Спорт
Литванските навивачи соборија Гинисов рекорд

Официјалното отворање на Европското првенство во Литванија го одбележа соборувањето на Гинисовиот рекорд, за кој се заслужни литванските навивачи.
Официјалното отворање на Европското првенство во Литванија го одбележа соборувањето на Гинисовиот рекорд, за кој се заслужни литванските навивачи. Во шест литвански градови Каунас, Вилнус, Клаипеда, Алитус, Шаиулаи и Пеневижус, повеќе од 55.000 вљубеници во кошарката пет минути истовремено ги тапкаа своите кошаркарски топки. Литванците го надминаа рекордот на Полска каде пред две години, кога ЕП се одржуваше во оваа земја, 30.000 луѓе ги тапкаа своите кошаркарски топки. По навивачкиот перформанс, литванскиот премиер Андриус Кинилиус, градоначалникот на Вилнус, Артурас Зоукас, генералниот секретар на ФИБА, Нар Заролин и репрезентативецот на Литванија, Линас Клеиза, свечено ја пресекоа лентата и го прогласија Евро баскет 2011 за отворен. Претседателот на ФИБА Европа, Олафур Рафнсон, им го честита соборувањето на рекордот на литванските навивачи, а на сите учесници на шампионатот им посака успех. На ЕП учествуваат 24 секлекции, меѓу кои е и Македонија. Македонските кошаркари својот прв натпревар ќе го одиграат утре, со почеток во 15:30 часот, а противник ќе им биде Црна Гора. крај/б/92нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Дортмунд лесно со Улсан, Мамелоди не успеа да направи сензација против Флуминенсе

Познати се уште двајца учесници во нокаут фазата на Светското клупско првенство, тоа се Борусија Дортмунд и Флуминенсе.
На Дортмунд му беше потребна победа над корејски Улсан за да се пласира во осминафиналето. Германскиот тим успеа да триумфира и да го потврди пласманот во нокаут фазата.
Резултатот 1:0 не го покажува најдобро вистинскиот однос на силите. Натпреварот мина во апсолутна доминација на „милионерите“.
Помладиот од браќата Белингем, му асистираше на Швеѓанецот Свенсон во 36-та минута.
Флуминенсе беше фаворит против јужноафриканскиот Мамелоди, но на теренот изгледаше сосема поинаку, дури и тимот од „Црниот континент“ имаше подобри шанси, речиси успеа да направи изненадување и да се пласира во осминафиналето.
Не успеаја, Флуминенсе издржа во финишот, освои бод за место меѓу најдобрите 16. Четирите бразилски тима се пласираа во осминафиналето: Флуминенсе, Палмеирас, Ботафого и Фламенго.
Спорт
Роналдо останува – ќе игра дури и на 43 години

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо одлучи да остане во Ал Наср.
Како што објави Фабрицио Романо, само формалности го делат 40-годишникот од останувањето во Саудиска Арабија.
Тој треба да потпише едногодишно или двегодишно продолжување на соработката со клубот, во зависност од тоа што играчот претпочита. Доколку се одлучи за втората опција, тоа значи дека сè уште би играл фудбал професионално на 43 години.
Тој потпиша за Ал Наср во јануари 2023 година и оттогаш одигра 105 натпревари и постигна 93 гола. Моментално има 938 гола во кариерата и е главната мотивација за него да продолжи да игра 1.000 гола.
Минатата сезона, тој постигна 35 гола на 41 натпревар и имаше четири асистенции.
Тој одигра 221 натпревар и постигна 138 гола за Португалија. Неодамна го освои својот трет трофеј со репрезентацијата, славејќи во финалето на Лигата на нации по втор пат во кариерата.
Спорт
Ренџерс добија засилување од Борнмут

Глазгов Ренџерс добија нов десен бек. На едно годишна позајмица од Борнмут во Глазгов пристигна 25-годишниот Макс Аронс.
Аронс ја помина претходната полусезона во Валенсија, каде што одигра само четири настапи.
Поранешниот млад репрезентативец на Англија се наметна во дресот на Норич, со кој двапати избори промоција во Премиер лигата. Потоа, во 2023 година, потпиша за Борнмут во трансфер вреден седум милиони фунти.
Во првата сезона, тој одигра 20 натпревари за „црешите“, но во наредната сезона одигра само три натпревари.