Спорт
Кварезма се надева на позитивна сезона
Крилниот напаѓач на Интер Кварезма проговбори пре медиумите од Апенините околу неговите планови за престојната сезона во Калчо лигата.
Иако многумина сметаа дека Кварезма ќе го достигне нивото на Кристијано Роналдо сепак Португалецот неуспеа ни да се избори за место во првиот тим на Интер ниту пак ни во Челзи каде беше позајмен минатата сезона. Еве го неговото размислување колку целата ситуација.“Минатата сезона беше ужасна.” – рече Кварезма. “Мислам дека тоа беше најлошиот период за мене кога е во прашање, времето поминато на теренот, да се биде опција, да имаат верба во вас. Тоа беа најлошите моменти низ кои минував. Виситна е дека го освоив Скудетото со Интер и еден Куп со Челзи, но на колку натпревари играв? Па затоа не можам да кажам дека се чуствувам како шампион. Не играв онолку колку што сакав и не не ја покажав мојата права вредност. Не се сметам себеси за шампоион. Нема потреба да говорам за изговори за лошата сезона што ја имав, но вистина е дека ми е потребен ритам и самодоверба што се добива во подготовките пред почетокот на новиот шампионат. Факт е дека имав многу лоша подготвителна сезона пред да пристигнам во Интер. Тоа беа стресни времиња и имаше многу неизвесност бидејќи не знаев дали трансферот ќе се реализира, но тоа не е изговор за никого. Потребна ми е мојата брзина и самодоверба. Сега сум подготвен да ги одработам во целост подготовките и да покажам колку вредам. Најважно е да се прифати одговорност и јас немам проблем да признаам дека имав ужасна сезона. Подготвен сум да се соочам со новата сезона и знам дека ќе се вратам во нормала.” -изјави КварезмаПоследните информации говорат дека Кварезма сепак ке сотане во Интер иако за него веќе интерес пројавија Јувентус и Арсенал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ејбрахам се враќа во Астон Вила
Тами Ејбрахам е на пат да се врати во англискиот фудбал по четири и пол години. Ејбрахам е на прагот да се врати во Астон Вила, за која постигна 26 гола во Чемпионшип во сезоната 2018/19.
Како што објави „ТРТ Спор“, а потврди и Фабрицио Романо, Бешикташ и Астон Вила постигнале договор. Вила ќе плати 21 милион евра и во Истанбул ќе го испрати Јашин Озџан, како дел од трансферот.
Ејбрахам пристигна од Рома во црно-белиот тим од Босфор ова лето, а во последно време не игра во добра форма.
Екипата на Унаи Емери беше без Дониел Мулен кон средината на јануари, кој замина на позајмица во Рома, па Абрахам пристигнува како врвна замена во се попредизвикувачкиот дел од сезоната.
Искусниот англиски голгетер ќе биде замена за Оли Воткинс, кој е единствениот вистински напаѓач во Вила во тековната кампања.
Foto/ depositphotos
Спорт
Тотенхем се сериозно заинтересирани за Енди Робертсон
Британските медиуми тврдат дека капитенот на шкотската репрезентација Енди Робертсон, долгогодишен лев бек на Ливерпул, би можел да стане нов играч на Тотенхем. Робертосон, 10 од 12-те сезони во Премиер лигата, одигра во дресот на Ливерпул.
Робертсон дојде од Данди Јунајтед во Англија, поточно во Хал, во 2014 година и со „тигрите“ испадна во Чемпионшип, но се врати во елитните редови на англискиот фудбал веќе следната сезона.
Во Ливерпул пристигна во 2017 година, каде што брзо се етаблираше на левата страна од стартната постава, а работите се променија со заминувањето на германскиот стручњак Јирген Клоп и доаѓањето на холандскиот тренер Арне Слот.
Робертсон одигра само 13 натпревари во Премиер лигата минатата сезона, а на почетокот на оваа Слот донесе уште еден лев бек, Милош Керкез.
Наводно, Тотенхем испратил понуда до 31-годишникот. Сепак Би-Би-Си пишува дека Ливерпул нема потреба од лев бек откако во меѓувреме го донесе 19-годишниот Бразилец Соуза.
Сепак, тие истакнуваат дека Бразилецот е премногу млад и дека поради тоа менаџерот Томас Франк бара искусен фудбалер на таа позиција.
Договорот на Робертсон истекува ова лето, а тој неодамна изјави дека не знае, односно сè уште не одлучил, што му носи иднината.
Foto/ EPA
Спорт
Ен Несири пред трансфер во Јувентус
Фудбалскиот клуб Јувентус, од почетокот на преодниот рок, се обидува да се засили со класична „деветка“. Откако неуспено заврши обидот со Жан-Филип Матета, челниците на клубот од Торино се насочија кон Јусуф Ен Несири.
Јувентус мора да ангажира напаѓач, бидејќи Џонатан Дејвид не се снајде, Душан Влаховиќ е повреден и неговиот договор истекува на крајот од сезоната.
Спортскиот директор на Јувентус, Марко Отолони, вчера бил во Истанбул, на натпреварот од Лига Европа помеѓу Фенербахче и Астон Вила (0:1), да преговара околу ангажманот на Мароканецот.
Јувентус нуди 5.000.000 евра за позајмица, 19.000.000 евра за опција за откуп на договорот и 3.000.000 преку бонуси.
Реално е Фенербаче да ја прифати понудата и наскоро се очекува Ен Несири да го облече дресот на Јувентус.

