Македонија
Иванов испрати писмо со сочуство до Медведев
Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов, испрати писмо со изрази на сочуство до својот руски колега Дмитриј Медведев, по двете одделни експлозии утринава во московската подземна железница.
Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов, испрати писмо со изрази на сочуство до својот руски колега Дмитриј Медведев, по двете одделни експлозии утринава во московската подземна железница. „Тероризмот и заканите не познаваат граници и поради тоа сметам дека напорите за сузбивање на истите мора да бидат заеднички и глобални. Наша обврска е да им обезбедиме и гарантираме на нашите граѓани посигурна сегашност и иднина. Само со координирани, заеднички и колективни напори и заложби можеме да ја постигнеме оваа цел“, се вели во писмото на Иванов на Медведев. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.
Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп – Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект “Санација на трупот на патот кај мост на река Шемница на Државен пат Р1101 км 85+903, делница Прилеп – Битола”, и тоа од 27.03.2024 ќе има целосно затворање на делницата.
На 26.03.2024 година од 14.15 часот извршена е времена измена на режимот на сообраќајот на делницата од автопатот 300м после надвозник „Маџари“ до клучка „Белви“ за време на поправка и рехабилитација на државен пат А1/А2 делница Скопје-Куманово (десна коловозна лента) каде што со ветикална сообраќајна сигнализација во должина од 200м сообраќајот се канализира и успорува од левата (за претекнување) сообраќајна лента во средната (за возење) сообраќајна лента за да потоа во должина од 1500м целиот сообраќај ќе се одвива по сообраќајната лента за претекнување (левата), а средната и сообраќајната лента за принудно запирање ќе бидат затворени за сообраќај.
Од 18.03.2024 г. има измена на режимот на сообраќај на државниот пат Р1101, делница Прилеп – Битола, заради интезивирање на градежните активности во врска со проект Санација на патот, кај мост на река Шемница.
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Времето денеска сончево и потопло
Времето денеска во земјава ќе биде претежно сончево и потопло, попладне во планинските подрачја со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.
Во Скопје претежно сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 24 степен.
Утре времето ќе биде претежно сончево и топло, попладне во планинските подрачја со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Во вторник попладне ќе има локална појава на нестабилност, а во среда и четврток под влијание на нов влажен бран во поголем дел од земјава ќе има пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилни врнежи и засилен ветер.