Спорт
До крајот на летово Охрид ќе добие атлетска патека
Потпишан меморандум за изградба на модерна атлетска патека во Охрид
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Драган Ѓурчевски, претседателот на Македонскиот олимписки комитет Васил Тупурковски и претседателот на Атлетската федерација на Македонија, Цветко Грозданов, денеска потпишаа Меморандум за соработка за изградба на атлетска патека во Охрид. „Агенцијата за млади и спорт ќе се вклучи во изградбата со сума од околу три милиони денари, средства кои ќе бидат употребени за целосна подготовка на теренот до поставувањето на патеката“, изјави Драган Ѓурчевски. Тој изрази голема благодарност до Македонскиот олимписки комитет кој ја обезбеди атлетската патека како донација и Атлетската федерација на Македонија за целокупниот ангажман и успешната соработка. „Целта е подобрување на условите за атлетичарите, кои во моментов не се најдобри“, истакна Ѓурчевски. Проектот треба да биде готов до крајот на летово. По поставувањето на патеката ќе биде организиран голем Меѓународен атлетски турнир .Ѓурчевски најави дека по завршувањето на изградбата на Северната трибина на стадионот „Филип Втори“ се планира изградба на уште една атлетска патека со осум стази во Скопје..
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Барселона се распрашува за Лирој Сане
Поради тешката финансиска состојба, Барселона летово ќе биде принудена да продава играчи, особено ако сака да донесе звучни имиња од други клубови.
Шпанските медиуми објавија дека Барселона веќе стапила во контакт со Баерн во врска со Лирој Сане.
28-годишен крилен напаѓач е под договор со Баерн и за следната сезона, а „Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на 70 милиони евра. Шпанските медиуми пишуваат и дека Барселона би можела да испрати еден од своите играчи во Баерн и со тоа да ја намали цената на германскиот репрезентативец.
Сане пристигна во Баерн во 2020 година од Манчестер Сити.
Спорт
Надал: Ако немам чувство дека можам да се натпреварувам тогаш нема да играм на РГ
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, по Мастерсот во Рим, ќе донесе одлука дали ќе настапи на вториот гренс слем во сезоната, Ролан Гарос.
Рафа моментално се наоѓа во Мадрид, каде во првото коло убедливо славеше во дуелот со 16-годишниот Американец Дарвин Бланш.
„Реален сум за тоа што се случува. Искрено, играв против играч кој направи многу грешки и ми ги олесни работите. Со најголема почит кон играчот кој има голема иднина, тој направи многу грешки и мечот траеше само еден час. Ова нема да ги смени моите размислувања за Ролан Гарос. Овде нема да донесам никаква одлука, по Мастерсот во Рим ќе ја донесам конечната одлука. Не зборувам за победите, туку за чувството дека можам да дадам се од себе и дека можам да се натпреварувам. Мислам дека ова е логично по се што направив во Париз“, изјави Надал.
Негов следен ривал ќе биде Алекс де Минор, кој го елиминира минатата недела во Барселона.
Спорт
Бруно Гимараеш има посебна клаузула во договорот која важи до 30 јуни
Играчот од средниот ред на Њукасл, Бруно Гимараеш е на мета на бројни клубови, а тој има посебна клаузула во договорот.
Како што откри трансфер-инсајдерот, Фабрицио Романо, од последната недела на мај до крајот на јуни, Гимараеш има откупна клаузула од 100 милиони фунти или 116 милиони евра.
Доколку Бразилецот се договори со некој клуб и тој клуб ја плати сумата, Њукасл ќе биде принуден да го пушти.
Во моментов не се знае дали некој клуб е подготвен да потроши толку пари, но веќе е познато дека ПСЖ покажува интерес за бразилскиот репрезентативец.
Прашање е само дали е реално еден ваков трансфер да се случи пред официјалниот почеток на летниот преоден рок.
Летниот преоден рок стартува на 1 јули.