Свет
На демонстрантите против Вол стрит одземени генераторите
Плановите на демонстрантите против Вол стрит да кампуваат во еден од њујоршките паркови во текот на целата претстојна зима, во петокот паднаа во вода откако пожарникарите од безбедносни причини им ги заплениле генераторите и горивото за нив.
Плановите на демонстрантите против Вол стрит да кампуваат во еден од њујоршките паркови во текот на целата претстојна зима, во петокот паднаа во вода откако пожарникарите од безбедносни причини им ги заплениле генераторите и горивото за нив. Според метеоролошките прогнози, првиот снег во Њујорк ќе падне уште во недела, а движењето „Да го окупираме Вол стрит“ (OWS), коешто се спротиставува и бори на економските нееднаквости, остана без генераторите со коишто демонстрантите се грееја, ги полнеа лаптопите и готвеа во нивниот камп кој го подигнаа пред шест седмици во еден приватен парк во долен Менхетен. „Тие мислат дека со одземањето на генераторите ќе ни ја одземат и силата, но тоа апсолутно не е точно“, изјави портпаролот на движењето, Мајкл Бут.Градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг, изјави дека биле запленети шест генератори и гориво за нив, бидејќи тие претставувале опасност за безбедноста, и дека тоа не сторено за да демонстрантите се принудат да си заминат од паркот, бидејќи власта не може да преземе против нив други мерки зашто кампираат на приватен посед. Аналитичарите сметаат дека не постои никаков сомнеж дека њујоршкиот градоначалник се надева оти протестите ќе згаснат сами од себе, со влошувањето ан временските прилики и паѓањето на температурите./крај/ро/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Путин: Русија ќе продолжи да работи на формирање мултиполарен светски поредок
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија ќе продолжи да работи со партнерите за формирање мултиполарен светски поредок, како и дека се можни дискусии за безбедносни прашања со западните земји, но под еднакви услови.
„Заедно со партнерите во евроазиската интеграција, со другите центри за суверен развој, ќе продолжиме да работиме на формирање мултиполарен светски поредок, еднаков и неделив безбедносен систем“, рече Путин на церемонијата на инаугурација во палатата во Кремљ.
Тој рече дека Русија била и ќе биде отворена за зајакнување на добрите односи со сите земји.
Русија не го отфрла дијалогот со западните земји, туку дека изборот е нивен, посочи Путин.
„Дали сè уште планираат обиди да го запрат развојот на Русија, да ја продолжат политиката на агресија, притисокот врз нашата земја кој не запира со години или бараат начин за соработка и мир“, рече рускиот лидер на церемонијата на инаугурација. .
Рускиот лидер денеска положи заклетва на церемонијата на инаугурација во Големата палата Кремљ и официјално стана претседател на Русија.
Путин ќе остане на функцијата во следните шест години, до 2030 година, пренесува РИА Новости.
Регион
Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции
Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции, изјави министерот за одбрана Ејуп Македончи.
„Група руски хакери извршија сајбер-напад на Косово како одмазда за мојата изјава за поддршка на Украина“, изјави Македончи.
Во текстот на руските хакери се споменува говорот на тој косовски министер кој, според нив, рекол дека „Косово е подготвено да и понуди воена помош на Украина“.
„Косово е подготвено да ги здружи колективните напори за поддршка на одбраната на Украина. Треба повеќе да размислат за ова“ – напишаа хакерите на руски, спомнувајќи го министерот Македончи.
Министерката за надворешни работи и дијаспора Доника Гервала објави дека „Русија врши хибриден напад на Косово“.
Гервала на мрежата „Х“ изјави дека „рускиот хибриден напад на Косово“ доаѓа по најавата за поддршка на Косово за Украина со воена опрема.
Свет
Хумза Јусаф поднесе оставка, Шкотска има нов премиер
Новиот претседател на шкотската партија СНП, Џон Свини во шкотскиот парламент е избран за нов шеф на шкотската влада, на местото на Хумза Јусаф.
Тој доаѓа на местото на Хумза Јусаф (39), која поднесе оставка минатата недела по распадот на коалицијата со Зелените. Тие беа воздржани од гласање.
Изборот на Свини не е изненадување. Тој освои 64 од 129 гласови во парламентот каде Шкотската национална партија има големо водство пред опозициските партии, но нема апсолутно мнозинство. Тој допрва треба да положи заклетва пред Врховниот суд.
Претходно истиот ден, Јусаф формално ја поднесе својата оставка во писмо до британскиот крал Чарлс III. Тој беше на власт 13 месеци, по харизматичната Никола Старџен. Тој беше најмладиот шкотски премиер и првиот од националното малцинство.
„Како млад муслиман, роден и израснат во Шкотска, не сонував дека еден ден ќе бидам привилегиран да ја водам мојата земја“, напиша тој.