Свет
Кавга меѓу Врховниот суд и Судскиот совет
Откако не е одговорено на барањето за смена на Бојан Ефтимов Дане Илиев ги сфаќа коментарите на РСС како последен обид на Советот да се докаже како експедитивен.
Откако не е одговорено на барањето за смена на Бојан Ефтимов
Дане Илиев ги сфаќа коментарите на РСС како последен обид на Советот да се докаже како експедитивен. Тој е дециден дека досега го почитувале законот. Според него, РСС се занимава само со избор на претседатели на судови, додека тие решаваат за конкретни случаи на одговорност на судии
Жаклина Ѓорѓевиќ
Двете највисоки судски институции се во кавга. Републичкиот судски совет и Врховниот суд преку медиумите се препукуваат за "случајот Верушевски", за кој ќе се испитува одговорноста на досегашниот претседател на Основниот суд Скопје 2, Бојан Ефтимов, и судијката Василка Божиновска. Од Ефтимов се бара одговорност, бидејќи наводно незаконски му го вратил пасошот на младиот Александар Верушевски, инаку осуденик на една година затвор, за да се лекува во Игало, СЦГ, иако судијката Божиновска одлучила поинаку. Откако претседателот на Врховниот суд, Дане Илиев, го обвини РСС дека намерно го одолжува одлучувањето за случајот, оттаму му реплицираа дека тој не постапил законски кога ја повел постапката за утврдување одговорност на Ефтимов.
"Претседателот на Врховниот суд, Дане Илиев, очигледно работи селективно. Од една страна, не ни одговара на нашето барање за судот да ни достави мислење за кандидатите за претседатели на судови, а од друга, кога една судијка ќе достави претставка до нив, тие експресно реагираат", вели заменик-претседателот на Републичкиот судски совет, Абдулселам Канзоски, коментирајќи ги препукувањата на двете институции околу можната одговорност на Ефтимов. РСС тврди дека досега изработиле два извештаја за одговорноста на двајцата прозвани судии, откако претходно примиле две претставки од Ефтимов и од Божиновска.
Канзоски вели дека постапката за одговорност на судии треба да биде иницирана од Општа седница на Врховниот суд, а не од Одделот за казниви дела, кој побара од РСС да се отвори постапка за Ефтимов. "Според член 7 од Правилникот на РСС, овластени предлагачи за поведување постапка за нестручно и несовесно вршење на судиската функција се претседателот на судот, претседателот на повисокиот суд и Општа седница на Врховен суд", вели Канзоски. Тој појаснува дека со тоа што постапката за Ефтимов ја покренал Одделот за казниви дела при Врховниот суд, а не самиот суд, ќе ја одолжи постапката, која во просек трае 3-4 месеци. Затоа тој претпоставува дека претседателот на Врховниот суд не го сработил предметот целосно.
Канзоски тврди дека Илиев ги опструира и со тоа што не доставува мислење за кандидатите за претседатели на судови и со недоставување критериуми за избор на судии, па сега РСС ќе мора за нив да одлучува на слепо.
Заменик-претседателот во РСС гледа опасност во кандидирањето на Ефтимов и Божиновска за претседатели на судови. "Судија во таков случај може да поднесе кандидатура, но не значи дека ќе биде избран. Секој судија за кого се води постапка треба да знае дека не треба да се јавува за повисок суд, ниту за претседател на суд, бидејќи за него се води постапка. Таквиот судија е под ембарго, под опсервација. Ако се утврди негова вина, тогаш ќе треба да се води постапка за негово разрешување од таа функција и затоа се избегнува такви лица да се унапредуваат или да се избираат за претседатели", смета Канзоски.
Претседателот на Врховниот суд, Дане Илиев, коментарите на РСС ги сфаќа како последен обид на Советот да се докаже како експедитивен. Тој е категоричен дека досега го почитувале законот по сите предмети. "Не може еден Канзоски или Републичкиот судски совет да го доведе во прашање легитимитетот на Врховниот суд. Тие од обични анонимки поведуваат постапки, а не ние. Ние и досега сме им испраќале барања за поведување постапка преку Одделот за казниви дела. Тоа не е дискутабилно", вели Илиев, додавајќи дека Судскиот совет е оценет дека не работи добро.
Според него, РСС се занимава само со избор на претседатели на судови, додека тие решаваат за конкретни случаи на одговорност на судии. "Како може да им доставиме мислење за кандидираните судии кога за некој месец Советот треба да престане да постои и да се формира ново тело. И како да го доставиме мислењето кога за двајца од кандидатите за претседатели на судови, Ефтимов и Божиновска, се води постапка. Брзаат да ги избереме претседателите на судовите преку ноќ", рече Илиев. Тој вели дека откако ќе го добие одговорот од РСС, ќе закаже Општа седница за утврдување одговорност на судиите Ефтимов и Божиновска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Венецуела: Запленувањето на танкер е чин на меѓународно пиратство
Министерството за надворешни работи на Венецуела го осуди запленувањето на танкер за нафта од страна на американската војска покрај брегот, нарекувајќи ја операцијата „бесрамна кражба и чин на меѓународно пиратство“.
Преземање на контролата врз бродот
Американските војници ја презедоа контролата врз бродот на Карибите претходно во среда. Американскиот државен обвинител Пам Бонди и директорот на ФБИ, Каш Пател, изјавија дека танкерот е дел од нелегална мрежа за транспорт на нафта што финансира странски терористички организации.
Бонди на платформата за социјални медиуми Икс изјави дека бродот се користел за транспорт на санкционирана нафта од Венецуела и Иран. Таа додаде дека танкерот со години бил под санкции на САД и дека војниците сега го извршиле налогот за запленување.
Нејзиниот пост, исто така, вклучуваше видео кое наводно ја прикажува операцијата. Снимката покажува хеликоптер како се приближува до танкерот пред војниците да се спуштат на палубата со оружје за да го обезбедат бродот. Членовите на екипажот не се видливи.
Реакција на Венецуела
„Во овие околности, вистинските причини за тековната агресија врз Венецуела конечно се јасни“, соопшти Министерството за надворешни работи на Венецуела на Инстаграм. „Не станува збор за миграција. Не станува збор за трговија со дрога. Не станува збор за демократија. Не станува збор за човекови права.“
„Секогаш станува збор за нашите природни ресурси, нашата нафта, нашата енергија, нашите ресурси што им припаѓаат исклучиво на венецуелскиот народ“, додаде.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, им рече на новинарите во Белата куќа дека станува збор за „голем танкер, многу голем – всушност најголемиот што некогаш е запленет“. Тој не даде дополнителни детали, но посочи дека може да следат повеќе настани како што „се случуваат други работи“.
фото: Depositphotos
Европа
(Видео) „Невозможно е да се запрат, тие се насекаде“: Покровск е нападнат од огромен број руски војници
Во една од најжестоките битки од почетокот на војната, украинските сили го бранат Покровск од огромни руски сили од околу 170.000 војници, додека евакуациските патишта од соседниот Мирноград се уриваат под постојан притисок. Русија секојдневно извршува десетици напади со елитни единици, оклопни возила и мотоцикли, а веќе освои 80% од Покровск, објави „Евромајдан Прес“.
Источната група украински сили објави дека бранителите одбиле околу 50 руски напади во текот на изминатиот ден. Вчера, Русите ги искористија лошите временски услови за да започнат нови офанзивни операции насочени кон пробив.
Во битките за Покровск и Мирноград, Русија ја распореди и својата моќна единица Рубикон и женски напаѓачки одреди, додека се обидува да ги срамни украинските позиции со земја со десетици воздушни ракети. Само вчера, украинските сили уништија две руски возила, шест мотоцикли, два копнени роботизирани системи, седум беспилотни летала, три парчиња специјална опрема и 15 непријателски засолништа.
Russian forces launched early-morning attack on Pokrovsk, attempting to exploit adverse weather conditions
The assault involved armored vehicles, motorized units, with columns advancing from southern direction toward northern part of the city
📹Ukraine's East Grouping of Forces pic.twitter.com/3YNM8DDQCr— Euromaidan Press (@EuromaidanPress) December 10, 2025
Украинците држат 13 квадратни километри
И покрај интензивниот притисок, одбраната на Покровск продолжува. Украинските трупи сè уште контролираат речиси 13 квадратни километри во северниот дел од градот, каде што се во тек операции за расчистување на урбаните области од руските сили. Различни компоненти на Одбранбените сили се вклучени во одбраната на предградијата, вклучувајќи ги Воздухопловните десантни сили, единиците за напад, Специјалните оперативни сили, Националната гарда и Националната полиција.
Руските сили се обидоа да започнат интензивен напад со оклопни и мотоциклистички единици од југ кон север, но 7-миот Воздушен јуришен корпус успешно го одби нападот. Во тој процес, 68-та Одделна стрелачка бригада го уништи првото руско оклопно возило, по што артилеријата продолжи да го гранатира остатокот од колоната, објавија Украинците.
Коридорот за евакуација се соочува со целосно затворање
Ситуацијата во соседниот Мирноград е исклучително тешка. Излегувањето од градот преку таканаречениот „коридор“ стана уште поопасно во последните недели. „Оваа „сива зона“ е практично затворена со недели. Последната ротација на персонал со опрема беше извршена кон крајот на ноември, а само неколку луѓе успеаја да заминат пеш“, изјавија извори за порталот „Украинска правда“.
Маринарски офицер кој се бореше на оваа рута ја опиша ситуацијата како критична: „Постои критична акумулација на руски сили, и тоа е тоа. Тие се насекаде, и невозможно е да се сопрат. Логистиката е блокирана“.
Бидејќи рутата до Мирноград преку Покровск повеќе не е проодна, украинскиот гарнизон е принуден да користи патишта низ селата Ривно и Свитље. Сепак, оваа рута е исто така компромитирана бидејќи руските сили веќе зазедоа дел од селото Ривно, претворајќи го излезниот коридор во стапица на смртта.
фото: Depositphotos
Регион
Црногорскиот премиер рече дека ќе влезе во ЕУ пред Србија, Вучиќ: Прво скокни, па кажи оп
Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера во Брисел ја коментираше реакцијата на црногорскиот премиер Милојко Спајиќ на неговата идеја земјите од Западен Балкан да бидат примени во Европската Унија истовремено, пренесува Анадолија.
Велејќи дека го презентирал својот предлог на европските лидери Урсула фон дер Лајен и Антонио Коста, Вучиќ додаде дека имал „најдобри намери“ и дека не гледа рационални аргументи во реакцијата на Спајиќ.
„Го кажав тоа од рационални причини, не ирационални, не политички, бидејќи некој ќе влезе пред нас. Прво скокнете, па кажете оп. Го кажав тоа бидејќи мислам дека е најдоброто решение. Да речеме дека Србија влезе, и нема да ве прашам сега со која територија, а Приштина никаде ја нема.
Како ќе го решиме овој проблем, бидејќи некој мора да размисли за тоа? И што ќе правиме, на пример, со БиХ во тој случај? Тогаш Бошњаците од Пазар ќе имаат три пати поголеми тешкотии при преминувањето на границата за да стигнат до Сараево и обратно. А Србите од Бијелина, Бања Лука, Требиње, Зворник и секое друго место би морале да ја преминат границата три пати потешко отколку денес, наместо да имаме отворени граници како што предлагам“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека имало непотребна „итност и брзање“ во реагирањето на нешто во кое „немало лоша или злонамерна намера“.
Црногорскиот премиер одговори на идејата на Вучиќ во вторник со објава на социјалната мрежа Икс: „Се согласувам дека ЕУ треба да биде крајната дестинација за целиот Западен Балкан. Сепак, ние ќе ве чекаме таму од 2028 година и ве охрабруваме навистина да побрзате и да ги забрзате другите кандидати од регионот.“
фото: Depositphotos

