој.
Трамп не сакаше да каже дали е подготвен целосно да ги напушти преговорите или дали ќе продолжи воено да ја поддржува Украина доколку преговорите не успеат.
На прашањето каков напредок би требало да види за да ги продолжи преговорите, Трамп рече дека „ќе мора да види ентузијазам за заклучок“ од двете страни, предвидувајќи дека ќе знае „наскоро“.
– Мислам дека имаме навистина добри шанси да го постигнеме тоа. „Сега сè завршува“, рече тој.
Претходно американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека ако не е можно да се стави крај на војната во Украина, Соединетите Американски Држави треба да се откажат од своите напори и да продолжат понатаму, според написите во светските медиуми.