Свет
САД официјално го затвориja случајот против бин Ладен
Федералниот суд во Њујорк во петокот официјално го затвори случајот против „терорист број еден“ Осама бин Ладен, поради неговата смрт како резултат на операција на американските специјалци во Пакистан, соопшти обвинителството на Јужниот округ.
Федералниот суд во Њујорк во петокот официјално го затвори случајот против „терорист број еден“ Осама бин Ладен, поради неговата смрт како резултат на операција на американските специјалци во Пакистан, соопшти обвинителството на Јужниот округ.Поранешниот лидер на глобалната терористичка организација Ал Каеда првиот беше обвинет пред Федералниот суд во Њујорк во јуни 1998 година под сомнение за вмешаност во нападите врз американските војници во Сомалија пет години порано, во кои загинаа 18 војници. Подоцна против Осама бин Ладен беа подигнати редица други обвиненија, како на пример за вмешаност во бомбашките напади врз американските амбасади во Западна Африка, кога загинаа 240 луѓе, како и за други терористички акти насочени против американските граѓани. Случајот, кој содржи околу 200 точки на обвинението, е затворен поради официјалното барање на канцеларијата на Федералниот обвинител, со кое се потврдува дека врз основа на ДНК анализата – обвинетиот е мртов. Според ДНК анализата на материјалот земен од убиениот на 2-ри мај во пакистанскиот град Аботебад, направена во американската воена база во Авганистан, се докажува дека телото му припаѓало на Осама бин Ладен./крај/ро.сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Нови детали за малата Данка: нејзината ДНК не била пронајдена на автомобилот со кој била удрена
Како што пренесува „Нова.рс“, на ниеден од предметите што биле земени за помош во истрагата не биле пронајдени биолошки траги од двегодишната Данка Илиќ од Србија.
Српскиот портал напиша дека досега се пронајдени повеќе од 400 траги во службеното возило за кое се сомневаат дека го користеле Дејан Драгојевиќ и Срѓан Јанковиќ кога, според нивното признание, го удриле девојчето. Обвинителството пред неколку дена ги доби резултатите од новите вештачења.
„Од внатрешноста на службениот автомобил во Бор се земени повеќе од 500 траги, како и траги од надворешната страна на автомобилот. Досега вештачењата покажаа дека нема трага од ДНК на Данка Илиќ ниту во самиот автомобил ниту на надворешните делови од возилото“, пишува „Нова.рс“ повикувајќи се на Вишото јавно обвинителство.
Медиумот потсетува дека осомничените работници на фирмата „Водовод“ од Бор, Јанковиќ и Драгијевиќ, биле на работна задача на 26 март кога во Бањско Поле исчезна двегодишно девојче. Според признанието на Драгијевиќ, девојчето го удриле со службеното возило, го задавиле и го фрлиле на дива депонија, од каде што два дена подоцна Дејан со својот татко (73) и сега починатиот брат Далибор (40) наводно го преселиле телото на друга, непозната локација.
Телото на двегодишната Данка сè уште не е пронајдено.
Регион
Се урна конструкција на рингишпил, повредени 13 деца, од кои едно е во животна опасност во Куршумлија
Во Куршумлија денеска се случила несреќа кога на локалниот саем се урнала конструкцијата на рингишпилот, пренесуваат српските медиуми.
Според написите, повредени се 13 деца, од кои едно потешко.
Станува збор за девојче, чиј живот е во опасност и има сериозни повреди на главата и ‘рбетниот столб.
Таа била итно префрлена во КЦ „Ниш“ на Одделот за неврохирургија.
Седум деца се во друга болница, каде што во тек е понатамошна дијагностика, а другите деца се полесно повредени, пишуваат тамошните медиуми.
Свет
Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност
Режимот во Киев е прилично непредвидлив, интервенцијата на воените сили на НАТО во украинскиот конфликт на теренот претставува огромна опасност, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Според него, Москва ја смета за крајно провокативна петицијата објавена на веб-страницата на украинскиот лидер Володимир Зеленски, во која се апелира да се поканат странски војници во Украина.
„Сметаме дека ова во најмала рака е крајно провокативно и го следиме многу внимателно“, рече Песков.
Францускиот претседател Емануел Макрон неодамна во интервју за „Економист“ изјави дека не ја исклучува можноста за испраќање војници во Украина на барање на Киев доколку Русија ја пробие линијата на фронтот. Според него, многу земји од ЕУ се согласиле со мислењето на Париз за ова прашање.
Медиумите претходно објавија и дека Франција испратила војници од својата Легија на странци во Украина, пренесува „Танјуг“.