Европа
Норвешка ги враќа бегалците во Русија
Норвешка, во согласност со новите прописи што ги воведе, во Русија со автобуси ќе испрати околу 60 бегалци и имигранти кои влегле од оваа земја, а се очекува дека наскоро ваквата судбина ги чека уште 5.500 имигранти.
Многу имигранти во текот на минатата 2015 година ја минале арктичката граница со велосипеди, кога во Норвешка стигна бран бегалци од областите зафатени во војните, главно од Сирија.
Бегалците, главно од Сирија, влегле во Норвешка преку граничниот премин Стурскуг од Русија, најчесто со велосипед. Рускиот закон, имено, забранува минување на границата пешки, а норвешкиот закон, пак, им забранува на возачите во автомобилите да превезуваат лица кои немаат валидни документи, па затоа бегалците избирале велосипеди.
Норвешка во ноември извести дека веднаш ќе ги депортира лицата кои во земјата пристигнале од земјите коишто се сметаат за сигурни. Првиот автобус со бегалци од кампот во градот Киркенес треба наскоро да тргне кон Русија. Одлуката следеше откако Русија се согласи Норвешка да ги врати со автобус имигрантите кои имаат руска виза, а тоа се главно Сиријци.
Благодарејќи на добрите односи меѓу Москва и Дамаск, Сиријците можат лесно да добијат виза за влез во Русија преку која влегуваат во Норвешка, една од најбогатите европски држави која е членка на Шенгенската зона на слободното движење на луѓе, иако не е членка на Европската унија.
Норвешка претходно ги враќаше имигрантите со велосипеди, поради споменатите прописи, а таквите потези беа жестоко критикувани од групите за заштита на човековите права, бидејќи дневната температура во пограничната област се симнува до минус 30 Целзиусови степени./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Европа
Напаѓачот на Фицо доби мерка притвор за да не побегне и да не го повтори делото
Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување денеска му одреди притвор на 71-годишниот Словак Јурај Цинтула, кој на 15 мај годинава во градот Хандлова со пет истрели го застрела премиерот Роберт Фицо и тешко го рани во стомакот.
Притворот за осомничениот е побаран поради опасност да не избега или да го повтори делото.
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска призна вина.
Адвокатите предупредија дека признавањето на вината е спорно, бидејќи Цинтула веднаш по атентатот и апсењето бил сослушан во шок, без присуство на адвокат.
Европа
Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна.
Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело. Напаѓачот беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен.
Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.
Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.